Од први јули граѓаните ќе можат да го менуваат мобилниот и фиксниот оператор, а да го задржат бројот со карактеристичниот префикс за мобилната мрежа што ја користеле - 070/071, 075/076, 077/078, како и за фиксната мрежа. Услугата се вика преносливост на броеви, а ќе овозможи со плаќање на еднократен надоместок, претплатникот да мигрира кај друг оператор заедно со стариот број и префикс. Овој надоместок не смее да биде толку висок што ќе го кочи користење на услугата.
Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) потврдуваат дека од 15. месецов, заедно со сите оператори Македонските Телеком, "Т-Мобиле Македонија", "Космофон", "Вип оператор", "Он.тел" и други почнуваат со тестирање на софтверот за пренос на броевите. Според АЕК, по истекот на 15-дневниот тест период, услугата ќе се понуди и комерцијално. Таму не очекуваат проблеми со комерцијалниот старт на услугата бидејќи операторите лани ги информирале дека услугата може да стартува штом АЕК ја подготви централната база.
"Согласно договорот со Сивус од 15-ти месецов, Агенцијата почнува со тестирање на софтверот за централната база, а операторите до 1 јули треба да се приспособат за услугата", велат од Агенцијата.
Сепак, мобилните и фиксните оператори се воздржани околу терминот за комерцијален старт на услугата. Од Македонски Телеком се на став дека преносливост на броеви ќе биде овозможена на пазарот само по комплетно техничко усогласување на сите оператори. Во "Т-Мобиле" велат дека подготовките се во финална фаза, а од "Космофон" не успеавме да добиеме одговор дали од 1 јули ќе ја понудат услугата. Од "Вип оператор",пак, велат дека со нетрпение го чекаат тест периодот.
Агенцијата лани донесе правилник во кој имиграцијата на броеви треба да стартува најдоцна до 1 август 2008 година. Според утврдените правила, претплатникот кој ги има платено сите сметки, може да поднесе барање за пренесување на еден, повеќе или на сите броеви вклучени во претплатничкиот договор. Бројот може повторно да мигрира по истекот на 90 дена, откако претплатникот го сменил операторот, а може да се врати и кај стариот оператор