Библија v.s. Куран

  • Креатор на темата Креатор на темата neo_wmaster
  • Време на започнување Време на започнување
Малку оф топик

Прашање до мики1...............овде го поставувам пошто гледам последно нешто актуелно е.

Не ли ти е досадно и не ли се замараш со бесконечните објаснувања или го правиш за да има "некаква" дискусија на подфорумов

Признавам, на моменти ми е досадно па затоа коментирам само прашања кои во себе имаат барем грам желба за осознавање, а све друго прескокнувам.

Ова дека само на земјата има живот стои на климави нозе...земјата не е центар на Вселената ниту во духовна смисла...ова не можам да ти го докажам исто како што ти не можеш да ми докажеш дека си во право...блиску е денот кога официјално ќе бидат објавени фактите за контакти со вонземни цивилизации, баш ме интересира во кој ќош тогаш ќе се напикате...какви лаги ќе смислите зашто доволно ни беше од вашиот синдром "Тие му се смеат на Галилео"...

- Всужшност, не можеш НИШТО да докажеш, а уште помалку дека Земјата не е центар Вселенски во духовна смисла. Уште помалку можеш да ми ДОКАЖЕШ дека Земјата се вртела околу Сонцето. Ај , докажи!
- Јас не ти докажувам ништо, туку пред се, ВЕУВАМ, а мојата вер(б)а ја споредувам со други категории, за да биде поприемчива и поразбирлива з аоние кои не веруваат.
- „Блиску се денот?„...Ај, биди посериозен. Ниту е блиску, ниту е далеку, туку тој ден НЕ ПОСТОИ. А блиску е само денот за второто Христово пришествие. А во тој Ден, НИЕДЕН ќош нема да ни биде доволно мрачен, за да не сокрие од славата Божја.
 
ne moze site isto da mislime, nitu isto da veruvame, ako bog postoi, bog sakal takov da bide svetot, so mnogu religii, svakanja veruvanja mislenja itn...
 
Бог ни понуди ЕДНА религија, а сите други ги ДОПУШТА.
 
Бог ни понуди ЕДНА религија, а сите други ги ДОПУШТА.

Покрај сите други богови на светот христијанскиот даде своја понуда на тендерот за најповеќе верници. Има каталог (библијата) има свои агенции (цркви) и пробува да привлечи што повеќе муштерии (како и секој друг бог)
Слободна конкуренција.
Додуше фирмата “Христијанство ДООЕЛ“ се подели после и од неа се издвојиа други фирми и фирмички
 
- Пошто го наведе и славниот и погребан „М-експрес„ веројатно ти бил омилена литература.
-Има мнооогу докази за нелогичностите во ископините. Само дали некој тоа сака или нејќе да го види.
- Веќе ти посочив кои се тие докази (за паралено постоење на човекот и „саурусите„) а ти пак тераш по свое. Затоа повеќе пати имам напишано: на оние кои не веруват, ниеден ДОКАЗ не им е доволен па бараат уште и уште докази...
Аха, а извини може да кажеш то доказ е тоа и каде може д се види или прочита?
- Основата на дарвиновата теорија е заснована на принципот „,,,ако„, кој е милион пати повторен во „Потеклото на видовите„. Јак принцип, признавам.
- еволуцијата НЕ Е докажан процес и секој обид за докажување е самопреповторување. Па самите еволуционисти велат дека еволуцијата е мноооогу долг и бавен процес, кој делува „слепо„, без однапред поставена цел...И тако даље и томе слично.
- од два пара мачки, може да се родат само нови мачиња, кои пак ќе бидат мачки и по фенотип и по генотип а не некој си целосно НОВ биолошки род или вид.
процесот на еволуција ти е докажан. Пред се преку генетска анализа исто и со inbreeding. Ти кажав ако сакаш да видиш како фунцкионира в краток временски период можеш.
„М-експрес„- еве го пак!

- Кант и Ла Плас ТРГНАЛЕ од Писмото.
- Исак Њутон веќе бил христијанин а неговите истражувања, како што самиот вели, само ја докажале и потврдиле славата Божја.
- Црквата цело време вели дека Земјата е центар на Вселената во духовна а не во физичко-анстрономска конотација. Пошто само на Земјата има живот и само на Земјата е створен и Рајот и Адам, затоа Земјата сеуште е центар на Вселената. Плус тоа, Христос, првиот пат дојде на Земјава а не на Плутон. Ај погоди зашто!
[/QUOTE]
Многу наичници биле христијана, ама само да расчистиме исак њутн се откажал од христијанството. Голем дел од научниците тогаш од страв давале лажна поврзаност на црквата со нивните размислувања бидејќи во спротивно биле живи палени на клада.
За среќа во нивните истражувачки записи никаде не стои никакво спменување на никакви религиони конотации.
Тоа дека земјата е центар на вселената само во духовна смисла е чиста лага. Ставот е нагло сменет од кога е видено дека нема да можат да ги засноваат повеќе нивните твредења.
Земјата не е единствена планета во овој соларен систем каде има живот. Марс има исто или можеби не си ги видел најновите тврдења од НАСА.
А за Христос не знам зошто прв пат дошол на земјата, али јас стварно мислам дека Дејвид Коперфил има посупер моќи од него. Па го глеав направи статуата на слободата да исчезне. Може него да го прашаме зошто он дошол на земјата.
 
... Многу наичници биле христијана, ама само да расчистиме исак њутн се откажал од христијанството. ...

Треба да дифернцираш помеѓу бирократското самовозвишено христијанство (против што и Исус оштро протестирал и се борел) и суштественото!

Њутн, Толстој, Достојевски, Гете, ... никогаш не се откажале од суштината на Вечниот Животот (ХРИСТОС).
Напротив! Има сведоштва од нивните најблиски дека дури и на смртната постела ги повикувале своите најмили и ги советувале, храбреле и упатувале кон Љубовта БОЖЈА како што е посведочена во Евангелието!
 
Me интересира дали и Ѓордано Бруно во моментите на смртта ги советувал, храбрел и повикувал своите најмили кон љубовта божја?
Или некој од големите научници и писатели советувале и повикувале а дел не.
 
видете, мир нема, војната е природна состојба, нема една вера, него повеќе, затоа светот е во постојан судир...
 
Во нашава галаксија бројот на ѕвезди е приближно 400 билиони...бројот на галаксии е во милијарди...глупаво е некој да мисли дека само тука на земјата има интелигентни суштества...не можам да се одлучам кој е посмешен Мики и дружината со нивниот Бог кој го создаде човекот по ликот свој или господава Дарвинисти со нивната мајмунолика еволутивна теорија...ЧОВЕКОТ е резултат на Генетички инженеринг...
 
Religionen sind zu schonen,
sie sind für Moral gemacht.
Da ist nicht eine hehre Lehre,
kein Gott hat klüger gedacht.

Religii moraat da se cuvat,
tie se za moral napraeni/izmisleni.
Tuka niedna ne e skola,
ni eden gospod ne mislese popametno...
 
Треба да дифернцираш помеѓу бирократското самовозвишено христијанство (против што и Исус оштро протестирал и се борел) и суштественото!

Њутн, Толстој, Достојевски, Гете, ... никогаш не се откажале од суштината на Вечниот Животот (ХРИСТОС).
Напротив! Има сведоштва од нивните најблиски дека дури и на смртната постела ги повикувале своите најмили и ги советувале, храбреле и упатувале кон Љубовта БОЖЈА како што е посведочена во Евангелието!

Ако мислиш на Исак Њутн тој бил атеист. Но кога дошло да умира се премислил и станал верник. Тоа се вика страв од умирање, страв од непостоење.
 
Ако мислиш на Исак Њутн тој бил атеист. Но кога дошло да умира се премислил и станал верник. Тоа се вика страв од умирање, страв од непостоење.

ТОа се вика губење на егоистичната илузија и согледување на суштината на постоењето!

Me интересира дали и Ѓордано Бруно во моментите на смртта ги советувал, храбрел и повикувал своите најмили кон љубовта божја?
Или некој од големите научници и писатели советувале и повикувале а дел не.

Секој човек, најкасно кога ќе му се појави БОЖЈАТА Совршена СВЕТЛИНА - преку Која е сё создадено и живее а за спасение на сите се отелотвори во ИСУС - ја согледува својата грешност во својот минат живот и и се “врла“ во рацете на Љубовта БОЖЈА, со што станува суштенствен верник! Секој човек!
 
Ѓордано Бруно беше обесен за нозете, наопаку и жив спален од страна на црквата. Мислиш дека од таа перспектива можел убо да ја види љубовта божја?
 
ТОа се вика губење на егоистичната илузија и согледување на суштината на постоењето!
Да да сигурно. На религијата секогаш и било најлесно да се шири на човековиот страв.
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom