Јас имам сопствена фирма со години,заработувам и помалку од 18 000 денари,успевам да го одржам сопственото 4 члено семејство,без кредити и никаков борч кон никого,додуша со сопствен стан и Пежо старо 15 години.Тајната на успехот е во тоа што работам секојдневно и по 18 часа на ден,без празници(освен 2 верски) и без слободни денови,имам и 10тина дена за годишен одмор ќе ги заборавев,па немам време за шетање по Водна или месечни ручеци по кафеани.Задоволен сум од животот и фамилијата која никогаш не останала гладна или слабо облечена.Сега,не се облекуваме во Шанел или Пјер Карден ама не сме ни во “закрпи“,обичен просек.Инаку најмногу што ми смета во оваа држава и со сите влади изминативе 18 години е тоа што морам да издвојувам за државава се повеќе и повеќе од мојата заработка за комунални трошоци,струја,вода,данок,кирија и пензиско-здравствен фонд.Трошоците ја надминаа платата за повеќе од 50% со што практично сум принуден да не и верувам на оваа влада дека ги намалила давачките на легално вработените,затоа што сето го гледам со сопствени очи.Плаќаме вода,струја и други давачки најскапо во регионов,инаку и реалната плата би ни била барем малку повисока,што не би било лошо,ама реално гледано не сме толку за жалење па да кукаме како да сме “отепани“.