Не ти е срам да лажеш ?????????? :nenene:
Кои анкети покажувале дека е така ?????????
Тврдиш дека анкетите покажувале 4:1 во корист на ВМРО ДПМНЕ 2002 ра
СДСМ уверливо води, партијата на Ахмети пред ВМРО-ДПМНЕ
Коментари (0)
16.07.2002 00:00
Се уште е висок бројот на лицата кои не се определиле за кого ќе гласаат
Истражување на јавното мислење, што пред изборите, го спроведе американскиот Интернационален републикански институт, не само што го потврди уверливото водство на опозициониот СДСМ, туку и покажа дека ДУИ на Али Ахмети има повисок рејтинг од партијата ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Љубчо Георгиевски, пишува денеска „Утрински Весник“.
Според резултатите од анкетата што ги пренесува весникот, од 1.200 испитаници за СДСМ се определиле 23,3, за ДУИ 9, а за ВМРО-ДПМНЕ 8,8 насто. ДПА ја ужива поддршката кај 4.8 насто од испитаниците, за ЛДП се изјасниле 3.8 насто, додека листата „влијателни партии“ завршува со ПДП за која се определиле 3.0 насто од анкетираните.
Според анкетата се уште е висок бројот на лицата кои не се определиле за кого ќе гласаат - 30,5 насто, додека 15 проценти изјавиле дека нема да гласаат