ДИК го поништи гласањето во 68 избирачки места
Државната изборна комисија, во текот на вчерашниот ден и рано изутринава, поради неправилности, го поништи гласањето во 68 избирачки места во Изборните единици 1, 2 и 6.
Имено, Комисијата, врз основа на приговорите од ДПА го поништи гласањето во 13 избирачки места и тоа во избирачкото место 2133 во општина Јегуновце, 821 и 829 во општината Зајас, 502 во Гостивар, во избирачките места 785, 790, 791,792, 793 и 796 во Осломеј, 1101 во Куманово, 2473 во Чучер Сандево и избирачкото место 2890 во Чаир.
Врз основа на приговорите поднесени од коалицијата ВМРО ДПМНЕ, беше поништено гласањето во 48 избирачки места. Во општина Чаир, во шест избирачки места, и тоа 2884, 2885, 2886, 2887, 2888 и 2889, во Липково во 19 избирачки места 1105, 1106, 1108,1109, 1110, 1111, 1112, 1113, 1114, 1115, 1116, 1117, 1118, 1119, 1120, 1121, 1124, 1125 и 1129. Во Тетово гласањето беше поништено во 19 избирачки места 1938, 1939, 1940, 1953, 1985, 1986, 1987, 1988, 1989, 1990, 1991, 1992, 1993, 1994, 1995, 1996, 2000, 2001 и 2002, додека во Боговиње во две избирачки места, 2067 и 2068 и исто толку во Зајас, во избирачките места 821 и 828.
Како што стои во соопштението, Државната изборна комисија го почна разгледувањето и на приговорите поднесени од ДУИ, при што врз основа на доказите беше поништено гласањето во избирачкото место 2125 во општина Јегуновце и во шест избирачки места во општината Врапчиште. Седницата беше прекината во 2 часот изутрина, а нејзиното продолжение е закажано за денеска во 11:00 часот.
Доколку подносителите на приговорите не се задоволни од решението на Државната изборна комисија, имаат право на жалба до Врховниот суд на Република Македонија, кое треба да го поднесат во рок од 48 часа од приемот на решението.
Претходно, по сила на закон, поради прекин на гласањето што траело подолго од три часа, беше поништено гласањето и во други 25 избирачки места, од кои шест во општината Сарај, во Изборната единица 1. Во Изборната единица 2 беше поништено гласањето во 11 избирачки места и тоа во општите Чучер Сандево, Арачиново и Куманово. Во изборната единица 6, пак, беше поништено гласањето во осум избирачки места, и тоа во Дебар, Желино, Брвеница и Гостивар.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 06.06.2008 09:12:09