Забрането носење кратки пантолони во училиште...?

Статус
Затворена за нови мислења.

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Добро бе човек.Што требаше сеа сите да те жалиме што лошата држава те тера да носиш долги пантолони? Изгледа дома твоите цел живот те размазувале па сега така се однесуваш.Свати дека никогаш ништо нема да биде совршено посебно не во нашава мала државичка.И мене не ми е право колешката да има 10 зашто се мува со асистентот а јас да учам и па да не извадам 10 ама шо да праам сеа? да отварам теми и да чекам да ме сожалуваат? од сожалување ништо не се менува. Ако толку ти смета стани иди тужи пишувај молби жалби тужби.Ние и да се согласиме со тебе неможеме да ти помогнеме, моето поминало ја завршив школо како и многу тука.
Државата е народот нели?
Значи, ние сме државата.
И можеме да го смениме тоа...why not?
Можеби дома не ме научиле да трпам неправди..
Знам знам, тоа ми е јасно уште одамна, затоа и ја мразам македонија, и штом ќе имам прва шанса, ќе ја напуштам засекогаш.
Можеби не чекаш да те сожалувааш, но, што планираш, до кога така?
Зошто не се согласувате со мене..?
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
A не затоа што не сум во право?
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
A не затоа што не сум во право?
дај бе не ни тестирај нервите..
НЕ СИ ВО ПРАВО... ЗАДОВОЛЕН?
мене денес ми е топло да речеме тоа ме оправдува да одам гола во школо?

што си ти привилегиран да одиш со кратки панталони? на останатите не им е топло?

Забраната е мошне добра но треба да ја практикуваат сите професори. училиште е,не е стриптиз бар
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Кај нас у Ѓорги не е забрането...Со кратки си идам цело време, неам намера да зовривам
 
V

Viktoranius

Гостин
Ги прочитав сите 10 страни, и сите тие што не одат на училиште то ес завршиле се согласуват со предлогот да не се носи куси панталони.
Јас одам на школо како сакам, неможат да ми забранат на +35 степени да одам со фармерки на школо.
Можат да стават компјутер за секој ученик, зошто да не можат да стават макар и по една клима во секоја училница ?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
6
Поени од реакции
0
Училиштето е јавна установа која има свој одреден куќен ред. Тоа што учениците не се свесни дека постои е нивни проблем.
А и сметам дека сериозноста на една институција се гледа токму низ ова. Ако веќе не можеме да обезбедиме еднаква униформа, тогаш барем да ја задржиме пристојноста.
За првото болдирано сметам дека не проблем само на ученикот туку и на неговите родители, кои треба да му објаснат на своето дете дека постојат одредени правила на облекување во зависност од ситуацијата. За второто болдирано: Во Јапонија униформата на девојките се состои од кратки сукњички. Униформа е па не е пристојна.

Должината на панталоните не е голем показател колку тие пристојно делуваат. Може да бидат дооолги а непристојно припиени. Умерено кратки панталони и сукња (должината да речеме да е малку под колената) направени од лесен матерјал во комбинација со покомотна маичка со кратки ракави се сосема пристојна комбинација за одење на училиште во летните денови.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Културата на јапонците и онаа на македонците е различна. Ако даваме споредби, во Ирак девојките воопшто не одат на училиште, а во Саудиска Арабија според истата култура не смее да им се види ни делче од кожата. Значи споредбата не е на место бидејќи во различни култури постојат различни правила по разни основи.

Ако сакате да го менувате системот и начинот на живот, не се мешам, млади сте/сме, ако сме сложни и планина ќе поместиме...
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
дај бе не ни тестирај нервите..
НЕ СИ ВО ПРАВО... ЗАДОВОЛЕН?
мене денес ми е топло да речеме тоа ме оправдува да одам гола во школо?

што си ти привилегиран да одиш со кратки панталони? на останатите не им е топло?

Забраната е мошне добра но треба да ја практикуваат сите професори. училиште е,не е стриптиз бар
Докажи ако така мислиш!!!

Претеруваш!!
Каде реков дека треба да одиш гола? Не зголемувај.
Јас само сакам да биде дозволено да се носи 5-10 центиметри пократки пантолони. Што, гол сум ако носам толку пократки пантолони?

Да, а правилата за обезбедување услови во кои што може да се одвива наставата, поточно обезбедување нотмална температура, што е можно поблиску до 20 степени целзијусови не треба да се практикува?

...во кој стриптис бар за соблекување се смета носење на пантолони пократки за 5 до 10 центиметри?
Кај нас у Ѓорги не е забрането...Со кратки си идам цело време, неам намера да зовривам
Те поддржувам.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Денес имавме часови по практична настава.
Како и секој ден кога температурите на воздухот се повисоки од нормалните, така и денес, за на училиште облеков кратки пантолони.
Стигнувам школо, влегувам во училница...
После некое време, професорот почна да ни кажува дека тој пред еден ден рекол да не доаѓаме на практична настава (инаку таа се одржува во кабинетот по информатика, така да не е потребно носење на посебна опрема за заштита и слично... ) по кратки пантолони и.т.н....
Јас малку реагирав збунето, но после кратко време му кажав дека немам исти мислења како него, мислам дека нема причини да биде забрането носењето кратки пантолони, и плус температурите во училиштето се повисоки од нормалните, така да и во случај да постои ( ама не верувам дека постои ) некаков закон кој го забранува носењето куси пантолони, ние сме приморани да носиме кратки пантолони, во спротивно „ќе зовриеме“...
Професорот сфати дека нема вистинити факти и причини со кои може да ја оправда својата одлука за забрана на носењето на тој вид пантолони, па ми се развика. Потоа, поради галамата во училница, и тоа што професорот ми се развика, јас, со цел моите мислења да бидат слушнати, малку ја зголемив амплитудата на мојот глас.
Потоа, професорот викајќи ми рече да излезам надвор.
Јас тоа и го сторив, затоа што немав друг избор...

И сега ме интересира дали и вас ви се случило такво нешто, дали можете на училиште да ги носите овој вид на пантолони, а најмногу од се` ме интересира што треба да правам сега, и што да правам...
Не оправдувам насилства од страна на професорите, ама јас да бев на негово место за уши и на клоци ќе те истерав надвор од час. Како смееш да креваш глас на професор кој ти укажува на тоа дека треба да си примерен додека си во училиште? Се` на мајтап земате, па како што рече Емма, ќе барате после тука материјали што сами треба да ги работите. Остана мал број на ученици што ја знаат вистинската причина зошто одат на училиште, а тоа е веќе алармантна ситуација. Страшни сте!

Па кај мене се дешава тоа и често, имав веќе пишано на друга тема слично ама овде е подобро поопширно да кажам.
Значи кај мене во училиште НЕ е забрането да се носат кратки панталони ама затоа тука постои мојата класна, што незнам што и е проблемот ама не ни дава да носиме кратки, не сме личеле на ученици.
Е ај сега на овие горештини да се топиме, по фармерки. Едноставно не е фер!
Затоа постои летен распуст, кога може да си ги ладите главите кои ви зовираат без потреба. Неколку дена поголеми температури ќе издржите и во фармерки или некои потенки панталончиња. Мене па ми е криво што некои професори не гледаат на облеката, кога веќе вие не знаете како треба да изгледате на училиште.

Ги прочитав сите 10 страни, и сите тие што не одат на училиште то ес завршиле се согласуват со предлогот да не се носи куси панталони.
Јас не одам да, но сум одела некогаш ако не па и сум се облекувала пристојно, без оглед на температурите. И пак да кажам ... неколку дена секој може да издржи, а потоа ви доаѓа распуст кога можете и голи по улици да шетате.

Жити младината наша ... само кукате наместо да учите и постигнете нешто во животот.:uvo:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.496
Kaј мене во школо ако сакаш можеш и гол да одиш, никој нема ни А да ти рече, башка фаца ќе бидеш, ако гледаме на тоа. Разбирам јас дека е топло, и мене ми е топло, ама на училиште си, има кодекс на облекување, да дојдеш на училиште по кратки пантолони е исто како да отидеш на свадба во дрес. Едноставно не оди. Ќе поминат 5-6 часа, ќе си дојдеш дома, ако сакаш и гол соблечи се, не си во институција.
И нема да носите фармерки, ќе си земете потенки пантолони. Имам ленени пантолони, ми држат поладно од кои било кратки да ги облечам. Туку, не е нешто поладно ако носиш кратки, кога е спарно, спарно е.
А не, од кај мене се расоблекле по апостолки, допичињаци и прслуци, ѓоа на плажа се. Срамота.
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Не оправдувам насилства од страна на професорите, ама јас да бев на негово место за уши и на клоци ќе те истерав надвор од час. Како смееш да креваш глас на професор кој ти укажува на тоа дека треба да си примерен додека си во училиште? Се` на мајтап земате, па како што рече Емма, ќе барате после тука материјали што сами треба да ги работите. Остана мал број на ученици што ја знаат вистинската причина зошто одат на училиште, а тоа е веќе алармантна ситуација. Страшни сте!


Затоа постои летен распуст, кога може да си ги ладите главите кои ви зовираат без потреба. Неколку дена поголеми температури ќе издржите и во фармерки или некои потенки панталончиња. Мене па ми е криво што некои професори не гледаат на облеката, кога веќе вие не знаете како треба да изгледате на училиште.


Јас не одам да, но сум одела некогаш ако не па и сум се облекувала пристојно, без оглед на температурите. И пак да кажам ... неколку дена секој може да издржи, а потоа ви доаѓа распуст кога можете и голи по улици да шетате.

Жити младината наша ... само кукате наместо да учите и постигнете нешто во животот.:uvo:
Колку што има право професорот „да ми се дере“ мене, толку имам право и јас нему, т.е. никој од нас нема право, но, сепак, го направи тоа. Ако тој не ги почитува правилата, зошто јас би го направил тоа?
Инаку, не го знаеш начинот на кој го направи тоа.
Ќе го објаснам накратко.
Тој на прашањето: Зошто да не носам пантолони кои се пократки 5-10 центиметри , кога температурата на воздухот во просторијата е поголема од нормалната?, добив одговор: „Затоа што јас така сакам!!!“, и тоа не само со повисок тон од нормалниот, туку и како да покажуваше голема моќ со него, звучеше како диктатор...
Мене тогаш ми пукна „филмот“, немаше што друго до правам...

..А зошто да зовриваме без потреба, само поради тоа што на некому му текнало да забрани да се носат малку пократки пантолони?

..Се разбира дека можеме да издржиме, но зошто да се чуствуваме лошо, да страдаме, да зовриваме, кога не мора да го правиме тоа, можеме едноставно да облечеме пократки пантолони...?

Јас сум еден од најдобрите ученици во класот ( но само по природните науки ).....

Kaј мене во школо ако сакаш можеш и гол да одиш, никој нема ни А да ти рече, башка фаца ќе бидеш, ако гледаме на тоа. Разбирам јас дека е топло, и мене ми е топло, ама на училиште си, има кодекс на облекување, да дојдеш на училиште по кратки пантолони е исто како да отидеш на свадба во дрес. Едноставно не оди. Ќе поминат 5-6 часа, ќе си дојдеш дома, ако сакаш и гол соблечи се, не си во институција.
И нема да носите фармерки, ќе си земете потенки пантолони. Имам ленени пантолони, ми држат поладно од кои било кратки да ги облечам. Туку, не е нешто поладно ако носиш кратки, кога е спарно, спарно е.
А не, од кај мене се расоблекле по апостолки, допичињаци и прслуци, ѓоа на плажа се. Срамота.
Баш поради тоа дека е институција, во неа температурата на воздухот треба да биде нормална.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Колку што има право професорот „да ми се дере“ мене, толку имам право и јас нему, т.е. никој од нас нема право, но, сепак, го направи тоа. Ако тој не ги почитува правилата, зошто јас би го направил тоа?
Ајде бе ...
Ти си минимум два пати помлад од него и прво од основна култура ќе си поќутиш, потоа поради фактот што тој ти е професор, а трето поради тоа што тој е во право, без оглед која причина за истото ти ја кажал.
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Ајде бе ...
Ти си минимум два пати помлад од него и прво од основна култура ќе си поќутиш, потоа поради фактот што тој ти е професор, а трето поради тоа што тој е во право, без оглед која причина за истото ти ја кажал.
Правилата се прекршени од двете страни, без оглед на околностите.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.496
Баш поради тоа дека е институција, во неа температурата на воздухот треба да биде нормална.
Да, но ова е Македонија и многу работи се ненормални, директори крадат од буџетот на школото и нема пари за клима. Тие од Меѓународна Матура кај мене имаат клима во нивната училна, ние во нашите немаме.
Тоа е. Не можеме ништо против некои работи и ќе трпиме. Не е лошо да се челичи човек, јас на 12 години имав сила да пливам во вода од 15 степени, а надвор беше -20 степени. Плус топлото време не е некој напор што не може да се издржи.
Повеќе ми смета кога одам на училиште или се враќам дома, тогаш сонцето ми удира во глава и е поопасно, и треба за тоа да се дебатира.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom