Колкава би требало да биде платата во Македонија?

А

Ајсшутер

Гостин
Ko so vika Acid platata treba da bide spored trudot ama u Mak. trudot ne se ceni.
Spored trudot znaci toj so kopa kanali za cevki treba da zima 5 pati pojse od toj so sedi u kancelarija i pisuva referati ...
Ama u Mak. e obratno toj so sedi u kancelarija zima na 2000 E. plata a toj so kopa i dali 100 E. zima.
:salut:
Според тебе ќе треба да направиме кампања Не учи за да копаш канали и зимаш подобра плата.
Па сигурно дека тој што седи во канцеларија ќе зима повеќе има поголемо школо а неможе некој што цел живот си го прчел и што едвај има завршено средно образование да зима повеќе пари.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Како прво мора да се пресмета реалната невработеност, од тие 3-400.000 невработени половината работеа на црно.* Па дури после да гледаме како да ја намалиме невработеноста, но сепак не смее да се намалува невработеноста по секоја цена.

*зборувам за периодот пред кризата и затварањата на некои фирми
Се убивме од пресметки ебаго,и пак ништо не пресметавме изминативе 18 години,за тоа време требаше да створиме услови Македонија да има максимални 30 000 невработени па немаше да има потреба од правење пресметки.Овде имаш моронска политика на сите влади на кој им е подобро да бараат енормни давачки од вработените одколку да им излезат во пресрет и да ги минимизираат.Каква корист имаме јас-ти-тој од 400 000 официјално невработени?Кој ќе им обезбеди здравствено осигурување и одредено социјално примање за да преживеат?Заеш ли дека давачките од вработен се минимум 100 евра?Свесен ли си колку само би се зголемила вработеноста кога максималната давачка на вработен би била 50 евра?Знаеш ли колкава армија од администрација “работи“ на случајот да ги открие и казни оние кој не плаќаат по 100 евра давачки?Тоа е апсурдот,каква корист ние имаме од оној кој не е вработен,па макар и да му праќаш секојдневно инспектори и контроли?Па само еден куп документи за поминување плата или пресметување енормни придонеси по вработен чинат повеќе одколку вложениот труд на истиот работник кому треба да му дадеш плата.Има уште безброј работи кој ги намалуваат нашите плати на помалку од 18 000,токму затоа што оној кој треба да ги зголеми или овозможи да се зголемат нашите плати е партијски војник и нема три чисти како тоа да го направи само затоа што е “некадарен“ и нема никаква инвентивност и стручност во неговата работа,доколку не ги знае овие основни потези што ги напишав малку погоре..
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
25
Поени од реакции
0
@ABC
Јас и ти, и уште еден куп обични граѓањи во Македонија немаме ништо против зголемување на наемнините за работниците. Но има газди кои сакаат да се богатат со големо исползување (да не речам претерано искористување) на трудот на некои луѓе, а институциите кои тоа треба да го регулираат лесно се подмитуваат со некое евруле. Додека има такви во оваа наша Македонија, нема да одиме далеку.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
@ABC
Јас и ти, и уште еден куп обични граѓањи во Македонија немаме ништо против зголемување на наемнините за работниците. Но има газди кои сакаат да се богатат со големо исползување (да не речам претерано искористување) на трудот на некои луѓе, а институциите кои тоа треба да го регулираат лесно се подмитуваат со некое евруле. Додека има такви во оваа наша Македонија, нема да одиме далеку.
Види,насекаде во светот газдите се богатат од трудот на наемниците,така функционира пазарната економија,но најлошо од се е кога државата сака да профитира прекумерно од наемниците а и од газдите истовремено.Па газдите не се будали ебаго да инсистираат од владата давачките за вработен да бидат повисоки од реалната плата која можат да му ја дадат на вработениот.Значи сепак не е само до газдите кој се секогаш спремни да ја подмитат власта оти така ќе поминат поефтино,понекогаш тоа е и до самата власт која ги принудува на подмитување со енормните давачки што ги определила по вработен.Зар не би биле сите позадоволни,и газди и вработени доколку давачките се намалат на 50 евра наместо 100,колку за почеток?Владава мрчи со некакви 10% па во наредниот период до 30% а од друга страна во реалноста ние кој ги плаќаме таквите придонеси наместо намалување гледаме дека се зголемиле за 10%,па не сме толку будали да вработуваме некого штом декларативните изјави на власта не се точни,ќе ги избркаме и оние вработени што сме ги имале досега.Луѓето отвораат фирми за 3 месеци а работат уште година-две одкако ќе ја пуштат фирмата под стечај токму и од мотивот да заштедат на давачките за вработен.Замисли една конфекција со 100 вработени каде газдата ескивирал 2 години со неплатени придонеси.Па тоа се 200 000 евра во неговиот џеб.Казните мали и нереални,а имаме и пораст на невработеноста или стагнација на вработувањата.Сега е доцна да го казнуваш,едноставно ќе ја затвори конфекцијата и имаш уште 100 невработени и социјални случаи,а кога би му ги намалил давачките и зголемил казните сигурно ќе размисли дали да не ги пријави вработените.
 

blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
Струмикс, да сум се запрашал за одговорноста.Да споредиме тој што например нарачува мебел и тој што заварува цевки под земјата.Да и двајцата се под притисок,одговорни се за тоа што ке го направат али сепак тој што заварува цевки е повеке под притисок и повеке одговорен бидејки ако например не ја завари убаво цевката таа може за некое време да пукне и да повреди некои луге,да направи материјална штета ...А тој што нарачува мебел ако згреши што треба да нарача ке го нарача следниот пат.
:salut:

Ајсшутер,
Да до негде си во право,ама дали ја знаеш состојбата на лугето во Македонија?
Има луге со факултети што седат дома невработени а тие со основно или со средно се директори на фирми.Нема логика,нормално.
:salut:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Сепак за огромниот процент на официјално невработени и на оние кој работат со минимални 100 евра плата,најмногу се одговорни владите во оваа земја кој не направија ништо изминативе 18 години па таквата состојба да се реши или да се подобри во најмала рака.Би започнал со визниот режим кој ги принудува огромниот број на невработени да прифатат да работат во мизерни услови и за помалку од 100 евра плата,а ни една влада не сака вистински да се заложи и да се укине тој визен режим со кој невработеноста ќе се намали најмалку за 30% уште првите 6 месеци со негова либерализација.Второ е тоа што сите влади досега се обидуваат да створат сигурно гласачко тело во Македонската МЕГА администрација со тоа што им обезбедуваат најидеални услови за таквите работни места да станат привлечна дестинација на еден голем дел од Македонската работноспособна популација.Трето е тоа што сите влади досега поттикнати од релативно младиот “олигархијски“ круг кој се створи со распадот на Југославија,им обезбедуваат свежи и ефтени “робови“ на самите олигарси во нивните ефтино стекнати фабрики,а овие па за возврат ги финансираат нивните кампањи,и така во круг.Има и уште ама ќе продолжам малку понатаму кога ќе имам повеќе време на располагање.:smir:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.439
Поени од реакции
18.417
@ABC
Јас и ти, и уште еден куп обични граѓањи во Македонија немаме ништо против зголемување на наемнините за работниците. Но има газди кои сакаат да се богатат со големо исползување (да не речам претерано искористување) на трудот на некои луѓе, а институциите кои тоа треба да го регулираат лесно се подмитуваат со некое евруле. Додека има такви во оваа наша Македонија, нема да одиме далеку.

Нормално дека ќе ги искористуваат, се додека има олкава невработеност, ќе ги искористуваат.

Пуста желба на секоја власт да прикаже дека се намалила невработеноста, претходната со сила ги бркаше од трудот, оваа со удар врз сивата економија, со надеж дека сепак барем пола од тие 400.000 сепак работат на црно и ќе ги легализираат.

Но, и двете сакаа да замижат пред реалната бројка на невработни.

Инаку во приватен сектор мали се платите, а многу се работи, и ќе остане така се додека не се намали невработеноста, ниту една инспекација нема да го спречи тоа.

Затоа сите се тепаат за државна администрација, па сега со зголемувањево на платите, кој е будала да работи некаде за 12.000 денари кога може да ниша врата во некоја канцеларија за 15.000 денари.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
платата треба да ни биде европска од 55к-120к. Владата треба да ни го овозмози тоа со брз развој на економијата. Ни овозмози европски казни од 50-500 евра за секакви прекршоци, а просецна плата у маќедонија е 200 евра и тоа за тие 60 посто од граѓаните кои се вработени.
 
Член од
15 февруари 2008
Мислења
50
Поени од реакции
0
Мое мислене е, што не можете да се плачите македонците от вашите плати. Со 400 евро, средна месечна плата сте доволно по-добре от нас бугарите.

Източник pariteni.bg
 

Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Мое мислене е, што не можете да се плачите македонците от вашите плати. Со 400 евро, средна месечна плата сте доволно по-добре от нас бугарите.

Източник pariteni.bg
Супер ќе беше да е толку, ама не е.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Просечна плата да биде негде како Словенечката,900 евра.
Кога може Словенија,зашто и ние да не,а слични сме...
али треба да порасне економијата па после да се качуваат платите,со слаба економија нема големи плати..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom