@Acid
Па мора плажите некои ебачки имиња да имаат,за да можат странците полесно да ги изговорат зашто нели :smir:од нив ги праеле парите... а не од скопјанчишчана шо само се ЦЕНКАТ !
Ваквите како тебе се една од причините за гневот на туристите кон вашиот град. Само не секој може објективно да гледа и да го сфати тоа.
Па бојкот на Охрид е темава, а не на охридските услуги..Тамарче, ја сакам да пијам Кока Кола од 70, хамбургер од 100 и една посрана палачинка од 150?
Не Точкест, ама според гужвата шои е настаната овде преку лето ми се чини дека цела Македонија е дојдена.
Мартин, ако не сакаш кока кола од 70, хамбургер од 100 и посрана палачинка од 150, зошто и ти не сфаќаш што е поентата тука? Или мора да се држиш до твоето, без оглед какво е?
Иначе Боби ... ќе биде многу подобро кога нели и ти нема да си земаш лично се` што тука се кажува за Охрид. Никој тебе не ти се фрла и не ти замерува. А кога го браниш тоа што не е во ред, навистина не си фер.
Јас на пример, барем откако си на факс, повеќе време поминувам во Охрид од тебе. Затоа мислам дека повеќе ги знам работите и појасно можам да ги согледам.
Од што да ти почнам ... еве вака ...
Одам Охрид кога не е сезона и секаде сум послужена и примена најкултурно и најфино. Неможе човек бакшиш да не остави на тоа од што е добро. Кога доаѓа лето, на истите места, истите луѓе се однесуваат многу поладно, многу поидиотски, како прв пат да влегувам кај нив. Да не коментирам за сметките ... на 1 Јуни за истите работи на истото место плаќаш дупло повече од претходниот ден, што е преглупаво.
И да се навратам ... предност имаат сите други што не зборуваат македонски и околу кои келерите трчаат како муви без глава. Зошто е тоа така? Зошто тука нема патриотизам? Затоа што повеќе по некое непишано правило мора да се испоштоваат странците, отколку јас која сум тука цела година? Тие оставаат пара на лето, ама од мене живеат кога не се тие тука. Не е во ред тоа, нели?
Друго ... ете вчера конкретно, одиме за Охрид, требаше да се најдеме со друштво. До таму стигнавме за 8 минути (брзавме), а таму веќе заглавивме дваесеттина минути за да најдеме паркинг. И тоа не некој што не се плаќа ... влеговме таму после рампата, имаше жетони, а паркинг никаде! Во ред е и тоа жити се`? Ако е се` преполно и се дави во гужва, барем нека не пуштаат повеќе, нека имаат малку осет одговорните.
Во врска со паркинг местата кои се плаќаат, еве и нешто друго ... ако платиш за еден час, а останеш час и пет минути, ти бараат да доплатиш уште како за еден час. Ако паркираш и платиш за еден час, а се вратиш за пет минути, не ти враќа кусур, а и арогантно ти се понашаат кога ќе прашаш зошто е тоа така. Тоа златен Боби е идиотизам на кило. И тебе да ти се случува тоа исто ќе реагираш, многу јасно.
Да не општам и други детали, еве да си погледнам во мојот двор. Јас никогаш не сум кажала дека Струга е посредена од Охрид. Нема што да се правам слепа и да тврдам нешто што не е така. Факт е дека ако некој озбилно се фати за работа и ја среди, (првенствено плажите) ќе биде милион пати поубава од што е сега. Мене тоа ме нервира и нема да го негирам ако некој ми го плесне во фаца. Но, ќе ме изнервира ако некој каже дека тука услугата е лоша или цените астрономски, дека тоа нема да е точно.
А да, ме нервира и кога ќе прочитам дека некој не доаѓа затоа што не знае што ќе прави со "Албанците", но што да им правам на таквите ... нема да им кажам дека нема Албанци тука, но можам да им кажам дека градов и со тој факт е мирен и добар и дека многу подобра услуга ќе добијат токму во албанските угостителски објекти.
И за крај, мислам дека ќе ме прашаш што мајка барам во Охрид, кога толку работи не ми чинат, па да ти одговорам.
Преку зима одам затоа што имам свои причини, меѓу кои и таа главната дека тогаш луѓето навистина се поинакви. Преку лето одам затоа што доаѓаат многу луѓе со кои сакам да сум, а нејќам да им се мешам во изборот каде ќе се сместат или да не ги видам само затоа што дошле во Охрид, а не во Струга.
Значи јас неможам да не одам, но можам да си го ставам потписот на Мистичен, па за тие што се двоумат, да им го препорачам и мојот град, во кој би поминале покулирачки одмор со ете, дупло помалку пари.