- Член од
- 5 август 2007
- Мислења
- 3.582
- Поени од реакции
- 2.589
17.06.2008 17:07 Вербална расправија на скопското подземје ескалираше со пукање. Ранет е еден од учесниците во тепачката.
Околу 14 часот и 30 минути во кафе-барот „Инсомнија“, на кејот на Вардар, четворица членови на една група предводени од Џелал Ајети, добро познат на полицијата по кривични дела, започнале расправија со Кољо Николовски, чиешто полициско досие исто така е дебело.
Ајети во претходна расправија со Николовски во кафулето му удрил шлаканица, по што сакал да си замине.
Николовски тргнал кон Ајети за да го удри и тогаш двајца од групата на Ајети, Абдирасан Садику и Дејан Пановски, извадиле пиштоли и почнале да го тепаат Николовски со кундаците по глава.
Еден од пиштолите пукнал и го погодил Николовски во дланката. Групата на Ајети со такси побегнала кон општина Ченто.
Полицијата врши увид, а кејот на Вардар е блокиран.
извор:http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=94250
п.с ова Скопјево почна да ме потсеќа на Прилеп пред едно две три четири години...