Должностите на жената Муслиманка

  • Креатор на темата Foxy`BuTTerFLY
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
O

Omer el Faruk

Гостин
Абе момци и дјевојке. Ако на ова прашање му пристапите без никакви пристрасности ќе сватите дека никаде,ама баш никаде жената не е подобро заштитена и осигурана како во исламот.

Ама пуста љубомора, не го остава раат на човекот ,па раководен од неа ќе измислува се и сешто.

За мене мојата сопруга е принцеза,дури и повеќе од тоа.:back:

Јас сум должен да ја издржувам,почитувам, да и ги дадам сите права итн.

Генерално Исламот не ја двои жената, и таа има потполни права како и мажот во општеството и семејството, тргнувајќи од образованието па така до крај,само со таа разлика што јасно во Исламот е пропишано како треба да се однесува жената ( нормално и мажот).

Е сега што некои "муслимани" раководени од застарени национални чувства и надминати обичаи поинаку ја третираат,за тоа не е виновен Исламот.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
ухуу звучи на тепачка.Ќе ве молам или да се воздржите или да излезете надвор.:pipi:
don,t worry ! -тоа беше само контра одговор во негов стил, за да сфати како не/треба да се дискутира на овој форум.:smir:
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Psychopathia : од кај ги ископа бе овие тремини: сулевити и алевити жив ти мајка?

Ај да ти олеснам,вероватно си мислел на Сунити и Шиити.:toe:
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
45
Поени од реакции
1
Psychopathia : од кај ги ископа бе овие тремини: сулевити и алевити жив ти мајка?

Ај да ти олеснам,вероватно си мислел на Сунити и Шиити.:toe:
Sellam alejkum.....da ti kazam i ja toa go prasav.ama niss ne mi odgovori...demek edni nosele samii dr ne....cista glupost......kako da samiite ne se zadolzitelni???..gluposti....
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Абе момци и дјевојке. Ако на ова прашање му пристапите без никакви пристрасности ќе сватите дека никаде,ама баш никаде жената не е подобро заштитена и осигурана како во исламот.

Ама пуста љубомора, не го остава раат на човекот ,па раководен од неа ќе измислува се и сешто.

За мене мојата сопруга е принцеза,дури и повеќе од тоа.:back:

Јас сум должен да ја издржувам,почитувам, да и ги дадам сите права итн.

Генерално Исламот не ја двои жената, и таа има потполни права како и мажот во општеството и семејството, тргнувајќи од образованието па така до крај,само со таа разлика што јасно во Исламот е пропишано како треба да се однесува жената ( нормално и мажот).

Е сега што некои "муслимани" раководени од застарени национални чувства и надминати обичаи поинаку ја третираат,за тоа не е виновен Исламот.
Абе се фурате на некои добри морални вредности а лажете како грци. Дај ми ти некои цитати кај што се кажува дека жената има исти права како мажите од таа вашата книга.
И тие некои муслимани се изгледа 99% кои се "раководени од застарени национални чувства и надминати обичаи" и да исламот е крив за таквиот однос.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Абе се фурате на некои добри морални вредности а лажете како грци. Дај ми ти некои цитати кај што се кажува дека жената има исти права како мажите од таа вашата книга.
И тие некои муслимани се изгледа 99% кои се "раководени од застарени национални чувства и надминати обичаи" и да исламот е крив за таквиот однос.
Дечко, ај првин ти скокни до кај некоја институција која се занимава со ментални проблеми,реши си го проблемот со тебе па после обрати ми се.

Вака како што те читам, воопшто нема ни да се обидам тебе да те убедувам во исправноста на она што и така е ИСПРАВНО.
 
Член од
1 мај 2008
Мислења
300
Поени од реакции
8
Sellam alejkum.....da ti kazam i ja toa go prasav.ama niss ne mi odgovori...demek edni nosele samii dr ne....cista glupost......kako da samiite ne se zadolzitelni???..gluposti....
haheha.....alejkum sellam...
pa po moite prethodni komentari mozete da zaklucite deka
ziveeam vo Germanija...i se poznavam so nogu muslimani,
pred se od klas, od net-strani i forumi,
i siguren sum deka muslimanite se delat na Sunnite i Alevite(toa e na germanski na makedonski ne znam)
taka mi kazuvat taka vi kazuvam,
i sum siguren deka ednite se uvivaat so samii( ne znam kako se vika toa)
a drugite ne...
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Дечко, ај првин ти скокни до кај некоја институција која се занимава со ментални проблеми,реши си го проблемот со тебе па после обрати ми се.

Вака како што те читам, воопшто нема ни да се обидам тебе да те убедувам во исправноста на она што и така е ИСПРАВНО.
Ќе продолжиш да вреѓаш или ќе дадеш некои докази за тоа што го изнесе. А мојот проблем е и проблем на Европа и кога ќе и текне да го лечи... тешко тебе.
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Пред неколку недели читав книга поврзана со животот на муслиманската жена. Книгата се вика Принцезата Султана.Очекував дека ке го опишува нејзиниот живот со многу непријантности, но како што летаа страниците полека почнав да сфакам дека можеби и имаат муслиманките убав живот.Неколку делови посебно ме заинтересираа.Она за што најмногу бев против, носењето шамиии, за кое сметав дека ја крие жената и ја прави непосакувана, беше презентирано на сосема обратен начин.Се смета дека
жената која е завиткана во мантија и шамија, и на која ке и се види дел од кожата е повеке предизвикувачка и пожелна од многуте полуголи тела кои трчаа и бараат внимаие од мажите.Напротив, вниманието на сите мажи (во книгата) е насочено кон голото стапало, глужд,кој несакајки ке се појави.
Главната хероина одеше на меден месец(месеци) со сопругот во Монте Карло, Египет, и каде што ке посакаше, бидејки освен тоа што сопругот беше богат, тој мора да и ги исполнува желбите во тој период.
Немаше потрба да работат буквално ништо освен да одат на пазар да си купат облека, и да трачарат со останатите жени, и тоа нјачесто теми поврзани со сексот, и нивниот живот со мажите.
Во никој случај не ги оправдувам убиствата на оние кои ги изневериле свите мажи, или на оние кои ја изгубиле невисноста пред брак.
И уште нешто на кое се сетив во врска со муслимаската жена.Таткото на една наша политичарка (не ми текнува името на политичарката) кој е оџа, го кажа следново---Куранот вели помогни му на секој кој нема помош, кој е сиромав, на некој близок.А поблизок од моите деца, немам.Затоа на мојата керка и дадов се што и требаше за да има убав живот, можност да студира, да се омажи итн.
Сепак е до тоа кој како ке го толкува Куранот.Некој различно ја читаат истата реченица, на некој му одговара делот со 4те жани на некој делот каде треба да има само една.
Сигурно некои ригорозни делови од Куранот можеби имаат практични причини, некои се претерани.Но имам чувство дека кај мусилманите жената е почитувана и сакана.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Но имам чувство дека кај мусилманите жената е почитувана и сакана.
Think again.

She is living under police security not because there is threat of criminals or terrorists, but because her own parents are out to rake her! In other words, her parents are her worst foes at this moment because what she did, hardly any girl of her community dares to. This is the story of ill-fated Khaleda Begum, 25, whose fancy for marriage turned into a nightmare when she was forced to marry her own cousin, who was 20 years older to her. Khaleda is not the only victim of such brutal and savage custom, but many like her are forced to keep up the same brutal tradition. However, most of the girls surrender to such rituals or practices. This somewhere shows how the brutal practice like a tumor is stilling swelling up, if not openly, secretly at least.
It’s true that consanguineous marriage amongst Muslims is not a new phenomenon, however, when it comes to Muslims living in countries like England, it’s, indeed, shocking! It’s also true that customs prevailing in other communities are full of irrational ideologies but when it comes to Islam, customs and cruelty seem conspiring against women on a larger scale. The main reason for fast growing conflicts between modernity and radical Islam is that both stands head to head, especially when it comes to ideology. Supposing people brought up under the very shade of modernity, to cling to old trite traditions is quite ironic. Isn’t it? At a time when entire world is fast moving ahead, wrapping civilization in its fold, shrunk ideologies deny a woman the right to freedom, right to lead life in her own way, to choose her life partner and most ironically force her to marry her cousin or some other relative, whom she would have called brother or would have played with him. Isn’t it just a subterfuge to ravish her honor?
Here the main issue is not consanguineous marriage but brutality against women, against her honor, which is seething secretly on our world, one way or the other. For instance, the nightmarish treatment meted out to 15-year old Muslim, Turkish-German girl is there, who was rewarded with a vicious blow to the head that knocked her nearly unconscious to the floor. Her fault was just that she snapped out about herself, stating that she was too young to marry. Ironically, it was her father who gave her the deadly blow! It’s not surprising to know that just like England other developing countries also have similar tortuous pangs for Muslim women. For instance, an estimate proves that 30,000 women among Germany’s 3.2 million Muslim populations, of which 2.7 million are of Turkish origin, are subjected to forced marriages every year. In addition, thousands of Muslim women in Germany groan under brutal domestic violence. So, the question arises- Is the violence against Muslim women a global phenomenon.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
The_LadY : Убаво размислуваш. Исламот е вера на толеранција и меѓусебно почитување,вера која уште пред 14 века и ги дала на жената сите права, права кои во европа биле непознати.

Propagator : Големиот мистик Џелалуддин Руми рекол: " Се замислила мувата дека е капетан на брод кој плови по бескрајното море, веслајќи на една сламка во коњската мокрача."

Иако си со ограничени сфаќања,се надевам дека сепак ќе ја разбереш поракава.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
За многумина терминот покриена муслиманка представува жена од кујна, со деца, понижена сопруга во светот на индоктринацијата, незамислива да биде про-западна...
Но се наметнува прашањето -зошто се зголемува бројот на оние западни жени кои сакаат да го примат исламот и да ја остават својата слобода позади грб.

Исламот не ја малтретира ниту ја понижува жената! Фактички тој ја ослободува како и останатите човечки суштества. Така како што можеме да видиме во зборовите на еден од асхабите, кој бил прашан од страна на персискиот генерал Рустам, зошто се дојдени, а одговорот бил:
Господ не пратил да ги изведеме луѓето од робување на луѓето во робување на Господ да ги изведеме од црнилото на овој свет во светлоста на вечниот свет (ахиретот) и да ги изведеме од тираниите на верите во праведноста на исламот.

Но дали западната жена е слободна сега? Дали им се суди по нивниот изглед или по она што го носат во главите од знаењето? Милијарда фунти годишно се трошат за фризури, шминка...итн. Има ли тука правда додека на другиот крај од светот нивните христијански сестри , се борат за живот и умираат од глад. Експлоатацијата на западната жена навистина го достигнала врвот на неправдата и од едно зло против кое се бореле тие неразмислувајќи преминале во друго, можеби дури и полошо. Само во 1992 во Америка 150 000 жени умреле од анорексија. А жената бива силувана на секои 6 минути.

Западната цивилизација е толку крута спрема своите жени. Им ја искорнала душата и чувствата после што се нашла во смртоносниот лавиринт. Тие се под притисок да ги следат диктаторите на ова друштво додека исламот учи следење само на Господ.

Во 7-от век кога жените биле понижени во секој дел на светот, запалувани како жртви или вештерки, продавани како робинки или убивани на раѓање, вистинската и чистата порака на Исламот, како што била учена од страна на Адам (Нека е Божји мир над него), пренесувана преку Абрахам, Мојсеј и Исус, повикувајќи ги луѓето. Таа иста порака ни стигнала и на нас преку последниот пратеник Мухамед (Нека е Вожји мир над него).

Кој и да направи добро дело, било да е маж или жена, ќе влезе во Рајот и ниту трунка неправада нема да им се нанесе. Куран 4:124
Првот верник во Исламот била жена, Хатиџа (Нека е Господ задоволен со неа).
Првиот шехид во исламот била жена, Сумејја (Нека е Господ задоволен со неа). Копје било прободено низ неа, и кога Пратеникот Мухамед (Нека е Божји мир над него) ја видел во таква состојба и рекол: Не жалости се Сумејја, твојата дестинација е Рајот.

Нусејба бинт Кааб го одбранила Мухамед (Нека е Божји мир над него) во битката кај Ухуд. Она убила двајца мажи со свои раце и примила 13 рани на кои им требало година дена да зараснат.

Асија, жената на фараонот, го одбранила Мојсеј (Нека е Божји мир над него), жртвувајќи го своето здравје и положба само заради Господ. Ветен и е Рај.

Многу има вакви примери низ историјата на исламот само треба да ги проучуваме.
Исламот од рани периоди има забележано многу голем број на жени научници во многу сфери на животот. Аиша (Нека е Господ задоволен со неа) била позната како муфтија на жените. Уште во 7-от век имала јака меморија а исламот и пружил средства тоа да го искористи. Имала исто така големо знаење за медицината, генеалогијата а најважно од се за исламот.

Нафиса (Нека е Господ задоволен со неа) имала толку јако знаење за хадисите (говорот на Божјиот Пратеник Мухамед) и била голем пренесувач на хадиси. Имамот Шафија, еден од најголемите и најдобрите научници во исламот учел од неа.

Зејнеб ел Газали е таа која со својата личност и борба за ислам го крунисала ова столетие на исламската историја што незначи дека не постои уште некоја. Во исламот жените нетреба да ги емитираат мажите како би биле еквивалнетни со нив.

Они се апсолутно еквивалентни од аспектот на Аллаховиот Поглед. Имаат право на студирање во текот на целиот свој живот и право на личен имот, на лична плата, работа, избор на животен сопатник, борба за воспоставување на Аллаховиот збор како горен, имаат право на поседување на лични компании и услуги и сл. Работата е дали тие тоа го сакаат и можат (зависи од нивната интелигенција и борба за живот) а никако дека исламот тоа им го забранува. Тие како такви се доволно слободни и еманципирани дури повеќе од своите сопрузи и татковци.

Имајќи ги овие права кои исламот им ги дава и ги охрабрува, уживајќи со нив потполно добро и слобода во исламското друштво. Аллах ги ослободил од покорувањето на луѓето да му се покоруваат само Нему, од црнилото на овој свет ќе ги внесе во светлината на Рајот. Зар ова не е најголемиот степен на либерација!?
Никој не смее да ги експлоатира ниту да се игра со нивната чест ниту пак да влијае врз нивниот духовен и физички развој кој не е во согласност со исламот. Никој не може да ги присили на нешто што тие не го сакаат или да ги продаде за пари.
Поради тоа!
Ние сме народот кој ја изведува жената од црнило во светлост. Ние сме народот кој ја изведува жената од робувањето на мажот во робување на Нејзиниот Создавател, Оној Кој им дал чест на овој свет и пространи одаи на оној свет. Ние сме народот кој повикува на почитувањето на жената а се противи на нејзиното искористување. Ние сме народот кој ја воздигнува жената на нејзиниот диван скроен од Нејзиниот Создавател и ние сме тие кои не смееме тоа да го измениме. Ние ги изведуваме луѓето од тиранијата на невистинитите религии во праведноста на исламот. Вера на која различната природа на луѓето и одговара и се согласува со неа. Дојдите ни во друштво!
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Чекај пробуваш да регрутираш луѓе во исламот ? Или јас грешам ?



Ние ги изведуваме луѓето од тиранијата на невистинитите религии во праведноста на исламот. Вера на која различната природа на луѓето и одговара и се согласува со неа. Дојдите ни во друштво!
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Чекај пробуваш да регрутираш луѓе во исламот ? Или јас грешам ?



Ние ги изведуваме луѓето од тиранијата на невистинитите религии во праведноста на исламот. Вера на која различната природа на луѓето и одговара и се согласува со неа. Дојдите ни во друштво!

Верата се прифаќа со убедување,а не со сила. Никого не се обидувам да регрутирам. Се надевам дека секој е доволно свесен и паметен за да си направи избор во неговиот живот. Јас сметам дека сум го направил вистинскиот избор,а вие........па тоа си е ваше лично право и ваш личен избор. :wink:
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Верата се прифаќа со убедување,а не со сила. Никого не се обидувам да регрутирам. Се надевам дека секој е доволно свесен и паметен за да си направи избор во неговиот живот. Јас сметам дека сум го направил вистинскиот избор,а вие........па тоа си е ваше лично право и ваш личен избор. :wink:
Мене тоа ми изгледа на покана ..
Барем така делува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom