Како?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
С

Сатори

Гостин
Како со луѓето?
Како?

Никој не повредува ако не бил предходно повреден, а сите ние сме биле, никој од нас не спасува, ако предходно не бил спасен, а сите ние сме од некој спасени.
Ќе ми кажат, просуди ги луѓето, така и однесувај се со нив, но зар, треба да бираме со кои да бидеме добри а со кои лоши, зар тоа не не валка нас како луѓе?

Преовладувањето на добрата страна, да се прости, разбере и помогне.Кога срцето ни се кине од болка и сожалување кон оние помалку моќните, желбата да се направи барем една добра работа додека имаме можност.
Како знаеме дека нема некој да не искористи?

Кога злобата тече од сите страни, и сите сакаат да ти го забодат ножот во грб, сарказмот ги преминува границите, а тој што зборува, тоа го прави за те боли, да те печат и старите рани.
Како знаеме дека не сме згрешиле штом веднаш сме ги кренале ѕидовите и сме почнале да се браниме пред да не нападнат?

Кој е вистинскиот избор?
Има ли универзален пат по кој што треба да се оди?
Јас навистина не знам, боли да те уништуваат, боли и да уништуваш.

Само едно прашање, како?
 
Ке ви раскажам една приказна . Во едно село била една многу лоша змија сите ги малтретирала касала и уништувала .Луѓето го повикале еден стар гуру на помош . Тој ја зел змијата кај себе на планината и ја учел две години .Потоа ја вратил во селото и си заминал .После една година отишол да ја види. Кога таму, змијата едвај собира душа ,сите ја тепале газеле и малтретирале . Што е ова ја прашал учителот ? Како дојде до ова дереџе? Па ти ме учеше дека треба да бидам добра ,трпелива со лугето ,му одговорила змијата . Да точно е и рекол старецот ама тоа не значи дека не треба од време на време и да сснеш.Сами донесете заклучок.
 
Ја не верувам у лошо понашање со луѓе што „тоа го заслужуваат“. По мое, ја ги избегавам. Покушавам да сум фер и добра со сите. Селективна сум за луѓето околу мене. Негативности не поднесувам.

Така да, процени ги луѓето. Кои се добри, биди и ти добра со нив. Кои се злобни и све то, не биди ѓубре со тие, него извади ги од твојот круг.
 
Како со луѓето?
Како?

Никој не повредува ако не бил предходно повреден, а сите ние сме биле, никој од нас не спасува, ако предходно не бил спасен, а сите ние сме од некој спасени.
Ќе ми кажат, просуди ги луѓето, така и однесувај се со нив, но зар, треба да бираме со кои да бидеме добри а со кои лоши, зар тоа не не валка нас како луѓе?

Преовладувањето на добрата страна, да се прости, разбере и помогне.Кога срцето ни се кине од болка и сожалување кон оние помалку моќните, желбата да се направи барем една добра работа додека имаме можност.
Како знаеме дека нема некој да не искористи?

Кога злобата тече од сите страни, и сите сакаат да ти го забодат ножот во грб, сарказмот ги преминува границите, а тој што зборува, тоа го прави за те боли, да те печат и старите рани.
Како знаеме дека не сме згрешиле штом веднаш сме ги кренале ѕидовите и сме почнале да се браниме пред да не нападнат?

Кој е вистинскиот избор?
Има ли универзален пат по кој што треба да се оди?
Јас навистина не знам, боли да те уништуваат, боли и да уништуваш.

Само едно прашање, како?

Како?... Искуство. Добрите и лошите искуства во животот ќе те научат да ги проценуваш луѓето добро. Биди добра, ќе те искористат. Биди лоша, ќе те избегнуваат и ќе те плукаат. Заклучок: Биди и од двете со сите луѓе, за секој со иста мера.
Не знаеш, никогаш не можеш да бидеш сигурна дали и кога личноста која била цел живот до тебе и ги знае твоите најмали тајни ќе ти зарие нож во грб, ќе те предаде, остави на цедило.. Кога најблиските и најверните можат да те повредат, зошто не и останатите?
А оние ѕидови кои ги креваме со цел да се одбраниме од нечив напад, не' заштитуваат од непријатели и ги покажуваат вистинските пријатели, кои ќе ги видат тие невидливи ѕидови.
 
Во мое искуство, ѕидовите сите луѓе ги враќаат назад. Дури и потенцијални добри другари. Треба да се осознае мерка - до каде можеш да тераш без да те искористи некој. Да знаеш најважно, како да кажеш НЕ. Да го тргнеш стравот од повредување и да фураш напред со сета сила.
 
Ако постоеше дефинитивен одговор на ова прашање, во светот ќе владееше сеопшт мир и меѓучовечка хармонија.

Но, баш поради тоа што го нема одговорот на како, е интересно да егзистираш меѓу ова небо и оваа земја. Секој нов ден, нов обид и грешка и евентуална нова лекција. Целиот живот, само едно големо училиште кое никогаш нема да ти го сервира готовиот, конечен одговор.

Сакам да пијам од пехарот на болката, страста, омразата, љубовта, бесот, злобата, деструкцијата, креацијата...Сакан лакомо да проголтам од се, ама баш од се. И да врискам, плачам, тепам и да љубам, се смеам, танцувам...Фали ли нешто, ебем ти живот.
Не го сакам совршениот рецепт. Сакам да си играм со оние погрешните.
Катарза. Само тогаш се живее.
 
Еден вистински човек никогаш не може да бира со кој ќе е добар, со кој нема да биде,срцето знае да гледа праведно и разумот да расудува,и праведникот кон сите гледа праведно.
Никогаш не може да знаеме што ќе се случи,за тоа колку некој е искрен, колку силно можеме да веруваме во него,и се тоа толку убаво од нас да му го дадеме него срцето знае,тоа е повеќе од доволно.
можеби не секогаш можеме да видиме од каде може да дојде болката,колку силно може да боли,како,можеби тој универзален пат е само љубовта,верата и праведноста.
 
Како со луѓето?

Само едно прашање, како?

Луѓето се пресметливи. Некои повеќе, некои помалку. Оние помалку ќе не натераат да си ја извадиме тетратката и да си запишеме како добро не изработиле, и ќе се обидеме да ја научиме лекцијата за следниот натпревар.

Со луѓето пресметано. Тоа е мојата рецепта која ми се допаѓа и која сакам да ја играм. Не ми се допаѓа многу многу кога некој има ас во ракавот па сакам да го откријам неговиот блеф. Следам се` што прави и во зависност од односот, играта која ќе ми ја продава ќе се поставам и јас на ист начин. Фините добиваат фин и претпазлив третман, грубите добиваат дистанцирање. Немам обичај да се водам по христијанското “сврти образ“ бидејќи би дошол на приказната на Анкица.

Всушност, поентата ми е... одредени акции од наша страна предизвикуваат одредени реакции кај оној спроти нас. Само еден eye contact во прв момент кажуваат многу за секоја личност и веќе знаеш дали може со неа или не. Се` понатаму е само добро изиграна партија шах.
 
Ми ги погаѓате темиве со ситуацијава во која моментално се наоѓам :)))
Коинциденција или не?

Точно. Никој не повредува ако не бил повреден. Во моментот кога ќе се најдеме повредени од некоја личност доаѓа некоја трета личност која btw претходно се нашла во некоја слична ситуација па се нуди да ни помогне. Небитно минува и тој момент. Осеќаме должност кон личноста што ни помогнала, но таа го прошла нашето, не можеме да и помогнеме неа така што се појавува нова жртва на која ние и помагаме без да ни побара помош и така. Битно е да си помагаме :)

Ќе ги отцениме-да. Моето правило е- Со будала биди уште побудала од него, со паметен биди дупло попаметен, и така, се гура некако.
Дали не валка како луѓе? Можеби, ама јбг така течат работите.

Преовладувањето на добрата страна, да се прости, разбере и помогне.Кога срцето ни се кине од болка и сожалување кон оние помалку моќните, желбата да се направи барем една добра работа додека имаме можност.
Како знаеме дека нема некој да не искористи?

Не знаеме. Ќе ризикуваме. Во моментот кога веќе ќе ја почувствуваме потребата дека треба да помогнеме некому ќе ризикуваме. Треба само да се послуша гласот на срцето.

Кога злобата тече од сите страни, и сите сакаат да ти го забодат ножот во грб, сарказмот ги преминува границите, а тој што зборува, тоа го прави за те боли, да те печат и старите рани.
Како знаеме дека не сме згрешиле штом веднаш сме ги кренале ѕидовите и сме почнале да се браниме пред да не нападнат?

Несвесен чекор кој го превземаме. Стравот преовладува- ѕидиштата се изградени. Го потиснуваме стравот длабоко во себе плашејќи се од нешто а ни самите не знаеме од што.

Како со луѓето? -Така!
Не знам. Нема правила. Да се однесуваме како што се однесуваме. Да останеме доследни на себеси. Знаеме само како со себе, па да го направиме тоа. И онака има премногу луѓе. Некого ќе повредиме, некој ќе не повреди, друг ќе срадуваме, па некој сосема десетти ќе не срадува и така. Одиме напред. Што било било. Што ќе биде ќе биде. Живот :)))
 
Така да, процени ги луѓето. Кои се добри, биди и ти добра со нив. Кои се злобни и све то, не биди ѓубре со тие, него извади ги од твојот круг.

Добра теорија, но, штета е што не може секогаш да се изведе во пракса, во принцип, имаме луѓе кои што мораат од икс причини да ни бидат во кругот, а сепак се злобни.
Тогаш?
Слепа улица.

Како?... Искуство. Добрите и лошите искуства во животот ќе те научат да ги проценуваш луѓето добро.

Никој нема доволно искуство, од чиста причина дека нашето знаење се граничи со него, а никогаш не е доволно.
Повторно, ќорсокак.
Крајно, зошто да го научиш третманот пред да умреш, тоа е лекција што ти треба за животот, а не за деновите пред смртта.

Всушност, поентата ми е... одредени акции од наша страна предизвикуваат одредени реакции кај оној спроти нас. Само еден eye contact во прв момент кажуваат многу за секоја личност и веќе знаеш дали може со неа или не. Се` понатаму е само добро изиграна партија шах.

А што правиме на реми?
Добро, лошо или оставена партија за цел живот на товар?
 
Све стратези за меѓучовечки односи.
Претпоставувам со совршено избалансирани односи, без поголеми конфликти, секогаш одмерени...Утопија.Рај.
 
Све стратези за меѓучовечки односи.
Претпоставувам со совршено избалансирани односи, без поголеми конфликти, секогаш одмерени...Утопија.Рај.

Не постои одмереност Ада, ја нема, тоа ми е битното прашање, која е средината?
Предходниот пост ти имаше многу голема смисла, но ако некој бара граница на совршенство барем на тоа поле, бара вистински одговори, не за утопија, само за неколку ебани мигови спокој.

Ништо повеќе, ништо помалку.
Се на кантар.
 
Секад од искуство ќе се учи на темата КАКО СО ЛУЏЕТО
Неможе подруго.
Инаку во ОВИЕ ВРЕМИЊА сто се потенцираат како лоши и диви,пуни со странци и предавници,најдобро е да ги избегаваш сите сумливи фаци,ама пак ништо не се постигнува,тогаш стануваш уште еден странец.

Нема универзален пат,фала богу,ако некој проба да го дефинира,подобро да го убијат,тој пат е личен,и ќе го одиш колку можеш и како можеш.

Како да не наштетиш некому кога ти наштетиле,неможеш да издржиш на љубопитноста да осетиш како се чуствувал тој што ти наштетил.
Само знам дека си похрабар и подобар човек ако знаеш да простиш и да се пробаш пак да веруваш.

За правењето добри работи не зборам,досадно е...си имате библија,религија,детски емисии и слично...и телетабиси да не ги заборавам.

Значи ..како со луѓето?
Како сакаш...
 
Ги прочитав сите постови и повторно се вратив на овој:
Ке ви раскажам една приказна . Во едно село била една многу лоша змија сите ги малтретирала касала и уништувала .Луѓето го повикале еден стар гуру на помош . Тој ја зел змијата кај себе на планината и ја учел две години .Потоа ја вратил во селото и си заминал .После една година отишол да ја види. Кога таму, змијата едвај собира душа ,сите ја тепале газеле и малтретирале . Што е ова ја прашал учителот ? Како дојде до ова дереџе? Па ти ме учеше дека треба да бидам добра ,трпелива со лугето ,му одговорила змијата . Да точно е и рекол старецот ама тоа не значи дека не треба од време на време и да сснеш.Сами донесете заклучок.

Со приказната се е кажано. Не само што ТРЕБА - сите МОРА да имаме некоја црвена линија. Тоа ќе не направи подобри...
 
Не постои одмереност Ада, ја нема, тоа ми е битното прашање, која е средината?
Предходниот пост ти имаше многу голема смисла, но ако некој бара граница на совршенство барем на тоа поле, бара вистински одговори, не за утопија, само за неколку ебани мигови спокој.

Ништо повеќе, ништо помалку.
Се на кантар.
Па тоа ми е поентата мило. Дека одмереност, средина, константност, еден вистински шаблон...нема.
И спокој има само на мигови. Затоа што секохаш следува некоја нова буричка, или елементарна катастрофа.
Затоа и ми се малку неодржани постовите кои понудија решение универзално за меѓучовечките односи. Мислам, ќе им поверувам дури тогаш кога ќе ми покажат дека во својот живот имаат барем еден совршено избалансиран, а траен однос.

На човекот, барем засега, не му е дадено да ја најде "формулата" за совршени односи и златна средина. И таман ќе мисли дека барем со една особа го нашол "патот", опа особата ќе изненади. И се така.
Единствено се константни промените и екстремите (колку и да ова звучи ко оксиморон).
Или ко онаа филозофската: Се тече, се се менува.
Од час на час, а не па во односи за цел живот:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom