Dr_ViRuS
DarkSide with green light
- Член од
- 9 јануари 2006
- Мислења
- 1.076
- Поени од реакции
- 28
Нимиц на граница дочекан со протестен собир
„Добредојдовте во Македонија“, „Јас сум Македонец“, „Ова е Македонија“. Со овие пароли околу 20-ина гевгеличани го пречекаа посредникот во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц синоќа на граничниот премин Богородица, на македонско-грчката граница.
Протестниот собир, како што изјавија учесниците, бил организиран спонтано, откако дознале дека Нимиц преку овој граничен премин ќе влезе во Македонија.
„Овој протест тука господинот Нимиц дали ќе го забележи или не, ние излеговме да се солидаризираме со сите граѓани на Македонија“, рече Ванчо Лазаров, учесник на собирот.
„Јас мислам дека секој граѓанин на Македонија е со полно срце дека ако му се земе името, се зема идентитет и се. Името, мое мислење, никогаш нема да загине. Тоа е едно име и ќе си стои Македонија“, вели Лазаров.
„Јас мислам дека не е добро да се прави проблем од нешто што не би требало да биде проблем. Македонија била, е и ќе биде засекогаш“, изјави Јован Бундов, учесник на собирот.
Метју Нимиц синоќа околу 22 часот го помина граничниот премин Богородица, по средбите што ги имаше во Грција.
На телевизиските екипи полицијата не им дозволи да го снимаат влегувањето на Нимиц на граничниот премин и неговото поминување покрај учесниците на собирот, со образложение дека претходно не биле пријавени.