- Член од
- 26 јануари 2007
- Мислења
- 2.202
- Поени од реакции
- 1.943
Ајде вака.
Од кога постои интегралниот леб? Еве гледам белиот леб скоро и не се произведува зошто нема побарувачка за него?:nenene:
Ако до толку не чини пржениот компир зошто сите јадат помфрит и брза храна?
Се треба да се внесува во одредена количина. Значи автоматски на се треба да се внимава.
Овошниот шеќер можеш да го внесуваш кога сакаш и колку сакаш? Е па не баш според она што го пишува, затоа што по ручекот шеќерот кој се внесува во организмот се претвара во масти. И сега?
Некои работи си се контрадикторни сами по себе, затоа прави си онака како што ти одговара, секој има различен организам и различно поднесува исти количини на материи.![]()
Ај да се доразбереме...
Од кога постои интегралниот леб-не знам.За мене постои веќе 3 години.

Кој рече дека нема побарувачка за белиот леб? Има.И секогаш ќе има.Некои луѓе не сакат да се одвикнат од него и да се свртат на поздравото.

Зошто сите јадат помфрит и брза храна? Зашто им е слатко.:potsmev:
А не верувам дека постои некој што не слушнал досега дека фаст фуд е нездрава храна.

За тоа со шеќерот...како прво-не реков кога сакаш туку колку сакаш и можеш.

Во масти се претвара сето тоа што не си го потрошил во текот на денот, односно ако јадеш повеќе отколку што можеш да потрошиш.
Нема врска ако јадеш овошје после ручек дека веднаш во масти ќе се претвори.Има време до ноќта.Ќе се потроши.Освен ако некој јаде премногу обилен ручек, па не само тоа туку и обилна вечера...тогаш овошјето не е криво.:smir: