Фан Клуб: Ренова

  • Креатор на темата Креатор на темата Vetrence
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Локација
Somewhere here ...
Фк Ренова-Џепчиште е клуб формиран во 2002 година.Играат во 1 Македонска Лига,своите натпревари ги играат на стадионот во Тетово т.е Градски Стадион Тетово бидејки нивниот во Џепчиште е мал. Прекарот им е ГИПСАРИ.Годинава тие се наши претставници во интертото купот каде за противник ја имаа Фк Ријека од Хрватска. Првиот натпревар на Кантрида Во Ријека заврши со резултат 0-0,додека во реваншот на Градски во Скопје Ренова ја совлада Ријека со 2-0 и помина во 2 коло на Интертото Купот. Темава е за нивните фанови доколко ги има на форумов.
 

Attachments

  • Fk Renova Logo.gif
    Fk Renova Logo.gif
    3,4 KB · Прегледи: 94
Мене ме изненадија!! Мислев дека Ријека ќе ги тепа!
Сеа во второто коло ќе играт со израелскиот клуб Бнеи Шахнин, а ако го помине и него, ќе игра со Депортиво Ла Коруња !
 
И јас се изненадив.Прво на еден форум видов слики од натпреварот и гледам се радуваат.Отворив лајвскор гледам 2-0.Генз Исени два гола.Секоја чест.Колку толко ке го дигнат рејтингот на Мак Фудбалот.
 
Јас бев на натпреварот и ме изненадија со својата игра,стварно одиграа феноменално и имаа уште 3-4 добри шанси,а Ријека беше катастрофална без ниедна зрела шанса освен еден слободен удар што го одбрани Елези
 
Не е никакво изненадување. Риека се немаше амбиции за настап во Интертото купот, па и затоа дојде во Скопје со состав во кој беа изоставени многу првотимци. Е сега со малку среќа може да ги мине и израелците..
 
Е да. Шо подалеку толко подобро за мак фудбалот.
 
брао ренова леј Албанците ги здрвија
 
брао ренова леј Албанците ги здрвија

Колку што знам јас 50% ако не и повеке од тимот се Македонци ... Браво за ФК РЕНОВА пријатно сум изненаден од нив ... нека продолжат така па нека стигнат и до Депортиво ... :)
 
Уште играа тие двајцата црнци за ренова?
 
браво за ренова тк треба да знаат у европа која е македонија :smir::smir: и нека им е со срека
 
Ако идат во 3.коло Депортиво чека од Шпанија е тогас е теско :tv:
 
Колку што знам јас 50% ако не и повеке од тимот се Македонци ... Браво за ФК РЕНОВА пријатно сум изненаден од нив ... нека продолжат така па нека стигнат и до Депортиво ... :)

не се баш 50 % ама има македонци. инаку само да знаете дека во хрватските весници пишувало дека на стадионот се вееле само албаснки знамиња па сега замислете што си имаат во глава за нас. Не ширам омраза само се нервирам кога се преставува Македонија надвор од границите а не се вее наше знаме
 
не се баш 50 % ама има македонци. инаку само да знаете дека во хрватските весници пишувало дека на стадионот се вееле само албаснки знамиња па сега замислете што си имаат во глава за нас. Не ширам омраза само се нервирам кога се преставува Македонија надвор од границите а не се вее наше знаме

Тоа е хрватски комплекс. Кога губат, плачат. Инаку не е битно колку фудбалери се македонци или албанци. Битно е тоа што го претставуваат македонскиот фудбал и го креваат рејтингот.
Нека им е со среќа во второто коло, па да ја гледаме и Ла Коруња на Градски.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom