Гласај: Бојкот на Охридскиот туризам: Сложно, да "неидаме"!

Чисто да се преброиме, колку луѓе се подготвени да го бојкотираат.


  • Вкупно гласачи
    247
Статус
Затворена за нови мислења.

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Цените НЕ се толку високи, ниту набиени, ниту напумпани.
Туристички град е. Мора да биде поскапо.
А јас гарантирам дека е и поефтино од Скопје.

Цените се сосема пристојни.
 

DarkWalker

Think globaly , Act Localy!!!
Член од
4 февруари 2006
Мислења
1.209
Поени од реакции
70
Па ја тоа се обидувам да го кажам цело време дека не е ништо којзнае колку скапо , а и да се покачени некои цени 20-30 денари шо ти менуваат ? една пакета орбит у пм :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.204
Поени од реакции
34.441
Цените,НЕ се толку високи,ниту набиени,ниту напумпани.
Туристички град е.Мора да биде поскапо.
А јас гарантирам дека е и поефтино од Скопје.


Цените се сосема пристојни.
Иако воопшто темата не е за цените (туку за односот), ова е убедливо најсмешниот пост на темава :pos2:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Иако воопшто темата не е за цените (туку за односот), ова е убедливо најсмешниот пост на темава :pos2:
Не е најсмешен.
Кока Кола - 70
Макијато - 60 - 70
Тост - 60 денари

Тоа не е скапо.

За лежалки и слични работи не дискутирам. Зборам за пиењето и јадењето.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Каков бојкот, какви глупости. Последниот викенд што го поминав во Охрид ми беше прекрасен, и замислете-услугата беше супер.:tv:

Бидејќи за одмор правам планови за странство, Охрид ми останува да го посетам на уште неколку викенди за време на летото, и сигурна сум дека топ ќе биде.:smir:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.204
Поени од реакции
34.441
Каков бојкот, какви глупости. Последниот викенд што го поминав во Охрид ми беше прекрасен, и замислете-услугата беше супер.:tv:

Бидејќи за одмор правам планови за странство, Охрид ми останува да го посетам на уште неколку викенди за време на летото, и сигурна сум дека топ ќе биде.:smir:
Ама ти беше со екипата на Exclusive, затоа имаше ексклузивен третман :icon_lol:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
1.Во туристички центар, како што го претставуваме (каков што САКАМ да го видам Охрид) надвор од Македонија,
муштеријата е секогаш во право, крај, точка, финито. Ама не ви одговара тоа, не можете да бидете професионални,
за да евентуално ја слушнеме реченицата - ‘Ако не ви се иде, не идајте‘.. Големо малограѓнство.
Знаете, некои луѓе ќе успеат да излезат од село. Но не vice versa.
Секој човек треба да биде среќен кога некој ќе му пријави недостаток. Побрзо да го поправи, да ‘закрепне‘ и да продолжи
колку е можно повеќе без (истите) грешки.
Глава ѕид не крши, така да, прстето кон себе малце, и огледалото. МОЖЕБИ и ние сме делумно во право.

2.Квалитетна дискусија осетив од Serpico, кој (како Охриѓанец) не може директно да застане на наша страна,
а знае дека ‘Нешто Е Труло Во... ОХРИД‘. Те разбирам комплетно, не мора да ми вратиш на ова.
Ама да знаете, колку порано почнете вие да ги осудувате ‘вашите‘ (ОЧИГЛЕДНО сме поделени на наши и ваши)
толку побрзо се ќе се подобри. Луѓе да САКААТ да одат во Охрид да речат, ем прекрасно езеро (за кое збор немам, и
како град е (еден од) најубав(ите) во Македонија), ем културни, ем се.
1. Aко постои комплекс на пониска вредност, несомнено е пропратен од комплекс на повисока вредност. Научен сум да не барам вина кај другите, пред него кај себе. Ама дека треба да се правиме слепи и притоа едни конкретни примери кои ни одат во полза на тезата да ги форсираме, а други кои не ни се во полза да ги игнорираме - не се согласувам. Не мора да бидеме новинари... Еве каде е, ќе почнат и тие да пишуваат за помор на пастрмката, за лошата вода, за сијалиците од 20 вати кои не служеле за читање ами само за спиење и така натака.

2. Серпико е доволно доблесен да каже дека знае за фалинките и маните во својот роден и најсакан град. Серпико, исто така нема обичај да јаде бурек на велико за вториот најсакан град во кој живее и студира, иако и нему му ги знае фалинките и маните. Не дека не сакам Скопје да оди напред, само не сум in the mood за бојкот - најсмешниот збор неделава.

3. Бранко Огњановски и Васко Тодоровски смеат зошто им стои и знаат како: да користат охридски начин на изразување. Твојата варијанта е траги-комична бидејќи знам шо цел има бе пеер шо сака да каже афторот со тоа. Кај шо не го бива, не се плеткај.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
265
Поени од реакции
18
ti si mi najsmesen na temava bate!!!
samo idioti generaliziraat!!!!! segde ima i loso i dobro!!!!
PS za acid bese postov
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Во Касапчe:
Хамбургер 60
Тост 40 (појачан 50)
Во Палма сендвичарана:
Хамбургер 70
Тост 40 (појачан 50)

Во сите маркети цените се исто како и во Скопје; макси, кам, Тинекс, Хедис...

Ама то е, некој од вас живеат на голема нога, и одат нормално во Пинк Пантер кај што Хамбургер е 100че итн..
Цените се супер за туристичко место.
Тамарче речи им на газдиве од Скопје шо имаат шанкови тука и маркети.
 
Член од
21 март 2008
Мислења
7
Поени од реакции
1
Ти стварно ме провоцираш со глупи фори или се правиш глуп со сила?

Јеби га бе брат, на море ќе одам. И поголем патриот сум од тебе. Кога сакаш ќе си ги мериме на патриоска база, мал ти е од раѓање, а сите апчиња за зголемување се измама.

aman be sto taka tolku patriot ili do avtoritetot na forumov e ???
pa delime banovi komu sakame ako ne soglasuva so nas
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
@Acid
Па мора плажите некои ебачки имиња да имаат,за да можат странците полесно да ги изговорат зашто нели :smir:од нив ги праеле парите... а не од скопјанчишчана шо само се ЦЕНКАТ !
Ваквите како тебе се една од причините за гневот на туристите кон вашиот град. Само не секој може објективно да гледа и да го сфати тоа.

Па бојкот на Охрид е темава, а не на охридските услуги..Тамарче, ја сакам да пијам Кока Кола од 70, хамбургер од 100 и една посрана палачинка од 150?
Не Точкест, ама според гужвата шои е настаната овде преку лето ми се чини дека цела Македонија е дојдена.
Мартин, ако не сакаш кока кола од 70, хамбургер од 100 и посрана палачинка од 150, зошто и ти не сфаќаш што е поентата тука? Или мора да се држиш до твоето, без оглед какво е?

Иначе Боби ... ќе биде многу подобро кога нели и ти нема да си земаш лично се` што тука се кажува за Охрид. Никој тебе не ти се фрла и не ти замерува. А кога го браниш тоа што не е во ред, навистина не си фер.

Јас на пример, барем откако си на факс, повеќе време поминувам во Охрид од тебе. Затоа мислам дека повеќе ги знам работите и појасно можам да ги согледам.
Од што да ти почнам ... еве вака ...
Одам Охрид кога не е сезона и секаде сум послужена и примена најкултурно и најфино. Неможе човек бакшиш да не остави на тоа од што е добро. Кога доаѓа лето, на истите места, истите луѓе се однесуваат многу поладно, многу поидиотски, како прв пат да влегувам кај нив. Да не коментирам за сметките ... на 1 Јуни за истите работи на истото место плаќаш дупло повече од претходниот ден, што е преглупаво.
И да се навратам ... предност имаат сите други што не зборуваат македонски и околу кои келерите трчаат како муви без глава. Зошто е тоа така? Зошто тука нема патриотизам? Затоа што повеќе по некое непишано правило мора да се испоштоваат странците, отколку јас која сум тука цела година? Тие оставаат пара на лето, ама од мене живеат кога не се тие тука. Не е во ред тоа, нели?
Друго ... ете вчера конкретно, одиме за Охрид, требаше да се најдеме со друштво. До таму стигнавме за 8 минути (брзавме), а таму веќе заглавивме дваесеттина минути за да најдеме паркинг. И тоа не некој што не се плаќа ... влеговме таму после рампата, имаше жетони, а паркинг никаде! Во ред е и тоа жити се`? Ако е се` преполно и се дави во гужва, барем нека не пуштаат повеќе, нека имаат малку осет одговорните.
Во врска со паркинг местата кои се плаќаат, еве и нешто друго ... ако платиш за еден час, а останеш час и пет минути, ти бараат да доплатиш уште како за еден час. Ако паркираш и платиш за еден час, а се вратиш за пет минути, не ти враќа кусур, а и арогантно ти се понашаат кога ќе прашаш зошто е тоа така. Тоа златен Боби е идиотизам на кило. И тебе да ти се случува тоа исто ќе реагираш, многу јасно.
Да не општам и други детали, еве да си погледнам во мојот двор. Јас никогаш не сум кажала дека Струга е посредена од Охрид. Нема што да се правам слепа и да тврдам нешто што не е така. Факт е дека ако некој озбилно се фати за работа и ја среди, (првенствено плажите) ќе биде милион пати поубава од што е сега. Мене тоа ме нервира и нема да го негирам ако некој ми го плесне во фаца. Но, ќе ме изнервира ако некој каже дека тука услугата е лоша или цените астрономски, дека тоа нема да е точно.
А да, ме нервира и кога ќе прочитам дека некој не доаѓа затоа што не знае што ќе прави со "Албанците", но што да им правам на таквите ... нема да им кажам дека нема Албанци тука, но можам да им кажам дека градов и со тој факт е мирен и добар и дека многу подобра услуга ќе добијат токму во албанските угостителски објекти.

И за крај, мислам дека ќе ме прашаш што мајка барам во Охрид, кога толку работи не ми чинат, па да ти одговорам.
Преку зима одам затоа што имам свои причини, меѓу кои и таа главната дека тогаш луѓето навистина се поинакви. Преку лето одам затоа што доаѓаат многу луѓе со кои сакам да сум, а нејќам да им се мешам во изборот каде ќе се сместат или да не ги видам само затоа што дошле во Охрид, а не во Струга.
Значи јас неможам да не одам, но можам да си го ставам потписот на Мистичен, па за тие што се двоумат, да им го препорачам и мојот град, во кој би поминале покулирачки одмор со ете, дупло помалку пари.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
aman be sto taka tolku patriot ili do avtoritetot na forumov e ???
pa delime banovi komu sakame ako ne soglasuva so nas
Аман бе па ти, што толку авторитет комплекс.

Банови се делат за селски фори кога се нема аргументи.

И со тебе се читаме од септември.
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Па ќе одам касапче и на други поефтини места. Иако претходно одев на места кај шо сега се скапи а беа исто како и другите.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Во Касапчe:
Хамбургер 60
Тост 40 (појачан 50)
Во Палма сендвичарана:
Хамбургер 70
Тост 40 (појачан 50)

Во сите маркети цените се исто како и во Скопје; макси, кам, Тинекс, Хедис...

Ама то е, некој од вас живеат на голема нога, и одат нормално во Пинк Пантер кај што Хамбургер е 100че итн..
Цените се супер за туристичко место.
Тамарче речи им на газдиве од Скопје шо имаат шанкови тука и маркети.
Па кај да идат ако не у пинк пантер бе ?? Едно златно јајце имаше.... и го затворија ... кај да идат ? Или у пинк пантер или таму кај лажните лесковачки роштиљи кај Дак кафе и остали ....
Што лупаш сега глупости и ти ? Ко прво никој шо живее на Голема ного ко шо викаш нема да се бламира и да чека 20минути за едно лепче со пелскавица .... Тие брат ,си јадат у Момир и осталите рибни ресторани .....
И што има везе дали скопјани држат шанкови или не ??
Не мрчиме тука 20страни само за цените по шанковите на плажа ....
Кај наоѓате макијато за 70денари бе ? Ја у Скопје поише од 60денари за макијато неам платено ... али тоа ми е ... сигурно не сум идел по монденскине кафичи а ?
 

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Не одам во Охрид на одморзатоа што имам лоши искуства. За мене лично не го бива.
Л-и-ч-н-о.

И бај д веј, правете бојкот на одреден кафич, келнер, сендвичара, плажа, а не на цел град! Моето семејство заработува од туристи, а итекако ги има заслужено парите! Мислам дека имате повеќе акал од тоа да бојкотирате низ цел форум, кој колку толку е доста читан од цела Македонија. А јас што да речам што ми почина многу добар другар и соученик ради шо група скопјани му фрлаа камења по куќата и на крај го претепаа кога тој излезе да им рече да си одат, во 4 сабајле?! Да го бојкотирам цело Скопје? Да делам флаери низ градот како треба да се однесуваме? Ништо не постигнувате со ова бидејќи има многу поголеми фактори и проблеми за решавање во нашево општество, отколку некое склеротично старче кое ви бара 50 денари за слика која сама сте ја направиле.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom