Хаха...Духовит си..Нема што...Знаеш за каква фотелја убаво зборувам...
Хаха..Човече, не знам..Ама зошто секогаш ми ги ваѓаш речениците од контекст?ЕКСПЕРТ ПО ОПШТА КУЛТУРА Е ЕКСПЕРТ ЗА СЕ!А не реков дека немаш општа култура, така да не зборувам повеќе, околу ова сам направи си проценка..
За кое?За тоа дека не си го сакаш сопствениот корен?..хммм..јас само го кажав она што го заклучувам судејќи по твоите постови...
Прашај го АВС...Тоа за него се однесуваше повеќе..
А што очекуваш да те прашам?За оризот во Овче Поле?Или за пиперките во Струмичко?...И мало дете го знае тоа..Ако сакаш во НАТО?Ќе го мениш името, ќе добиеш Титоклонија, а ти ќе бидеш титоклонец...ако не го мениш, нема НАТО...Тоа е толку кристално јасно...Бетер од ден...Ама, некој сеуште се надеваат на добрата волја на Гејлада...Гејлада, и да го мениме името ќе најди друга рачка, и пак нема да влезиме во НАТО..Ако влезиме во НАТО, нашиот распад е 99,9%невозможен, што не и одговара на Гејлада...Така да секогаш ќе постои некоја пречка која ќе и смета на Гејлада...
- Хахаха, да духовит сум пријателе, зошто да не, не е на одмет некогаш, нели, инаку во врска со фотељата ќе ти кажам само дека пукаш во празно.
- Вадам од контекст само кога ќе воочам дека некој атак спрема мене не е основан. Епитетот екперт по општа култура, мислам дека не ми стои, зошто секогаш внимавам што пишувам, и обично гледам да имам барем минимум познавање на темата за која дискутирам, така да теоријата со експертот не ти држи вода.....барем така Јас мислам.
- За тоа дека не си го сакам народот свој...не да пукаш во празно, туку и куршуми немаш, или можеби мислиш дека пукаш....ама се лажеш.............ќорци се.
А доколку со некој мој пост, сум испровоцирал таква констатација кај тебе, те молам посочи ми, па да разјасниме.
- Е сега да продискутираме малку за името, НАТО и ЕУ.
Велиш дека ако сакаме НАТО или ЕУ, ќе мора да го промениме името.
Политиката на ова Влада, потајно оди токму во таа насока, а јавно се промовира "патриотизам" и принципиелност.
Но,изборите завршија, па сега очекувам позицијата на Никола, секако она јавната, да почне да омекнува, но сеуште не ми е јасен начинот на кој ќе го соопшти тоа на пола милион гласачи, од кои добар дел гласот го дадоа токму поради принципиелноста и патриотизмот на Никола, за сметка на либералниот став на Шекеринска.
Милсам дека крајната цел околу името, и на двете коалиции е иста, со оглед дека и едните и другите ни ветуваат НАТО и ЕУ, а тргнувајќи од тоа дека обете се за продолжување на преговорите, кои ќе мора да резултираат со компромис.
Целта и на двете коалиции е да се извлече решение, кое ќе биде најповолно за нас, само пристапот е различен.
Додека едните најповолното решение го гледаат преку дипломатија и конструктивни преговори.
Другите го гледаат преку референдум.
Референдумот како термин, сам по себе е форма на изразување на желбата на народот.
Но референдумот, со себе повлекува и многу, многу прашања, на кои ние како народ останавме, и сеуште сме без одговор...без да навлегувам во тоа дали истиот ќе биде успешен или не.
Да заокружам.
Значи има многу зошто, на кои треба да следи затоа, токму од оние кои сега се на власт.
Се надевам дека во наредните месеци, ќе се отвори јавна и конструктивна дебата токму по ова прашање, за да дојдеме до одговори, кои иднина значат. :smir: