Бугарија бара 10 милијарди долари оштета од Турција

  • Креатор на темата Креатор на темата Bore69
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 септември 2007
Мислења
160
Поени од реакции
1
Бугарија бара голема отштета од Турција
906273BD316D674992DF8DC89AB7C6BD.jpg

Софија бара со 10 милијарди долари да бидат обесштетени бегалците од балканските војни
Веселин Желев
Дописничко биро на ВАЦ

БРИСЕЛ - Оптоварената земја кандидат за ЕУ, Турција се соочува со нов предизвик - соседна Бугарија се подготвува да бара од неа 10 милијарди долари како надомест за потомците на воените бегалци од 1913 година, кои турските војници ги присилиле на бегство во денешна Источна Тракија или европскиот дел на Турција.

На 21 мај Европскиот парламент усвои резолуција со која бара Анкара „да го зголеми, во духот на добрососедските односи, дијалогот со Грција (на пример, за егејскиот континентален гребен) и со Бугарија (на пример, имотните права на бугарските бегалци од Тракија) со цел да ги реши сите нерешени билатерални прашања“.

„Тоа не треба да се гледа како непријателски чин насочен против ’членството на Турција во ЕУ’“, вели бугарскиот член на Европскиот парламент Евгени Кирилов, кој ја предложи споменатата клаузула. „Напротив, тоа имплицира дека како земја кандидат за ЕУ, Турција треба да ги подмири сите сметки од минатото со нејзините соседи за да не можат подоцна да ја опседнат Унијата“.

Кирилов вели дека според договорот потпишан во 1925 година, Турција се заложила да обесштети стотици илјади етнички Бугари, кои го загубиле имотот за време на балканските војни од 1911 до 1913 година. Турските војници палеле села и масакрирале етничко бугарско население во Источна Тракија во 1913 година, додека ја одбивале офанзивата на бугарската војска, која стигнала до предградијата на Истанбул. Бегалците ја напуштиле нивната територија и имотот и се слеале во Бугарија без средства за живот.

Кирилов истакнува дека тие имаат околу 800000 потомци и легални документи кои им овозможуваат сега да го побараат нивниот имот. Посебна единица од бугарското Министерство за надворешни работи со децении работеше на ова прашање, и во 1983 година вкупниот износ на барањата на бегалците го процени на 10 милијарди долари.

Турција не беше кооперативна за ова прашање за време на студената војна, кога Бугарија беше ривал. Сепак, сега состојбата се смени. Балканските соседи се сојузници во НАТО и Бугарија се приклучи кон ЕУ на почетокот на 2007 година. Турција се' уште води тешка борба за членство, на која многумина во ЕУ се спротивставуваат. Франција, која го презеде ротирачкото шестмесечно претседателствување со ЕУ во јули, е против конечен пристап на Турција, но најави дека преговорите за членство можат да продолжат.

Резолуцијата на Европскиот парламент и' овозможува на Бугарија барањето за обесштетување да го направи дел од разговорите - под поглавје „Правда и фундаментални права“ - кои Анкара и Брисел допрва треба да ги започнат, вели Кирилов. „Имотот е фундаментално право. Без нас тие не можат да го затворат тоа поглавје од преговорите“. Тој не е сигурен дали Бугарија на крај ќе ја добие целата побарана сума. „Како и да е, само почетни преговори за тоа прашање би биле голем успех“, додава тој.

Турција одамна инсистира пред какви било разговори Бугарија да се согласи да им исплати пензии на етничките Турци од Бугарија, кои побегнале од комунистичките репресалии во средината на 1989 година и се населиле во Турција. Кирилов вели дека Софија ќе биде кооперативна за тоа и исплатите нема да бидат прекумерен товар за нејзиниот буџет.



http://utrinski.com.mk/?ItemID=2607633CADF6E748B7A0EEECC908F842
 
Бре бре бре бре....
Ни две,ни три....ами 10!
Ви се сонило нешто вас.....:pos2:
 
A nie od Grcija treba da barame 1000 milijardi.
Ama koj ke bara?! Site nasi politicari se pasivni .
 
Демек бугариштава се во еу па сега...еве и нас ни се може...па ни помалку од турција ќе бараме, а ако не даде вето ќе и дадеме...:pos2:
Гладна кокошка просо сонува...:vozbud:
 
Не можам да разберам шо има интересно во това.Или Турциja ке врати имотите или за 84 години за сега ке треба да плати 10 милиарда долара на около 1 милион души.
Треба да плати.Подпишала е дека ке плати.
 
Ако не побараш нема сигурно да добиеш .... вака нека си ја пробаат среќата
 
Не можам да разберам шо има интересно во това.Или Турциja ке врати имотите или за 84 години за сега ке треба да плати 10 милиарда долара на около 1 милион души.
Треба да плати.Подпишала е дека ке плати.

А ние од вас колку да бараме? :helou:

50 милиони можда? Море малце ќе се. hehe:
 
Абе престанете више со навредите.
Туууу, ми се праите тука наследници на просветители, големи војсководци, имепратори и незнам што.
Ако човекот не го навредува овој народ и има желба да дискутира со нас, зошто да не биде дел од ова друштво.
Ајде доста со примитивизми.

На темава.
Барај за да добиеш.
Нашиве само скара вртат, читаат по едно писмо и после на големо висока политика тресат.
Како платеници на Грците да се.
60 години не успееа да го актуелизираат прашањето на Македонците во Грција.

Во ЕУ сте и имате сега адут и го користите.

Само тој документот за Македонија не ви е арна работа.
Треба да реагирате од внатре да покажете дека Бугарија не е само Каракачанов, брат му на Караџаферис и двајцата немаат ништо со славјанското.
 
Ауу Бугарите се закачија со Лавот ќе стане густо .

10 милјарди хехе
Па барат Турците да се смират со Грците.

Македонска поговорка не се бутај таму каде што магрињата си го мерат.

До сега не познавам држава која им се има заканувано на Турција посебно држава која е била околу 5 века под турско ропство
 
Ауу Бугарите се закачија со Лавот ќе стане густо .

10 милјарди хехе
Па барат Турците да се смират со Грците.

Македонска поговорка не се бутај таму каде што магрињата си го мерат.

До сега не познавам држава која им се има заканувано на Турција посебно држава која е била околу 5 века под турско ропство
Веке видja држава коja си дири парите от договорите от Тр.
 
А колку Бугарија ќе им плати на Турците протерани после Втората светска војна? Или додека си горе наплатувај, па кога ќе те симнат моли се да ги заборавиле сметките?!
 
Веке видja држава коja си дири парите от договорите от Тр.


Па поради добри соседски односи

Македонија ги повикува Бугарија Србија Грција Албанија
да ја повртат територијата на Македонија

Да платат ошттета за 1,2 Балканска Војна итн.

Па кога ќе ги зема Бугарија парите слободно може да ги префлри на наша смета бидејки треба да се раздужи за 4 војни овој век:helou:
 
А колку Бугарија ќе им плати на Турците протерани после Втората светска војна? Или додека си горе наплатувај, па кога ќе те симнат моли се да ги заборавиле сметките?!
Малко си се пообаркал во Втората светска воjна Турциja неучествува.Па ако ми говориш за 1989- имотите им са уште на нивно име и нема шо да вршта.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom