Го пишав ова и на темата 'најдобар ракометар на свет' и пак ќе кажам:
Најдобар ракометар на свет, а потекнува од место каде што немало ракометна сала, е тоа ви се вика ѕвер.
Градот од каде што потекнува е расадник на ракометари и ракометарки, како што Струмица е расадник на фудбалери.
Само ситуацијата во државата, предрасудите и други фактори влијаеа на јаки момци и девојки да не успеат. Кире Лазаров и Гордана Нацева се исклучок, со голем труд станаа тоа што се.
Инаку, пред 3-4 години ракометарките играа во финале на купот и загубија од Еуростандард.
А сала? Па се гради, и за една година најверојатно ќе има и сала. Ги прашував моите школски ракометарки, а беа дури три, зошто не влезат во супер-лига, и ми одговараа дека нема кај да играт, на отворено игралиште не се дочекува Кометал ЃП. И во право беа...