Должностите на жената Муслиманка

  • Креатор на темата Foxy`BuTTerFLY
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Не е да бранам муслиман, христијанин, куран, библија..
не мислите дека во голем дел ов ваквите случки, тоа што мажот муслиман го прави со својата жена, нема никаква врска со тоа што го пишува во куранот?!
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Апсолутно се согласувам со тебе Foxy`BuTTerFLY.Не знам што пишува во куранот но сигурна сум дека не пишува лоши работи.Секоја религија ја почитувам.ЈАс сум христијанка и не ја познавам муслиманската вера но понешто имам слушнато.А во темава се говори за жената според куранот.А Lavanda тоа што се случило пред тебе е страшно.И според мене тоа е непочитување на жената и на куранот.Не знам како да го наречам тоа.Но факт е дека секогаш повеќе се гледале машките деца затоа што ја продолжуваат лозата а женските не.Снаа ми кога се породи лежеше во болница со жена која раѓа трета ќерка и маж и не сакаше да дојде да ја види ни сок да и донесе ниту пак дома да ја земе.Само дојде и и кажа дека татко му рекол уште една к.рва во куќа не му треба.И ај сега најдете одговор на вакво однесување?И овие луѓе не беа муслимани туку наши.Сакам да кажам дека тие работи се индивидуални.Е сега разликата е тоа што муслиманките мораат да ги слушаат своите мажи без разлика за какви катастрофални ситуации се работи како во случајов во кој присуствувала Lavanda.
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
ПРЕВЕЗОТ

Најпрепознатливо нешто кај муслиманите, односно муслиманките околу нивната верска припадност е превезот кој го носат на себе. Во Исламот се смета дека косата кај жената е најеротичното и најпривлечното нешто на нејзиното тело. Поради тоа тие се обврзани со заповед дека мораат да ја кријат косата, и тоа под марама или шамија. Тие смеат само дома, и само пред своите мажи да ја симнат марамата, бидејќи доколку го направат тоа во јавноста, пред други мажи тоа би значело дека сакаат да привлечат некој друг а со тоа и да извршат неверство.
Но има и жени кои се сокриваат од главата до своите петици, во црн материјал кој за нас изгледа како фустан и најчесто има отвор само кај очите. Една новинарка на „Гардијан“ во Лондон направи еден експеримент со кој сакаше да види како се чувствува жената од исламската вера, и какви се реакцииите на луѓето доколку видат жена цеосно „маскирана“ во црн долг фустан.
„Најпрвин црниот фустан наречен џилбаб. Потоа го ставам долгиот четириаголен хиџаб кој ја прекрива мојата глава. На крајот доаѓа никабот, кој е четириаголна вештачка ткаенина која го прекрива моето лице, освен еден процеп за моите очи и со мрежичка кај устата, веројатно наменета да пропушти малку воздух за дишење. Се гледам себе си во моето големо огледало. Преплашена сум. Целосно исчезнав, а некоја непозната жена ме гледа од огледалото. Не можам да проценам колку е стара, колку тежи, дали има тажно лице или весело, дали има долга или кратка коса, дали има воопшто некакви забележителни црти на лицето...“
...„ Мојот нов изглед ме тера да се чувствувам целосно одделена од општеството, поради што ми треба цел час за да соберам храброст да излезам од дома...“
...„ Немам доволно свеж воздух и со секој нов здив лицето ми станува пожешко и пожешко. Процепот на превезот ми паѓа до носот и ми го попречува видот. Не се ни сеќавам колку пати во текот на денот го поткревав. Не можам да смислам како ќе го пијам нарачаното капучино и кога забележав дека сите во кафулето чекаат да видат што ќе правам, се откажав и само зјапав во шолјата...“[FONT=&quot][1][/FONT]
Од друга страна, најдов напис за една жена која долги години била дел од движењето „вахаби“ и го носесше својот црн превез.
До пред само 6 месеци Нермина од Сараево беше една од жените облечени во хиџаб. Таа 5 години била член на движењето вахаби и носела долг црн фустан што го покривал целото нејзино тело, ракавици и прекривка за косата, вратот и лицето. Нермина (тоа не е нејзиното вистинско име) го напушти движењето и го отфрли хиџабот откако ја трогнаа молбите на нејзината осумгодишна ќерка да ја носи на базен.[FONT=&quot][2][/FONT]
Нермина е дел од оние жени кои се чувствуваат приморено да го носат превезот, мантијата, шамијата. Нивните сопрузи, браќа, татковци буквално им заповедале да го прават тоа, и без разлика на нивните чувства дали тие сакаат да го носат тоа или не, тие мораат.
Барајќи информации околу оваа тема, прочитав многу интервјуа, репортажи за млади муслиманки кои па и не доброволно живеат според исламот. Покрај тоа што превезот им пречи во развитокот на нивниот живот и созревање, многу често среќаваме случаи каде што превезот е и пречка за развој на кариерата. Најдрастичен и познат случај за јавноста е оној кој се случи во Гермнија,2004 год. Муслиманска, со шамија добива работа во едно основно училиште. Неколку недели по почетокот на нејзината работа е повикана од директорката на училиштето, која и пренесува жалби од страна на родителите кои несакаат нивните деца да бидат учени од страна на жена која носи шамија на главата. Целиот случај оди на суд каде што муслиманката се жали на дискриминација и се повикува на човековите права. После долг и исцрпувачки процес, многу статии по весниците и јасно поделено мислење кај граѓаните, жената го губи судењето, по кое и се воведува нов закон во Германија кој вели дека наставните кадри несмеат да ја потенцираат нивната религиозна припадност, односно дека муслиманските наставници и професори несмеат на работа да носат шамија, превез или слично.
И сите тие загуби поради религија во која доколку стварно би верувале не би го гледале сето ова како загува, но многу од нив се натерани или присилени да веуваат во неа. Како резултат на сето ова, на сета оваа нееднаквост во Коранот помеѓу мажите и жените, и поради неправилното сваќање на Коранот и притискањето на жените се појавува Исламскиот Феминизам.
Бујрум, нов материјал за разговор
 
P

Princ

Гостин
Не е да бранам муслиман, христијанин, куран, библија..
не мислите дека во голем дел ов ваквите случки, тоа што мажот муслиман го прави со својата жена, нема никаква врска со тоа што го пишува во куранот?!
Се работи за интерпретација на пишаното. Погрешна. Ретки се вистинските муслимани, и тука и било каде во светот. Види ги косоварите на пример, "муслимани" кои бајрам го слават со ракија.
Ретки се оние муслимани (и луѓе од сите други вери) кои вистински ја сваќаат пораката што светата книга кон која се осврнале ја носи. Пример, ако куранот бара од мојата жена да е покриена, јас ќе ја покријам со ќебе и ќе ја шетам низ пазар ко нинџа. Забораваме дека покривање се смета и некоја тенка, широка и хај-теч модерна шамија. Пример беше ова. Значи за сите работи кои поинаку ги интерпретираме, има сосема поинаква верзија.
Во куранот стотина пати се спомнува зборот читај. Читај и учи. Значи Господ од нас сака да учиме, да читаме, да знаеме... го бара тоа од нас. Но ние што правиме. Девојчето го задржуваме дома и не му даваме понатаму да продолжи да учи од страв да не почне да се онаквува зад школо заборавајќи дека ние не ја ни имаме моќта да го спречиме тоа. Се е во интерпретацијата.
И не ми пцуј сестра уште еднаш те молам (пример за погрешно интерпретирани зборови).
 
SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Gledajte vaka,nikoj nikogo ne smee da primoruva niti nekoj na nekogo mora da go prisiluva na nesto , prevezot go nosat onie zeni koi sebe se gledaat podgotveni za pocituvanje na islamskite zakoni i pocituvanje kon mazot a i okolinata.
Glupavo mi e da zboruvam deka nekoj na nekogo go diskriminiral ili go obespravil ke kazam samo ova :SOVRSENSTVO NE POSTOI ,SITE GRESIME, i dokolku postojat vakvi luge kako sto gore napomenavte so bebeto tie jas ne gi smetam za luge sto se pripadnici na islamskata veroispoved.
Drugo zosto mislite deka celo vreme gi prisiluvame zenite na nesto ,nivnata svest e taa sto gi tera da se prevezat i da pocituvaat islam.
A DA VE PRASAM NESTO

KAKO STOJAT ZAKONITE KAJ VAS ZA ZENITE,DA NE NESTO IMAAT POSEBNI PRIVILEGII?

Sigurno ne, slicnostite megu dvete veri se golemi , samo sto jas mislam deka hristijanite si zemaat pogolema sloboda i pocitta kon verata ne e takva kako sto zasluzuva.
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
И сакаш да ми кажеш дека 12-14 годишно девојче сака да носи шамија и да се поти во лето додека игра пред зграда? и дека не е приморено да ја носи истата? што знае тоа дете за религија и закони, биле пишани и непишани.
 
SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Pa sto zboram jas ,nikoj ne nosi samija zaradi toa sto ja primoral nekoj nego zaradi toa sto samata taa se oseka deka ima potreba i deka treba da ja pocituva verata. Isto taka se slucuvale i slucki vo koi i odbivaat samo greskata kaj nekoi e toa sto gi primoraat milum ili silum sto ne se slozuvam so toa i ne gi smetam kako pripadnici na mojata vera voopsto.
Drugo molim te postedi me od tie gluposti deka nekoj na nekogo nesto go primoruva bidejki celo vreme mi aludirate na toa ISLAMOT VAKOV ILI TAKOV ,bla bla bla, prvo vikam SEKOJ NEKA SI SE POGLEDNE SEBE SI A POTOA NEKA SUDI ZA DRUGITE .
Veruvaj mi site veri nalagaat isto samo sto vo posledno nikoj ne mu obrnuva vnimanie na toa zaradi toa sto vo denesno vreme tesko e da bidis vernik opkruzen so razni iskusenia i nevernici.
 
ќе те замолам да го прочиташ уште еднаш мојот пост, и се надевам дека ќе ја осетиш иронијата во него.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Pa sto zboram jas ,nikoj ne nosi samija zaradi toa sto ja primoral nekoj nego zaradi toa sto samata taa se oseka deka ima potreba i deka treba da ja pocituva verata. Isto taka se slucuvale i slucki vo koi i odbivaat samo greskata kaj nekoi e toa sto gi primoraat milum ili silum sto ne se slozuvam so toa i ne gi smetam kako pripadnici na mojata vera voopsto.
Drugo molim te postedi me od tie gluposti deka nekoj na nekogo nesto go primoruva bidejki celo vreme mi aludirate na toa ISLAMOT VAKOV ILI TAKOV ,bla bla bla, prvo vikam SEKOJ NEKA SI SE POGLEDNE SEBE SI A POTOA NEKA SUDI ZA DRUGITE .
Veruvaj mi site veri nalagaat isto samo sto vo posledno nikoj ne mu obrnuva vnimanie na toa zaradi toa sto vo denesno vreme tesko e da bidis vernik opkruzen so razni iskusenia i nevernici.

Прво, убо е што веруваш ама не биди прост.
Второ, од кое место си? Ме интересиа.
Трето, не е тешко.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
BREAKER7777777...Собери се со постовите...
 
SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
A be pujol , nisto ne znaes a niti razbiras a sudis.
Sto vi rekov jas vidite se samite,pogledni vo tvojata vera i slicno.
Sto celo vreme ste se nafatile islam vaka taka,ne ti odgovara nikoj ne te primoruva da go zemas tvoja odluka .
I veruvaj mi znam vo sto veruvam , samo ti toa nema nikogas da go svatis a niti da razberes
Prvo odi procitaj pa posle kazuvaj !!!!

edit:Nepristojniot rechnik izbrishan od marcus
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
dokolku postojat vakvi luge kako sto gore napomenavte so bebeto tie jas ne gi smetam za luge sto se pripadnici na islamskata veroispoved.
Забелешката е сосема на место.

Едно нешто е да ги цениме работите од денешна перспектива. Во времето кога живеел Мухамед борбата била поинаква. Животот на Арабискиот полуостров бил крајно суров, и таква била борбата за опстанок. Борбите и гинењето биле дел од секојдневието. Дел од тие до крајност сурови обичаи бил и оставањето женските новороденчиња да умрат, живи закопани во пустинскиот песок или едноставно фрлени.

Мухамед бил тој којшто ја искоренил оваа грозна традиција. Заповест која им ја пренел на своите сонародници, а потоа и на сите муслимани, е дека животот на секое дете е скапоцен дар од Бога, и тоа мора да се почитува подеднакво и за машките и за девојчињата. Во Куранот се запишани неговите зворови со кои изрично се забранува убивањето женски бебиња - ги молам муслиманите кои подобро го познаваат, да го цитираат соодветниот ајет, ако се во можност.

Така да, во примерот што е спомнат на форумов, мајката која го оставила своето бебе да умре направила неопростлив грев кон муслиманската вера.
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
69
Поени од реакции
1

Pavel,Zborovite vo Quranot ne se zborovi od Muhammed.s.a.v.s.!
Samo sakav da te popravam...Zborovite vo Quranot se Zborovi od Allah.xh.sh. objaveni na Muhammed.s.a.v.s. preku Melekot Gxibril(Gabriel)..za da bidat Upatstvo na site narodi...znaci Quranot e Objaven za Site narodi!

A okolu ajeetot mislam na ovoj ajet mislis?

. и кога девојчето живо погребано во земја ќе биде прашано:Заради кој грев е Убиено? (сура-81-Ет-Теквир,8,9ајет).

Tokmu deka so doaganjeto na Muhammed.s.a.v.s. se Otrgnala taa Grozna Arapska tradicija,koja ja praktikuvale Arapite,zakopuvajci gi zivi Zenskite deca!

Znaci,zakopuvanjeto na zenskite deca bilo vo predIslamskiot period!

So doaganjeto na Muhammed.s.a.v.s. e zaprena taa tradicija!

Pozdrav..Halid ibn Velid!
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
45
Поени од реакции
1
И сакаш да ми кажеш дека 12-14 годишно девојче сака да носи шамија и да се поти во лето додека игра пред зграда? и дека не е приморено да ја носи истата? што знае тоа дете за религија и закони, биле пишани и непишани.
Da ti kazam ja od mojata 14 godina nosam samija i toa ne zatoa sto tatko mi i moite go sakkat toa tuku zatoa sto ja go sakam toa.....a i podobro e tuka da se potime otkolku vo pekolot na mn pogolema zeztina..mijata samija ne bi ja dala za nikakva kosa i mu se zablagodaruvam na Gospod sto ja imam.mislite deka edna zena ne moze da bide ubava ak nosi samija.a nea ja nosime da bideme nezabelezlivi od stranaa na maskite.oti kolku siluvanja bi se sprecilo da site nosevme samii.oti site tie provokativni oblekuvanja vo pogolema ili pomala mera za vinovni za poveketo siluvanja.e od toa saka Allah da ne zastiti.....
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Da ti kazam ja od mojata 14 godina nosam samija i toa ne zatoa sto tatko mi i moite go sakkat toa tuku zatoa sto ja go sakam toa.....a i podobro e tuka da se potime otkolku vo pekolot na mn pogolema zeztina..mijata samija ne bi ja dala za nikakva kosa i mu se zablagodaruvam na Gospod sto ja imam.mislite deka edna zena ne moze da bide ubava ak nosi samija.a nea ja nosime da bideme nezabelezlivi od stranaa na maskite.oti kolku siluvanja bi se sprecilo da site nosevme samii.oti site tie provokativni oblekuvanja vo pogolema ili pomala mera za vinovni za poveketo siluvanja.e od toa saka Allah da ne zastiti.....

Не беше нешто со змии?:) Секое влакно на главата што ќе ти се види овдека ќе биде змија подоцна?:) Така некако ми објасни другар, кој што е Албанец.
Делот со силувањата не ти го копчам. Не носам шамија, не носам мантил, речи и дека провокативно се облекувам - па никој не ме силувал. Сакаш да кажеш дека во твојата средина и во твојата заедница е поинаку?
+ нели е провокативен никот swatki4ka? Нема Аллах да ти се налути сеа? Нема некој Рандом Џо од форумов да те најде која си и да те силува?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom