Зошто некои викаат „мама“ и „тато“ место „мајка ми“ и „татко ми“?!

  • Креатор на темата Креатор на темата GRUNGE
  • Време на започнување Време на започнување
Почесто ги викам на име кога сум меѓу друштво, а низ дома татко ми „бирка“ го викам, а мајка ми „Пиноче“, од очигледни причини (диктатор е).
 
Од мал сум се нервирал кога некој ќе каже/напиши „мама“ или „тато“.

Разберете еднаш дека тие не ми се ни мајка ни татко!

Се знае, постои граматичко правило „МАЈКА МИ“, „ТАТКО МИ“!

не знам дали темава беше за тука или нешто со јазици, тоа главните нека го средат.

Поздрав

И ја се нервирам кога некој ќе напиши, наместо да напише, ама таа ти е...

Ти се друго зборуваш граматички и литературно па ти смета едно обично мама или тато? Очигледно не. Да граматички е правилно мајка ми, татко ми... ама не ги употребуваме сите во таа форма. "Мајка ми" ми е многу далечно и формално, отсекогаш сум викала мама и тато.

Зависи и до средината во која живееш, и дијалектот на кој се зборува, у Велес, пример, речиси никој не ги користи граматички правилно изразиве. Скопјани колку шо знам ги изговараат правилно итн.
 
Кога како зависи од ситуација некогаш мама тато некогаш мајка ми татко ми
 
Многу нормално дека кога разговараш со брат-сестра ќе кажеш -мама\тато, јас само тогаш и викам така.
колку што разбрав темава е на пример кога збориш со некој-а другар-ка и кога ќе кажат мама-тато. некогаш и мене мё нервира тоа дека стварно ми е глупо нејзините мајка и татко не ми се и мене мајка и татко.
 
Eee за колку други работи треба луѓево да внимаваат и какви грешки прават при изразување/пишување, вие сте се фатиле за ова.

Никогаш не ми пречело, а не знам ни зошто би ми. Логично е дека нејзината мајка не е моја, нејзиниот татко не е мој татко, па слободно може да си се изрази како што сака.
Кога се тргнува од логиката на нештата, изразувањето си добива смисла.
 
Кога муабетам со братучеди, само во такви конверзации користам “мама“ и “тато“. Во други не можам, звучи како имам заеднички родители со тој/таа со кого разговарам. И навистина ми е глупаво кога некој константно при разговор со секого користи “мама“ и “тато“.
 
И јас порано се нервирав и го делев твоето мислење Блогерџија.Ама после тоа сфтатив дека нема врска како викаат.Тоа е толку слатко.

Потполно истото сакав да го напишам :)
 
Од мал сум се нервирал кога некој ќе каже/напиши „мама“ или „тато“.

Разберете еднаш дека тие не ми се ни мајка ни татко!

Се знае, постои граматичко правило „МАЈКА МИ“, „ТАТКО МИ“!

не знам дали темава беше за тука или нешто со јазици, тоа главните нека го средат.

Поздрав

Која е причината да те нервира воа?
Сакаш да кажеш дека строго се држиш до граматичките правила, а притоа наместо напише, пишуваш напишИ.
Верувам дека повеќето шо ја разгледаа темава се изнервираа за напиши, па треба ли затоа тема да отворат :)
 
И ја се нервирам кога некој ќе напиши, наместо да напише, ама таа ти е...

Ти се друго зборуваш граматички и литературно па ти смета едно обично мама или тато? Очигледно не. Да граматички е правилно мајка ми, татко ми... ама не ги употребуваме сите во таа форма. "Мајка ми" ми е многу далечно и формално, отсекогаш сум викала мама и тато.

Зависи и до средината во која живееш, и дијалектот на кој се зборува, у Велес, пример, речиси никој не ги користи граматички правилно изразиве. Скопјани колку шо знам ги изговараат правилно итн.

Aма тоа ти е...
 
И така и така ги викам. Иако тате у живот не сум го нарекла човекот. Мајка ми и татко ми или мама и тато, сеедно. Второво претежно у лигавење. :bilokojzbor:



A...? :icon_conf

Lapsus Lingva

Сакав да кажам дека кога некој на пример ќе каже : „Мама и тато не се дома“ јас добивам впечаток дека зборува како да имаме исти родители , а за Среќа немаме
 
Најверојатно од навика, која сме ја стекнале зборувајќи за родителите со сестрата/братот и после тоа не се внимава многу на изговорот кога се спомнуваат мајката и таткото во разговор со некој друг.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom