а тие имаат доживотен затвор...
бтв еве еден негов напис од нова македонија од 19 мај.
Сериски убиец демне и во Кичево
Кичевчани живеат во страв и паника откако викендов беше најдено уште едно искасапено тело на жителка од градот. Локалната полиција, но и граѓаните ги гледаат мистериозните исчезнувања и грозоморната смрт на Живана Темелковска и на Љубица Личовска како дело на ист човек - сериски убиец.
Полициски извори го потврдуваат постоењето на сериски убиец во градот и тврдат дека сомневањата се темелат на фактот што двете жени се мачени и убиени на ист начин и со самото тоа отпаѓа можноста да бидат сторени од различни луѓе.
Кичевскиот убиец ги избира жртвите меѓу средовечните жени во градот и потоа се изживува врз нив. Охридскиот сериски убиец Лазе Радевски уби тројца сограѓани, улични менувачи на девизи, само за да ги ограби, но во Кичево мотивите на монструмот се уште не се јасни бидејќи, заедничко за двете жртви е што биле пријателки и живееле во ист дел од градот.
Од МВР официјално информираат дека имаат неколку осомничени лица, сите жители на Кичево. Тие биле приведени на информативен разговор и потоа пуштени. Оттаму потврдуваат дека и за двете убиства постојат траги оставени од убиецот, коишто во моментот се анализираат. Сепак, за МВР се уште е рано да се тврди дека се работи за уште еден сериски убиец.
Во петокот на дива депонија во близината на фудбалскиот стадион на Влазрими во Кичево беше најден масакрираниот труп на Живана Темелковска (65). Трупот бил завиткан во проѕирна најлонска ќеса и замотан со телефонски кабел, со кој претходно била задавена несреќната жена.
Масакрираниот труп на Темелковска го откриле неколку кичевчани што пребарувале по дивата депонија. Тие, згрозени од глетката, избегале од местото и потоа ја повикале локалната полиција.
Трупот веднаш им бил даден на судските вештаци, кои утврдиле дека Темелковска била сурово тепана, малтретирана и потоа задавена. Според обдукцискиот наод, таа била убиена истиот ден кога исчезнала, бидејќи телото веќе почнало да се распаѓа.
- Се работи за насилна смрт на исклучително монструозен начин. Телото на убиената е целосно покриено со голем број надворешни и внатрешни повреди. Само на черепот вештаците констатираа 13 повреди, но има и пет искршени ребра на левата и на десната страна на градниот кош, што покажува дека суровиот убиец се изживувал - изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Темелковска мистериозно исчезна од својот дом на седми овој месец. Постојат две верзии за нејзиното исчезнување. Според раскажувањата на нејзините роднини и пријатели, таа била да купи продукти во блиската продавница, кога била пресретната од две непознати лица, кои и кажале дека нејзиниот син имал сообраќајна незгода. Таа вознемирена од информацијата без размислување се качила во автомобилот на убиецот.
Според втората верзија, убиецот отишол во куќата на Темелковска и насилно ја грабнал. Убиството на Темелковска е безмалку идентично со убиството на нејзината сосетка и пријателка, кичевчанката Љубица Личовска. Трупот на Личовска беше најден на 3 февруари на дива депонија близу превојот Стража, на магистралниот пат Кичево - Гостивар. И во тој случај монструозниот убиец брутално се изживувал врз беспомошната жена и потоа ја убил давејќи ја со кабел.
Живана Темелковска викендов беше погребена на градските гробишта во Кичево.
линк