- Член од
- 16 мај 2008
- Мислења
- 452
- Поени од реакции
- 2
Претседателот поради недавањето согласност од страна на грчките власти за слетување на авионот на Владата на Република Македонија со кој тој треба да пристигне во Атина, го откажа своето учество на Самитот на шефови на држави на Југоисточна Европа.
Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, и покрај отпочнатите подготовки за учество на Самитот на шефови на држави на Југоисточна Европа, кој ќе се одржи на 13 јуни 2008 година, во Атина, Република Грција, го откажува своето учество, информираат од Кабинетот на претседателот.
Причина за ваквата одлука е недавањето согласност од страна на грчките власти за слетување на авионот на Владата на Република Македонија со кој треба да пристигне Претседателот Црвенковски во Атина.
Причините за недозволеното слетување на владиниот авион се идентични со причините кои грчките власти ги посочија на приватната авио компанија од Република Македонија чии прелети беа забранети во Република Грција.
Кабинетот на Претседателот за ваквата одлука на грчките власти е известен од Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје, при што од истата се понудени други начини за пристигнување на Претседателот Црвенковски во Атина, а кои се неприфатливи за Кабинетот на Претседателот, пишува во соопштението пратено до медиумите.
Според претседателот Црвенковски, постапката на Грција е спротивна на меѓународните норми и принципи и не придонесува во развојот на добрососедските односи и на заложбите за споделување на заеднички европски и демократски вредности.
До Претседателот Црвенковски покана за учество на овој самит беше упатена од страна на Претседателот на Република Грција Каролос Папуљас и од Генералниот Директор на УНЕСКО Коичиро Мацура, кој е коорганизатор на самитот.
Извор
До каде ќе одат со провокациите гејциве? Ова е тивка војна кон Македонија.