Нова иницијатива на М.Ц.И.: Наименувајте град Александрија во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата n/a
  • Време на започнување Време на започнување
Во Струмица има улица Александар Македонски.
Инаку идејата е одлична, особено да се именува град.
Моја Подршка.
 
Дали некој знае зошто и од кога градот Пробиштип всушност се вика Пробиштип?

Имам тетка таму.Таа ми има кажано дека се вика Пробиштип бидејќи го пробива патот до Штип или од кованицата Проби-Штип
 
Бев денес на плоштад ококу 10:30, немаше никаков штанд за потписи. Од кога точно започнува собирањето постпси?

САМО НАПРЕД!!!
 
Воконтекст на темата еве и една вест:
Поставена спомен плоча на гробот на македонскиот крал Персеј во Италија

Во организација на партијата Македонска Алијанса и на друштвата Италија - Македонија и Персеида, а во соработка со локалните италијански власти, на 13-ти овој месец е поставена спомен плоча на гробот на последниот крал на античка Македонија - Персеј, кој се наоѓа околу 100 километри од Рим. На плочата на македонски, на англиски и на италијански јазик е напишано Персеј, крал на Македонија, од македонскиот народ.
Плочата, како што соопшти Македонска Алијанса, ја поставија Џорџ Атанасоски, Николас Атанасоски, Кирил Добрушевски, Мирко Брдаровски, археологот Виктор Лилчиќ, како и директорот на ТВ Сонце Славко Манговски.

Извор
 
Бев денес на плоштад ококу 10:30, немаше никаков штанд за потписи. Од кога точно започнува собирањето постпси?

САМО НАПРЕД!!!
Собирањето на потписи за поткрепа на иницијативата за наименување на град Александрија во Македонија,како и наименување на Плоштад,булевар,парк по името на Александар Македонски или пак Филип II Македонски започна денеска попладне во 17ч.

Од денес па натаму...
секој ден од 9ч до 21ч.
потпис ќе можат да дадат сите согласни и заинтересирани граѓани на плоштад Македонија,спроти Dal MetFu,пред Ристиќева палата.
Веќе од задутре 19.06.2008 ќе почне и собирањето на потписи по другите градови.
Акцијата ќе трае три недели.
п.с Во Петок...20.06.2008-ма...
се отвара и канцеларија на М.Ц.И во Прилеп...
а сосем скоро ќе следи отварање на канцеларии во Велес,Куманово и Струга .
 
Струмичко Ново Село уште од поодамна има идеа да се преименува во Александрија, незнам до каде стигнаа со таа иницијатива и што се деси устваро со челата таа идеа.

Инаку го имате мојот потпис поминувам утре на плоштад.
 
во демирхисар имаше порано иницијатива, да се преименува...
дел од предлозите беа
Александрија
Груево
Мургашево
 
дап.. преска го прашував серпико али незнаеше..
во кои други градови ќе има...
 
дап.. преска го прашував серпико али незнаеше..
во кои други градови ќе има...

Речиси во сите, само Серпико не знаеше од кога точно ќе започне во кој град собирањето.

Секако, треба да биде за брзо.
 
Речиси во сите, само Серпико не знаеше од кога точно ќе започне во кој град собирањето.

Секако, треба да биде за брзо.
е добро де... не ме карај...
 
Koga sme veke kaj toa....mozebi sepak najdobro bi bilo DA SE IZGRADI NOV GRAD,na Makedonija i treba nov grad...uste da vidime kade.........
I nikoj ne bi mozel da zabelezi nesto, ako se vika ALEKSANDRIJA.... sekoe preimenuvanje na nekoj postojan bi bilo notirano kako provokacija.......:)
 
Ихиииииииииии значи миленко ке не прекрсти нас пробиштипци во александровци.

Тоооо куме....................
 
Браво за идејата!
Напред Македончишта:)
 
А Битола ќе имаме можност да го дадеме нашиот потпис?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom