За многумина терминот покриена муслиманка представува жена од кујна, со деца, понижена сопруга во светот на индоктринацијата, незамислива да биде про-западна...
Но се наметнува прашањето -зошто се зголемува бројот на оние западни жени кои сакаат да го примат исламот и да ја остават својата слобода позади грб.
Исламот не ја малтретира ниту ја понижува жената! Фактички тој ја ослободува како и останатите човечки суштества. Така како што можеме да видиме во зборовите на еден од асхабите, кој бил прашан од страна на персискиот генерал Рустам, зошто се дојдени, а одговорот бил:
Господ не пратил да ги изведеме луѓето од робување на луѓето во робување на Господ да ги изведеме од црнилото на овој свет во светлоста на вечниот свет (ахиретот) и да ги изведеме од тираниите на верите во праведноста на исламот.
Но дали западната жена е слободна сега? Дали им се суди по нивниот изглед или по она што го носат во главите од знаењето? Милијарда фунти годишно се трошат за фризури, шминка...итн. Има ли тука правда додека на другиот крај од светот нивните христијански сестри , се борат за живот и умираат од глад. Експлоатацијата на западната жена навистина го достигнала врвот на неправдата и од едно зло против кое се бореле тие неразмислувајќи преминале во друго, можеби дури и полошо. Само во 1992 во Америка 150 000 жени умреле од анорексија. А жената бива силувана на секои 6 минути.
Западната цивилизација е толку крута спрема своите жени. Им ја искорнала душата и чувствата после што се нашла во смртоносниот лавиринт. Тие се под притисок да ги следат диктаторите на ова друштво додека исламот учи следење само на Господ.
Во 7-от век кога жените биле понижени во секој дел на светот, запалувани како жртви или вештерки, продавани како робинки или убивани на раѓање, вистинската и чистата порака на Исламот, како што била учена од страна на Адам (Нека е Божји мир над него), пренесувана преку Абрахам, Мојсеј и Исус, повикувајќи ги луѓето. Таа иста порака ни стигнала и на нас преку последниот пратеник Мухамед (Нека е Вожји мир над него).
Кој и да направи добро дело, било да е маж или жена, ќе влезе во Рајот и ниту трунка неправада нема да им се нанесе. Куран 4:124
Првот верник во Исламот била жена, Хатиџа (Нека е Господ задоволен со неа).
Првиот шехид во исламот била жена, Сумејја (Нека е Господ задоволен со неа). Копје било прободено низ неа, и кога Пратеникот Мухамед (Нека е Божји мир над него) ја видел во таква состојба и рекол: Не жалости се Сумејја, твојата дестинација е Рајот.
Нусејба бинт Кааб го одбранила Мухамед (Нека е Божји мир над него) во битката кај Ухуд. Она убила двајца мажи со свои раце и примила 13 рани на кои им требало година дена да зараснат.
Асија, жената на фараонот, го одбранила Мојсеј (Нека е Божји мир над него), жртвувајќи го своето здравје и положба само заради Господ. Ветен и е Рај.
Многу има вакви примери низ историјата на исламот само треба да ги проучуваме.
Исламот од рани периоди има забележано многу голем број на жени научници во многу сфери на животот. Аиша (Нека е Господ задоволен со неа) била позната како муфтија на жените. Уште во 7-от век имала јака меморија а исламот и пружил средства тоа да го искористи. Имала исто така големо знаење за медицината, генеалогијата а најважно од се за исламот.
Нафиса (Нека е Господ задоволен со неа) имала толку јако знаење за хадисите (говорот на Божјиот Пратеник Мухамед) и била голем пренесувач на хадиси. Имамот Шафија, еден од најголемите и најдобрите научници во исламот учел од неа.
Зејнеб ел Газали е таа која со својата личност и борба за ислам го крунисала ова столетие на исламската историја што незначи дека не постои уште некоја. Во исламот жените нетреба да ги емитираат мажите како би биле еквивалнетни со нив.
Они се апсолутно еквивалентни од аспектот на Аллаховиот Поглед. Имаат право на студирање во текот на целиот свој живот и право на личен имот, на лична плата, работа, избор на животен сопатник, борба за воспоставување на Аллаховиот збор како горен, имаат право на поседување на лични компании и услуги и сл. Работата е дали тие тоа го сакаат и можат (зависи од нивната интелигенција и борба за живот) а никако дека исламот тоа им го забранува. Тие како такви се доволно слободни и еманципирани дури повеќе од своите сопрузи и татковци.
Имајќи ги овие права кои исламот им ги дава и ги охрабрува, уживајќи со нив потполно добро и слобода во исламското друштво. Аллах ги ослободил од покорувањето на луѓето да му се покоруваат само Нему, од црнилото на овој свет ќе ги внесе во светлината на Рајот. Зар ова не е најголемиот степен на либерација!?
Никој не смее да ги експлоатира ниту да се игра со нивната чест ниту пак да влијае врз нивниот духовен и физички развој кој не е во согласност со исламот. Никој не може да ги присили на нешто што тие не го сакаат или да ги продаде за пари.
Поради тоа!
Ние сме народот кој ја изведува жената од црнило во светлост. Ние сме народот кој ја изведува жената од робувањето на мажот во робување на Нејзиниот Создавател, Оној Кој им дал чест на овој свет и пространи одаи на оној свет. Ние сме народот кој повикува на почитувањето на жената а се противи на нејзиното искористување. Ние сме народот кој ја воздигнува жената на нејзиниот диван скроен од Нејзиниот Создавател и ние сме тие кои не смееме тоа да го измениме. Ние ги изведуваме луѓето од тиранијата на невистинитите религии во праведноста на исламот. Вера на која различната природа на луѓето и одговара и се согласува со неа. Дојдите ни во друштво!