Баш е кул, зарем не

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
За да ја објаснам темава ќе се послужам со еден цитат:

За модерност викаш дека мора да се има девојка.... Хммм не. Кул е и да си сингл.

Ме интересира зошто се користат туѓите размислување за да се постават сопствените граници.Зарем самите незнаете што е најдобро за вас во одреден период?
Читам и по други теми,кул е ова,кул е она.Кул е да се има девојка,кул е да се оди со друштво на одмор,кул е да си геј,кул е да ебеш многу особи.Дури и во љубовта почнаа да се наметнуваат трендовски решенија,кул е да имате слободна врска,кул е да излегувате разделени,кул е да имате врска со некој од ист пол,кул:)
Зарем ако се фрли некој од стокатница сите треба по него?Зарем современите текови,ви ги менуваат сопствените граници?
Ништо не е кул,ако тебе не те прави среќен:wink:

п.с.ме нервира зборов
 
Никогаш трендови не сум поштовала... ќе почнам од тоа кога сите се облекуваат во исти бои, модели, чевли итн... се како униформа и се затоа што тоа е трендовско и во мода.... е сега пак ова може да се прогледа низ прсти сепак е начин и стил на носење и држење на телото,
Арно ама со љубовта, врските и сите тие станици на емотивни чувства , каде што треба срцето и душата да ти се веселат и да им биде многу пријатно, е тука се се става едно големо СТОП, абре каков тренд е тоа да имаш дечко/девојка или пак мода е да сакаш некого, а не го чувствуваш тоа во себе? Навистина ама ич неми е јасно, абе ако некого не го сакам, неможе да ми биде ништо повеќе од познаник и соговорни и во најголема рака пријател подалечен, но да бидам со него во врска за да бидам во мода(ќе излезе онаа*да го пушиш под вода* се извинувам на изразот)??? Не сум таков човек или сакам некого и давам се од себе и максимумот за да возвратам на се што добивам од него, грижата, љубовта, нежните моменти со нив и интимните... се предавам скроз и не штедам, нема зошто кога го сакам, и кажувам јавно, јасно и гласно, а за трендовска или модерна да бидам нема теоретски шанси да бидам со некого, и баш ми е криво што постои такво нешто , со кое се гази вистинското име на љубота со кое се крши чувството да сакаш и да те сакаат со цело срце, не од луд бес и мода!
 
Kul ili ne kul.Mislam deka poveketo koi go upotrebuvaat zborot "kul" i samite nemaat pojma so znaci,tuku go cule vo nekoj film,go procitale vo nekoe spisanije.Ja mislam deka treba zivotot da si go ziveeme po nasi pravila i propisi ,a ne po pravila nametnati od modni magazini,glupi serii i nekoi si trendovski tekovi.Ocigledno "Fensi" facite nemaat niso svoe pa celiot zivot e nekoja si kopija od nekoj drug
Pozdrav
 
Па и јас се прашувам зошто да се гледа така на работите.
Примери: Кул е да се трча по зафатен, кул е да се биде бесчувствителен игнорант, кул е да мењаш партнери ко чорапи, кул е да се залапаш со некој од ист пол, кул е да се прават тројки, кул е да почнеш да мастурбираш од петто.
Ај сеа за некул: некул е да му/и кажеш дека го/ја сакаш, некул е да правиш компромиси, некул е да ја зборуваш вистината.
Не ме фаќајте за збор сеа, ова се само разни мислења на одредени луѓе за она што е (не)кул, се` собрано тука.
Лично мислам дека секој треба да се води по своите желби, потреби и чувства, а не да следи некаквиси трендови од проста причина: Зар дошло време кога некои т.н. трендови ќе ги водат луѓето и во меѓучовечките релации? Посебно кога ќе се помисли од какви умови и несозреаност можат да потекнат тие т.н. трендови...
 
Ме интересира зошто се користат туѓите размислување за да се постават сопствените граници.

Кул е ич да не те боли курот што мислат другите, и да си го ладиш онака како што ти сакаш да ти биде изладен :)

или да си ја ладиш.. нели? :smir:
 
Ме интересира зошто се користат туѓите размислување за да се постават сопствените граници.Зарем самите незнаете што е најдобро за вас во одреден период?
Многу често размислувам на оваа тема, што е толку добро да “копираш“ некого?
Еве глуп пример, облекла Парис Хилтон “златни“ чизми и бргу сите златни чизми, кул е тоа...и кој ќе видиш сите ко у еден калап да се правени. Глупости!

Никогаш не сум го сфаќала ова, зашто луѓето прават нешто, што некој друг направил, и сега сите мислат дека тоа е кул. Мене ми е глупаво.

Јас се трудам да бидам оригинална, не да правам како другите. Си носам што мене ми одговара и во што се чувствувам удобно. Гледам како мене како ми одговара, а не на другите како им одговара. Гледам да си се чувствувам удобно во својата кожа, макар и да правам се обратно :)

И токму така
Ништо не е кул,ако тебе не те прави среќен:wink:
:smir:
 
Ако имитираш некого како прави, тоа веќе не е кул. Прави си тоа што те прави среќен и што те исполнува, тоа ќе биди кул. :)
 
Ништо не е кул,ако тебе не те прави среќен:wink:
Колку си во право.
Ама за жал, на денешницава ретко кој гледа на таков начин на работите. Сите се замараат со тоа што ќе рече народот за нив. Затоа и сакаат да бидат кул. Кул е да се оди со друштво на одмор?! - Ајде сите ќе ги расипуваме врските. Кул е да се носат тие "смешни" блузи?! - Епа кул е, колку и да се смешни, ќе ги носиме. Никој не се цени доволно сам себеси, и поради тоа често се случува луѓето да потпаѓаат под туѓо влијание, и да прават непромислени работи, за да бидат кул, а уствари се далеку од кул.
 
п.с.ме нервира зборов
Оти бе,баш е кул:)
Прилично е едноставно.Кругот се врти.
Работите што биле кул порано,сеа се шит(зборуам во општествени размери).
И обратно.Едноставно,така функциораат луѓето,се менуваат со секоја сезона.Можеби е до климата.
Сега е кул,да се плука по се она,кое до пред некое време се сметало за крем де ла крем во кул-културата.Ќе дојде време,коа ќе се плука по плукањето и блаблабла,дрндрндрн натаму,да не објаснуам,ју гет д поинт...
Едноставна клише порака:Правете го тоа,што ви причинува задоволство.Бидете хедонисти на крај.Или adrenalin junkeys.Или било шо.As long as it makes you happy...and doesn`t harm anyone:).
 
Не дека сите го сметаат за кул мувањето со секоја втора, поседување убава кола, облекување во фенси продавници итн, туку ја одбираат полошата варијанта и се прават дека им е тоа кул за да бидат прифатени од друштвото, да не бидат исмевани поради тоа што навистина се.
За разлика од она ЈАС кое постоело, сега се` повеќе и повеќе тоа се претвора во едно шаблонско ЈАС на сечие постоење на денешната младина, кое го диктира “најмангупот’ во друштвото ( само нека ми објасни некој како воопшто се избира таков... ).
Наместо ЈАС да е склоп на сопствениот интелект, мислења, умеења, дела, доблести и мани, да е уникатно, да е навистина ЈАС, а не некој друг, тоа е едно извештачено и патетично НЕКОЈ ДРУГ ВО МЕНЕ.

И не е само во поглед на мување, ебење, менување на женски/дечковци како чорапи, туку се раширува се` повеќе во секоја сфера на животот и ги тера луѓето да го поттиснуваат она што ги прави уникатни и да живеат во страв дека ќе бидат отфрлени ако не се убаво облечени, ако немаат секоја вечер по 5000 во новчаник, ако немаат добар мобилен.

Никогаш не сум била нечиј роб, ниту пак ќе бидам. Сакам да чувствувам дека сум во мојата кожа и дека го живеам мојот живот како што јас сакам, па мајку му, еден ми е, нема да го потрошам правејќи нешто што не сакам и што ќе ми створи само моментално задоволство.
Не потпаѓам под туѓо влијание, што и да е сакам да го направам зашто јас така сум решила, па и да се изгорам ќе знам дека јас сум одбрала да е така.

Подобро да не ме сакаат поради тоа што сум, отколку да ме сакаат поради нешто што не сум.
 
Да признаам,некогаш си следам “трендови“,на пример се носат скејтерки,и мене ако ми се допаѓа си носам,заш да не.
Ама тренд у љубов,или што и да е поврзано со чувства не може никој да следи,колку и да се преправа дека го следи.
Имавме јас и другарка ми едно време “тренд“ наречен нема фаќање дечковци,ама тоа ни беше зафрканција меѓу нас,не значи ајде сега ако таа не фаќа нема ни јас да фатам,колку и да сакам да го следам “трендот“ и колку и да е кул,ако дојде тој што го сакам можам да го одбијам?
Џабе се прават сите модерни,кога станува збор за чувства не можеш да ги негираш,игнорираш и да се опираш,колку и да не е кул тоа.
 
За да ја објаснам темава ќе се послужам со еден цитат:
Saladin напиша:
За модерност викаш дека мора да се има девојка.... Хммм не. Кул е и да си сингл.



Ме интересира зошто се користат туѓите размислување за да се постават сопствените граници.Зарем самите незнаете што е најдобро за вас во одреден период?
Читам и по други теми,кул е ова,кул е она.Кул е да се има девојка,кул е да се оди со друштво на одмор,кул е да си геј,кул е да ебеш многу особи.Дури и во љубовта почнаа да се наметнуваат трендовски решенија,кул е да имате слободна врска,кул е да излегувате разделени,кул е да имате врска со некој од ист пол,кул:)
Зарем ако се фрли некој од стокатница сите треба по него?Зарем современите текови,ви ги менуваат сопствените граници?
Ништо не е кул,ако тебе не те прави среќен:wink:

Хмммм погрешно се изразив изгледа:kesa: Поентата ми беше како што вика Maweчко - Не мора да си поставиш сега некоја цел пример: „Леле сега сите имаат дечковци, девојки па и јас мора да имам затоа што тоа е модерно или кул.“ Подобро биди тоа што си па макар и малку надвор од трендот (не оти ме интересира нешто кога е ин) отколку да бидеш тоа што не си а да го пратиш тоа што е модерно. Сепак поубаво ќе се чувствуваш кога си во своја кожа.
 
Насловот на темава е како наслов од тин шема текст за облека:):)
Сега сериозно, истовремено е и жалосно и страшно ова со „кул моментиве“. Тргнувам од кај мене дома - сестра ми има 13 години и кај неа во друштво за да си шема треба да си шарен, да се облакаш во Рокси и Меднес и да муваш скејтери (ова е најдобриот момент). Значи настрана од тоа што повеќеслојното шарено облекување е надвор од мода бар 10 години, од тоа што Рокси и Меднес ја имаат најнеженствената линија на женска облека и што скејтерите се фејк (лол) - во тоа нивно друштво е така:) И сите се исти, и сите се среќни... И кога се обидувам да и објаснам дека не е интересно да си како другите, она не може да ме сфати затоа што никој од нејзиното друштво не прави ништо поразлично...
Ова е кај децата, значи на некои 12,13, 14 години..
Е после - кога ќе пораснат само се менуваат урнеците за тоа што е кул и фенси.
Значи - кај постарите девојки е кул да имаш совршено тело, да си нашминкана, со фризура, дотерана, да бидеш видена во најфенси местата во градот, со најфенси типците во градот кои нормално - имааат најфенси кола во градот. И тогаш си закон. Или пак - друг урнек - да немаш дечко, да скокаш од тип на тип и да после се расфрлаш со искуства низ друштвото... Има и други, ама сите тие само го покажуваат жалното ни окружување и изгубената индивидуалност кај младите...
Многу е полесно да си ист како сите останати за да бидеш прифатен. И тоа не само што ќе си прифатен туку ќе бидеш и КУЛ!:)
Не следам трендови доколку сметам дека се ретардирании (не зборувам за облека туку за љубовта). Не сум сингл зашто е тоа кул, не бркам зафатени типци зашто е тоа кул, не се мувам со жени... И пак сум покул од сите „кул цури“ кои парадираат носејќи нечија туѓа маска:) Бар кога ме запознава некој дечко - тоа сум јас и од старт давам основа за да си сфати дали има 'рбет за да ме издржи или нема:)
 
Читам и по други теми,кул е ова,кул е она.Кул е да се има девојка,кул е да се оди со друштво на одмор,кул е да си геј,кул е да ебеш многу особи.Дури и во љубовта почнаа да се наметнуваат трендовски решенија,кул е да имате слободна врска,кул е да излегувате разделени,кул е да имате врска со некој од ист пол,кул:)
Баш си во право за муабетов. Луѓе за да бидат кул во други очи и да не се двојат најчесто прибегнуваат кон прифаќање на ситуации кои не се добро размислени дали се најдобри и најприфатливи. И после извесно време ги промовираат, се трудат да ги наметнат, убедуваат дека тој начин е најдобар.
Или, прост пример, се носело виолетова боја и ајде секој втор облечен во таа боја. Не ја сакам бе бојата, колку сака нека е во мода јас нема да ставам ништо со таа боја на мене. Или сега жолта и зелена. И тоа масовно. Почнувам да мислам дека многумина не ја сакаат затоа што им е убава бојата, ја носат за да бидат демек во чекор со најновите случувања.
Што знам, самиот збор „кул“ не ни постои во мојот речник, воопшто не го употребувам во било кој контекст или конситуација. Тешко прифаќам новоковани и трендовски термини, а уште помалку ги употребувам.
Туку, да се навратам на темава.
Во врска добро е она што мене ми е добро, она што не е спротивно на моите потреби, принципи, желби. И цак цак со време си ставам на знаење. Ако тоа му е добро и на човекот кој сака да биде партнер, тогаш супер. Ако не, зошто да се глупираме, да изведуваме, да прифаќаме нешто што било интересно да биде присутно? Ако сака да излеземе посебно само затоа што некој му рекол дека тоа е моментално најинтересно, веднаш тоа ми сигнализира дека не знае тој што сака.
Ама најверојатно и годините си играат улога.
И то.
 
Значи,стварно се нервирам.Мода бе?Кул е бе?
Не знам,навистина што е со луѓево.Ако нешто е модерно,а мене не ми е до тоа моментот,зарем и ја да го правам тоа?Е мало морген.
Најпрвин што,си гледам за себе и гледам да ми е убаво,не се замарам со трендовите,особено кога се работи за емоции.Кул било да имаш дечко/девојка.Е значи колку не сакам да бидам кул бе.Од инат.Сакам цело лето раат да бидам,не сакам врска во никој случај.И тоа сеа ме прави немодерна девојка а?Oh My God,what a disaster.How will I live with myself?:cry::cry:
Бог да чува.Се нервирам вака,искрено.
Еве исто,цитат од друга тема:

И двете се супер....но кога би морал да бирам, би го одбрал второто- да бидам сакан...некако покул е...

Да де,работава не сакај никој биди себичен и само нека лудуваат луѓе по тебе и ич да не ти е гајле дали ќе ги повредиш или не...Знаеш ПОКУЛ е.

Треба да се престане да се гради својот живот според тоа другите што ќе кажат и според тие таканаречени трендови.
Аман секој си има свој живот.не мора сите да бидеме стадо овци,па каде иде едната и сите по неа.

И да,стварно е одвратен зборот и мене ме нервира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom