Уставен суд ја поништи одлуката за поделба на Клинички центар

Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
11.06.2008 17:09
Уставниот суд денеска ја поништи одлуката на Владата за поделба на Клинички центар на 30 клиники. Со ова паѓа во вода целата реформа и промените кои беа направени во оваа највисока научна и здравствена установа во државата.
Клиниките кои од 1 јануари започнаа да функционираат самостојно со сопствени буџети, сега се враќаат на почеток.
Паѓа во вода и одлуката за двајца директори кои требаа да менаџираат со клиниките. Владата немала право да донесе ваква одлука бидејќи основач на Клинички центар е Собранието.
Измените на Законот за здравствена заштита со кои Владата се овластува да основа јавни здравствени установи важи за иднина, се вели во образложението на Уставниот суд. Тоа значи дека Владата може да основа нови болници, а не може да врши промена на веќе постоечките, на кои Собранието и понатаму мора да биде основач.
Со оваа одлука Владата ги повредила уставните принципи на државната власт, навлегувајќи во законодавната власт каде што нема ингеренции, велат во Уставниот суд.
Поништувањето на одлуката на Владата всушност значи како да оваа одлука никогаш и не била донесена. Одлуката на Уставниот суд ќе започне да важи од идната недела по објавувањето во Службен весник.
Од Владата и Ресорното министерство велат дека се уште не ја добиле одлуката на Уставниот суд. Кога ќе ја добијат ќе преземеле соодветни дејства согласно Уставот и законите.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=94028

Туку што ја слушнав веста на А1...Што ќе се прави сега ? Познато е дека одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни. Ќе биде ли сега уште една турли-тава од Клиничкиот центар ?:tapp:
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Значи прејаки се бизнис интересите за така да се испуштат...
Нели викаа дека работите почнале полека да се управаат во таа црна дупка на буџетот на државата...колку и да се фрла во неа,се е празна....
Лошо...
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Всушност кога прочитав подобро...штом собранието е основач...можно е значи по аналогија и самото собрание да ја донесе/потврди владината одлука?
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Јас лично бев против тоа да се раздвојат...Вакум просторот што се создаде додека комплет да се испоразделат, го плаќаа пациентите кои збунето се шетаа од клиника на клиника, па трчаа да вадат нови упати и слични заебанции. Но, нејсе, се случи и тоа и таман се укомпонираа и почнаа да функционираат некако, а лично се уверив дека некои клиники драстично ги подобриле своите услуги и односот кон пациентите...Пљас !!! Шлаканица од Уставниот суд... Значи не е проблем се ова што се случува, туку зошто ? Нема ли Владата толку правни експерти кои можеа ова да го предвидат и да го спречат ?
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Всушност кога прочитав подобро...штом собранието е основач...можно е значи по аналогија и самото собрание да ја донесе/потврди владината одлука?
Сепак тоа е процедура. Прво треба да се конституира Парламентот, а сеуште не е завршено гласањето. Второ, да се формира Влада која ќе донесе предлог закон по кој Парламентот ќе расправа и ќе одлучува. За тоа треба време. Од друга страна пак одлуката на Уставниот суд мора да се спроведе, а таа стапува на сила по седум дена. Кога ќе направиш сума-сумарум, калабалак брат.:toe: Замисли си во тој период пак да недостигаат цитостатици за деца со малигни заболувања и слични срања. Кој директор ќе објави и потпише тендер ?
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Сепак тоа е процедура. Прво треба да се конституира Парламентот, а сеуште не е завршено гласањето. Второ, да се формира Влада која ќе донесе предлог закон по кој Парламентот ќе расправа и ќе одлучува. За тоа треба време. Од друга страна пак одлуката на Уставниот суд мора да се спроведе, а таа стапува на сила по седум дена. Кога ќе направиш сума-сумарум, калабалак брат.:toe:
А бе остај...да не се разболиш овде...
И сега дури е матно,пак кражби,пак нема лекови,пак дерење на пациентите,пак гужви со вработените,пак тендери...
Јас всушност се сомневам во тајмингот на оваа одлука...баш сега!!!???
Некој се спрема да го мрси мустаќот...:toe:
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
А бе остај...да не се разболиш овде...
И сега дури е матно,пак кражби,пак нема лекови,пак дерење на пациентите,пак гужви со вработените,пак тендери...
Јас всушност се сомневам во тајмингот на оваа одлука...баш сега!!!???
Некој се спрема да го мрси мустаќот...:toe:
За жал, на наш грб пак. Не џабе се рекло дека народот е кревет на кој се ебат политичарите.:toe:
 

lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Всушност кога прочитав подобро...штом собранието е основач...можно е значи по аналогија и самото собрание да ја донесе/потврди владината одлука?

Ах ..дојде ли на ред конечно и овој Суд ..да се реформира..односно подмлади???
:toe:
 

CurvaSud_Milan

rossoner4life
Член од
21 март 2008
Мислења
622
Поени од реакции
4
Уште еден гаф на Владата, упс, ...на дечињата кои си играат држава!
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
??????!!!!!!

Што зборуваш?!

Се читаш или не?
Во право е чоекот.
Сеа грујо ќе донесе нов закон за подмладување на уставниот суд.
И уставен судија ќе може да стане секој, со наполнети 25 години, и обавезно портокалова книшка.
Шо е ова....стара комуњарска багра се собрала таму.
Мора да се расчисти со нив.
Кочничари на реформи.
Секаде ги има, па дури и во Уставен Суд.:pos:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Во право е чоекот.
Сеа грујо ќе донесе нов закон за подмладување на уставниот суд.
И уставен судија ќе може да стане секој, со наполнети 25 години, и обавезно портокалова книшка.
Шо е ова....стара комуњарска багра се собрала таму.
Мора да се расчисти со нив.
Секаде ги има, па дури и во Уставен Суд.:pos:
Хехехехе....судство...досега(2006) со членска, т.е. со блискост до СДСМ, сега до ДПМНЕ...хехехехе...судство...
 

Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Курва ај олади малце...Се знае кој го држи судството во Македонија и зошто токму судството е најголема препорака за реформа од Европската Унија.Едноставно структурите на комуњарската творевина која полека се распаѓа успеаа да го донесат судството на најниски можни гранки.А Уставниот суд пак....во инструмент за тивко правно разнебитување на Република Македонија
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Хехехехе....судство...досега(2006) со членска, т.е. со блискост до СДСМ, сега до ДПМНЕ...хехехехе...судство...
Најверојатније е, и на обете да им одговара така.

Али Михајло е реформатор прве класе (комунистичке).
Ќе среди он све....полека, полека.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Видиш што ти е курва суд:)
Судството е едно од останатите бастиони на ретроградната сдс. Се надевам дека бргу ќе биде срушен.
Да не може значи да претне човек од тоа комунистичките лигуши.
Ко ранец полн конзерви со поминат рок се, кои мора некој шерпас да ги качи на врв.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom