- Член од
- 22 февруари 2008
- Мислења
- 1.647
- Поени од реакции
- 45
11.06.2008 17:09
Уставниот суд денеска ја поништи одлуката на Владата за поделба на Клинички центар на 30 клиники. Со ова паѓа во вода целата реформа и промените кои беа направени во оваа највисока научна и здравствена установа во државата.
Клиниките кои од 1 јануари започнаа да функционираат самостојно со сопствени буџети, сега се враќаат на почеток.
Паѓа во вода и одлуката за двајца директори кои требаа да менаџираат со клиниките. Владата немала право да донесе ваква одлука бидејќи основач на Клинички центар е Собранието.
Измените на Законот за здравствена заштита со кои Владата се овластува да основа јавни здравствени установи важи за иднина, се вели во образложението на Уставниот суд. Тоа значи дека Владата може да основа нови болници, а не може да врши промена на веќе постоечките, на кои Собранието и понатаму мора да биде основач.
Со оваа одлука Владата ги повредила уставните принципи на државната власт, навлегувајќи во законодавната власт каде што нема ингеренции, велат во Уставниот суд.
Поништувањето на одлуката на Владата всушност значи како да оваа одлука никогаш и не била донесена. Одлуката на Уставниот суд ќе започне да важи од идната недела по објавувањето во Службен весник.
Од Владата и Ресорното министерство велат дека се уште не ја добиле одлуката на Уставниот суд. Кога ќе ја добијат ќе преземеле соодветни дејства согласно Уставот и законите.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=94028
Туку што ја слушнав веста на А1...Што ќе се прави сега ? Познато е дека одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни. Ќе биде ли сега уште една турли-тава од Клиничкиот центар ?