Секоја чест на Македонците - спонтан собир на граница

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
Нимиц на граница дочекан со протестен собир


„Добредојдовте во Македонија“, „Јас сум Македонец“, „Ова е Македонија“. Со овие пароли околу 20-ина гевгеличани го пречекаа посредникот во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц синоќа на граничниот премин Богородица, на македонско-грчката граница.
Протестниот собир, како што изјавија учесниците, бил организиран спонтано, откако дознале дека Нимиц преку овој граничен премин ќе влезе во Македонија.
„Овој протест тука господинот Нимиц дали ќе го забележи или не, ние излеговме да се солидаризираме со сите граѓани на Македонија“, рече Ванчо Лазаров, учесник на собирот.
„Јас мислам дека секој граѓанин на Македонија е со полно срце дека ако му се земе името, се зема идентитет и се. Името, мое мислење, никогаш нема да загине. Тоа е едно име и ќе си стои Македонија“, вели Лазаров.
„Јас мислам дека не е добро да се прави проблем од нешто што не би требало да биде проблем. Македонија била, е и ќе биде засекогаш“, изјави Јован Бундов, учесник на собирот.
Метју Нимиц синоќа околу 22 часот го помина граничниот премин Богородица, по средбите што ги имаше во Грција.
На телевизиските екипи полицијата не им дозволи да го снимаат влегувањето на Нимиц на граничниот премин и неговото поминување покрај учесниците на собирот, со образложение дека претходно не биле пријавени.
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Bravo samo ne gevgelicani site treba i sekade ..............
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
zdravoto tkivo na makedonstinata ostanuva sekogas zdravo , go podrzuvam i pozdravuvam sobirot i voedno apeliram na se pogolema nacionalna svest kaj sekoj posebno.

da zivee MAKEDONIJA
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Браво Македонци!
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.612
Поени од реакции
5.279
Вака треба..Браво Македонци, браво...Националното богатство не е играчка...Македонија на Македонците!
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
27
Сепак се најдува по некој потомок на Леонид и во Гевгелија.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
МИРЕН ПРОТЕСТ ПРЕД ГРЧКАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ВРСКИ ВО СКОПЈЕ

Граѓанската иницијатива „Граѓански ТИМ“, поддржана од невладини организации, јавни личности, средношколци, студенти и граѓани на Република Македонија денеска одржа мирен протест пред грчката Канцеларија за врски во Скопје.
На протестот собраните го изразија револтот против, како што изјави Игор Стојчески, член на иницијативата, континуираната и значително интензивирана антидемократска, дискриминаторска политика која грчката дипломатија ја води против идентитетот и постоењето на македонскиот народ.

- Следејќи ја состојбата на негација и омаловажување на македонскиот народ, култура и држава од страна на нашиот јужен сосед, одлучивме да ги интензивираме своите активности со цел зачувување на македонскиот идентитет и култура. Соочени сме со изјави од страна на Грција кои ни од далеку не се изјави за добрососедство, соработка, помош, туку се откривање на вистинското лице на земјата и нивните намери кои сакаат да уништат се што е македонско и трајно да го дестабилизираат Балканот, рече Стојчески.

Тој истакна дека јасно е оти Грција никогаш нема да го прифати постоењето на македонскиот народ и држава.

- Нашиот сосед продолжува со поттикнувањето на провокативни активности. Затоа, чувствувајќи го пулсот на граѓаните, преку нашата иницијатива сакаме да ги повикаме сите граѓани на Македонија кои го носат истото чувство и револт да ни се приклучат и поддржат во засилување на граѓанскиот отпор кон притисоците и провокациите на Грција и да почнеме со нескриен бојкот на се што е дело на нашиот јужен сосед, додаде Стојчески.

Во наредниот период од граѓанската иницијатива најавија организирани трибини на кои ќе се зборува за актуелните случувања во спорот со името со Република Грција.


---------------------------------------------


БИТОЛЧАНИ ПРОТИВ ГРЧКАТА ДРЖАВНА ПОЛИТИКА
МИРЕН ПРОТЕСТ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН МЕЏИТЛИЈА


- Протестот ќе се одвива секој ден во периодот од 9 до 12 часот до 1 јули. Овој протест не е насочен кон обичните граѓани на Република Грција, туку кон политиката што нивниот државен врв ја води кон Република Македонија, изјави Александар Јаневски, член на НВО „Линк“ од Битола.

НВО од Битола бараат развој на пограничната соработка, а не воена вежба каква што деновиве се подготвувала во близина Лерин.

- Сакаме граѓаните на Битола и Македонија да си го сочуваат своето достоинство и да не вложуваат односно да не ги трошат своите пари во Грција во претстојниов период, порача Јанески, член на организацискиот одбор на денешната средба со новинарите.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Ова од Гевгеличани НЕ МИ СЕ ВЕРУВА ЕЈ!:vozbud:

Луѓе на прав пат сме, чим во Гевгелија се јавува поголем број на патриоти, Македонија може мирно да спие.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Браво, така треба. А бе немам начекано некој грк да помине низ Ресен. На дукан чувам метла, одма ќе го застанам да ми смети во дворот инаку нема поминување. И кога ќе зафрши работа ќе му залепам некоја етикета.
Ако не сака да мети, ќе добие бастунаре!
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Браво!
Има Македонци!
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
ај ај еве се будиме... ќе биде и од нас нешто... па уште со оглед на тоа што дошло спонатно од гевгеличани кои имаат најголем ќар од циганине.. на прав пат сме
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Гледате како 10-50 луѓе можат да кренат притисок. А да бевме поорганизирани далеку посилни ќе бевме.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Гледате како 10-50 луѓе можат да кренат притисок. А да бевме поорганизирани далеку посилни ќе бевме.
Браво за идеата, но како што пиша 10-50 е бројка ама малку е. За тоа треба да се собереме сите 2 милиони само во Македонија не има, а не знам колку не има надвор. Дај да се собереме како пред неколку месеци пак. Сега е времето кога се заоструваат преговорите сега треба најголема подршка да покажеме, на 40 степени да излезе цела Македонија да се избори за името
 

Kajgana Shop

На врв Bottom