Душата на неверникот е трула , Цеца песна направи за неа .. Душата на неверникот е нечиста , заслепена од лагите на Лукавиот ( бре шо глуп народ сме ,па не лаже Луци ) .. душата на неверникот е само за во пеколот да се печи , за неа нема спас , за неа нема место во Рајот ..итн итн ..
Тие , неверниците , се луѓе кои не ги почитуваат сообраќајните правила , 90% од несреќите се заради нив .. Неверниците не знаат што е љубов , па затоа сите се сами , па за да не останат без потомци , кои ќе го продолжат неверничкото верување , еволвирале во асексуални суштества ..
Душата на неверникот смрди , труи .. од сите гнили работи собрани во неа ..
Душата на неверникот ќе луте бесконечно , чукајќи си ја главата , зашо на време не ја осознала вистината , па сега мора да талка ко Дионис ..
Вака би требала да биде мојата душа ? Оти не е ...