ПРЕВЕЗОТ
Најпрепознатливо нешто кај муслиманите, односно муслиманките околу нивната верска припадност е превезот кој го носат на себе. Во Исламот се смета дека косата кај жената е најеротичното и најпривлечното нешто на нејзиното тело. Поради тоа тие се обврзани со заповед дека мораат да ја кријат косата, и тоа под марама или шамија. Тие смеат само дома, и само пред своите мажи да ја симнат марамата, бидејќи доколку го направат тоа во јавноста, пред други мажи тоа би значело дека сакаат да привлечат некој друг а со тоа и да извршат неверство.
Но има и жени кои се сокриваат од главата до своите петици, во црн материјал кој за нас изгледа како фустан и најчесто има отвор само кај очите. Една новинарка на „Гардијан“ во Лондон направи еден експеримент со кој сакаше да види како се чувствува жената од исламската вера, и какви се реакцииите на луѓето доколку видат жена цеосно „маскирана“ во црн долг фустан.
„Најпрвин црниот фустан наречен џилбаб. Потоа го ставам долгиот четириаголен хиџаб кој ја прекрива мојата глава. На крајот доаѓа никабот, кој е четириаголна вештачка ткаенина која го прекрива моето лице, освен еден процеп за моите очи и со мрежичка кај устата, веројатно наменета да пропушти малку воздух за дишење. Се гледам себе си во моето големо огледало. Преплашена сум. Целосно исчезнав, а некоја непозната жена ме гледа од огледалото. Не можам да проценам колку е стара, колку тежи, дали има тажно лице или весело, дали има долга или кратка коса, дали има воопшто некакви забележителни црти на лицето...“
...„ Мојот нов изглед ме тера да се чувствувам целосно одделена од општеството, поради што ми треба цел час за да соберам храброст да излезам од дома...“
...„ Немам доволно свеж воздух и со секој нов здив лицето ми станува пожешко и пожешко. Процепот на превезот ми паѓа до носот и ми го попречува видот. Не се ни сеќавам колку пати во текот на денот го поткревав. Не можам да смислам како ќе го пијам нарачаното капучино и кога забележав дека сите во кафулето чекаат да видат што ќе правам, се откажав и само зјапав во шолјата...“
[FONT="][1][/FONT]
Од друга страна, најдов напис за една жена која долги години била дел од движењето „вахаби“ и го носесше својот црн превез.
До пред само 6 месеци Нермина од Сараево беше една од жените облечени во хиџаб. Таа 5 години била член на движењето вахаби и носела долг црн фустан што го покривал целото нејзино тело, ракавици и прекривка за косата, вратот и лицето. Нермина (тоа не е нејзиното вистинско име) го напушти движењето и го отфрли хиџабот откако ја трогнаа молбите на нејзината осумгодишна ќерка да ја носи на базен.[FONT="][2][/FONT]
Нермина е дел од оние жени кои се чувствуваат приморено да го носат превезот, мантијата, шамијата. Нивните сопрузи, браќа, татковци буквално им заповедале да го прават тоа, и без разлика на нивните чувства дали тие сакаат да го носат тоа или не, тие мораат.
Барајќи информации околу оваа тема, прочитав многу интервјуа, репортажи за млади муслиманки кои па и не доброволно живеат според исламот. Покрај тоа што превезот им пречи во развитокот на нивниот живот и созревање, многу често среќаваме случаи каде што превезот е и пречка за развој на кариерата. Најдрастичен и познат случај за јавноста е оној кој се случи во Гермнија,2004 год. Муслиманска, со шамија добива работа во едно основно училиште. Неколку недели по почетокот на нејзината работа е повикана од директорката на училиштето, која и пренесува жалби од страна на родителите кои несакаат нивните деца да бидат учени од страна на жена која носи шамија на главата. Целиот случај оди на суд каде што муслиманката се жали на дискриминација и се повикува на човековите права. После долг и исцрпувачки процес, многу статии по весниците и јасно поделено мислење кај граѓаните, жената го губи судењето, по кое и се воведува нов закон во Германија кој вели дека наставните кадри несмеат да ја потенцираат нивната религиозна припадност, односно дека муслиманските наставници и професори несмеат на работа да носат шамија, превез или слично.
И сите тие загуби поради религија во која доколку стварно би верувале не би го гледале сето ова како загува, но многу од нив се натерани или присилени да веуваат во неа. Како резултат на сето ова, на сета оваа нееднаквост во Коранот помеѓу мажите и жените, и поради неправилното сваќање на Коранот и притискањето на жените се појавува Исламскиот Феминизам.
Бујрум, нов материјал за разговор