Можам, можам.
И на месечината, и на мојата омилена врба во предниот дел од дворот.
Ама која е разликата, друг пат ќе кажеме.
Да, ти немаш ни ф од фембот, и јас така мислам.
Инаку ја сфатив убаво поентата на темата, очигледната.
Само посакав да и реплицирам прво, на онаа другата:smir:.
Мајка ми е.
Родена и порасната во многу сиромашно семејство, со 3 деца на кои едвај можело да им пружи исхрана, а да не збориме за било каква општествена едукација.
Нејзината мајка имала завршено 4то одделение, а татко и, и покрај бедата, поради онаа прекрасна патријахална гордост, никогаш не и дозволил да работи нешто.
Но мајка ми не ги затворила очите пред тоа.
Гледала што има, а што би можела ако се труди многу.
Сестра и пораснала у спонзоруша, брат и во деликвент.
И во време кога девојките овде ретко завршувале факултет, а реално гледано тоа и не им било толку потребно, бидејќи се знаело дека мажот ќе носи леб у куќа, таа никако не се откажувала од својата идеја, дека еден ден ќе биде една ебано економски независна жена, и не постои сила, особено не во форма на некоја голема љубов која би се обидела да ја застрани од патот, што ќе ја спречи во тоа.
И буквално, само се трудела, до својата 25 година.
На мажите им мавала шамари, и им кажувала дека има поважна работа од нив.
Татко ми, првиот човек во нејзиниот живот, ја задржал бидејќи и самиот збори дека жената сама мора да го исполни својот пат.
Но дозволила венчавка строго после дипломирање и вработување.
Морала да излезе од куќата каде немала семејство што ја поддржува, и морала да изгради поинаков дом за себе.
Поинаков од на сите девојки што ги познавала, а кои длабоко заглавиле во предвремени бракови и неостварени сништа да имаат свои животи.
Па, и успеа.
Штотуку влезе во собава со три тона хартии и ги шлапна на маса, ја извади шминката, ги измасира нозете, и за 2 секунди ќе ја снема, ќе тргне да го уредува местово според своја фантазија.
Еве, се обидов да прикажам мое мислење за еден аспект, од можните психолошки моменти...
...барем оној, кој ми се чини најсурово реален, а оправдан. :smir: