Избори 2008 - последен ден пред изборниот молк

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
taka e majstore koga e VMRO na vlast ima za site so gi nabroja a koga e sds ima za rada- suvo picesta,i tie drugite komunjarcinja
Па сега..не сум баш сигурен!! Да имаше и за другите комуњарчиња немаше НСДП да постои него ќе сиостанеа во СДСМ :) Ама јебига, Бране отиде и партијава скина конци!! Ај уше овој мандат .. па ако не не заебе Груевски ќе тепа и по трет пат!
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
Нема везе, не зборете така за Рада (алиас ЈАС), она се влажни кога е во ораторски филм пред народот и евентуално дома кога ги преслушува говорите на Бране ...
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Верувај дека анкетите се важни ;)
За тоа зошто се разликуваат толку треба да видиме на кој начин се спроведени и дали се репрезентативни. Анкетите се наука а не можеме ние овде да ги прогласиме за безпредметни. Ама да ти кажам право ја не сум сега толку запнат да ја истражувам разликата од проста причина што не ми е битно дали разликата е 10 или 20% можам 5 дена да чекам и да го видам резултатот.
Anketite se bitni kako "doping" za neopredelenite.....vo situacija koga "predmetot na anketata" pocnuva da cuvstvuva deka nema sto novo da kaze..i se poveke zalicuva na rastiman vergl...: toa se odnesuva na site involvirani "premeti "....vo anketiranjevo :)
Celata kampanja pocnuva veke da go gubi kompasot i se poveke zalicuva na psiholoski tretman so cel da se postigne "uspeh" koj stanuva cel sam za sebe...te e za MATERIJALNATA DOBIVKA NA IZBRANITE.... koi ubavo znaat deka gi mamat "kupuvacite" so lazni vetuvanja.....jebi ga... :)

Ja slusate li gospogjata Kunovska...koja patem smeni nekolku boi na perjeto..."dosta mi e politika..kabinetot mi e poubav od onoj na.... " znaci doticnata se nafatirala dobro so svojot "politicki" angazman...pa sega odi ponataka......, a taka i site segasni , bivsi i verojatno idni......politicari...
Ne mi e jasno sto samo tolku se derat na toa mitinzite...mislat deka narod e gluv...????
 
Член од
14 мај 2008
Мислења
203
Поени од реакции
0
Најдобро би било, ако веќе сме кај анкетите, ... форумов да испрати ПП на секој јузер со молба да штиклира за која партија ќе гласа и додадена опција неопределен, не гласам .. и ќе имате многу добра анкета од околу би рекол 250,300 гласови барем.
Интересна идеа, ја прифаќам!
 
Член од
14 мај 2008
Мислења
203
Поени од реакции
0
23 општински ограноци на НСДП во Македонија му откажале послушност на Титота Петковског.. :tv:
Мислам дека од на Столе Партијата беа тие со послушноста!
Па, добро оние пратеници кои ќе ги освоие сонце, половина ќе им заминат кај Столе или Тито на кои можи да им текни после да станат незацивисни:) Како по обичај нели?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Да, сега гледав вести, Столе останал сам :)
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
Мислам дека од на Столе Партијата беа тие со послушноста!
Па, добро оние пратеници кои ќе ги освоие сонце, половина ќе им заминат кај Столе или Тито на кои можи да им текни после да станат незацивисни:) Како по обичај нели?
Да Да , јанлаш сум бил.. Столета го напуштија дами и човеци !! :) тоа ти е ..
А НСДП фракција има..која ако тргне по добар пат може да биде квалитетна левичарска партија со рејтинг како СДСМ.. :)

А на вести глеав анкета една... викаат вака ако се гласа денеска, ВМРО-ДПМНЕ има над 61 пратеник. :helou:
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
Шеќеринска: Незнам кој заминал во Скопје, кога цел Ресен изгледа дека е на овој плоштад

Неделата на 25 мај, се одржа голем митинг на преполниот плоштад во центарот на Ресен. Неколку илјади жители од Преспа излегоа на митингот да ги поздрават кандидатите на Сонце – Коалицијата за Европа.

На граѓаните им се обратија ресенскиот кандидат за пратеник, Славица Божинова, носителот на листата Јани Макрадули, претседателот на ЛДП, Јован Манасијевски, како и претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска.


“Премиерот го заборави проблемот со Преспанското Езеро, ги заборави училиштата, ги заборави болните луѓе. Во 2006-тата дојдоа на власт со програма во која на Ресен му ветуваат автопатска делница помеѓу Ресен и Охрид. Поминаа 18 месеци – од патот ни трага ни глас” рече ресенскиот кандидат за пратеник, Славица Божинова.




“Ќе ни отворел народни кујни во Ресен, ние од ова место ќе им порачаме дека во Ресен и ресенчани и преспани не сакаат народни кујни, овој народ е вреден и трудољубив , сака да работи да живее достоинствено со сопствениот труд, а не Никола да ги храни во народни кујни. Токму затоа овде попладнево сме заедно да им речеме стоп на обидите за перење на мозокот” рече Славица Божинова, кандидат за пратеник од Ресен.



Во меѓувреме турската партија на локално ниво во Ресен објави коалицирање со “Сонце – Коалиција за Европа” и им се придружи на ромските и неколку македонски партии кои на локално ниво ќе коалицираат со Сонце, а на државно со ВМРО-ДПМНЕ.


“Го повикувам мојот народ во Ресен и пошироко, на први јуни масовно да излезат на гласање, да го дадат својот глас за Коалицијата Сонце и да го заокружат бројот 4, затоа што тоа е најдоброто за нас. Оваа коалиција не е направена за сега, да не здружи, туку нашето вековно пијателство ја направи оваа коалиција. Тешко тие што чекаа избори за да направат коалиција, тоа е неприродно вештачки – како пороен дожд.” рече Наџи Таировски, од турската партија.



Јован Манасијевски ги обвини ВМРО-ДПМНЕ, дека во новата програма на чудата во 100 чекори зачленувањето во НАТО и ЕУ е ставено на исто рамниште со правење на репрезентација на Македонија со хокеј на мраз.

“Нашите определби се до крајот на оваа година преговори со ЕУ, до крајот на оваа година – членство во НАТО, до крајот на оваа година безвизен режим” рече Јован Манасијевски, претседател на ЛДП.

Манасијевски додаде, “Со гласот за ВМРО ДПМНЕ, остануваме на овој балкански слеп колосек, сите околу нас грабаат напред, гледате и Албанија прави џиновски чекори напред. Една Србија се определи за Европа. Истата Србија не надмина и на економски план, нивната просечна плата денес е 400 евра, а во Македонија никако да мрднеме од 250 евра. Затоа на први јуни изборот ќе биде дали ќе се определиме да влеземе во европската лига или ќе испаднеме во последната балканска лига во која ќе останеме само уште ние и Косово, тоа е изборот со кој ќе мора да се соочиме. Ова ви го велам крајно одговорно зашто само пред две години доколку некој ви речеше дека денес ќе се споредуваме само со Албанија и дека според многу параметри Албанија за жал е пред Македонија – немаше да верувате, ќе кажевте говорат повторно политичариве лаги и глупости. Меѓутоа со владеењето на оваа власт последниве две години тоа денес стана сурова реалност.” рече Манасијевски.

“Сега додека инфлацијата во Македонија е над 10%, во Албанија е само 4%. Сега куповната моќ на просечниот граѓанин на Албанија е повисока од просечниот граѓанин на Македонија. Тоа се суровите податоци, тоа е вистината на која што мора да им погледнеме во очи. Без разлика на безобразните реклами со кои досега во овие десет дена од кампањата потрошија 10 милиони евра, а минатата 35 милиони за владини реклами. На први јуни да им кажеме доста го крадевте овој народ, срамота, тие пари ќе знаеме да ги потрошиме на европски проекти.” заврши Јован Манасијевски, лидер на ЛДП.



Јани Макрадули, носител на листата во петката ја повика власта да не ги заплашува граѓаните и да го осуди последниот инцидент во кој беа издупчени четирите гуми на автомобилот, а истиот беше и сериозно оштетен кој е во сопственост на општинската организација на СДСМ.
“Незнам кој заминал во Скопје, кога цел Ресен изгледа дека е на овој плоштад” – рече Радмила Шеќеринска.

“Ова не се партии, кои зборуваат за заедништво и прават коалиција само за избори, немам дилеми ниту за Ресен, ниту за другите општини низ Македонија дека и турскиот, и ромскиот и влашкиот и српскиот и бошњачкиот народ ќе бидат овде, ги пуштија само претседателите на таканаречените партии да одат во онаа коалиција, ама граѓаните и гласачите остануваат на страната на Сонцето” додаде Шеќеринска.

Реакциите се дека ваков масовен митинг немало уште од 2002-ра на ресенскиот плоштад.















pak tresis gluposti najmal miting do sega na sdsm vo resen podpomognat so avtobus od ohrid i nekolku kombinja....zaso na forumdziive mozes da im kazes ama mene ne zaso vidov so svoi oci
 
Член од
14 мај 2008
Мислења
203
Поени од реакции
0
У моментов додека јас и ти седиме дома и одмараме од глупости...
НЕКОЈ ЛАЖЕ дека `му дошле` цел плоштад луѓе,скопјани.
Собрал и куцо и сакато,и болно и здраво....
од цела Македонија.
Платил преку 300 автобуса (од ДРЖАВНИ пари)
и со истите тие пари ја продолжува преродбата.
Жална работа. :toe:

А скопјани?
Скопјани од тоа што видов по паркинзи,по тел. итн...
СИ СЕ ДОМА.
Другар скрос си се збунил...Како прво митингот и кога се најавуаше јасно и гласно беше кажано дека е повик до сите граѓани во Македонија...
Зошто едноставно не ги искористите овие останати денови да ни кажите што програма имате, како ќе не внесите во нато, еу...ниеден АМА ниеден ваш кандидат за пратеник на ниедна АМА на НИЕДНА ТВ не одговорил на тие прашања...Вие сами си правите македонскиот народ да ве мрази повеќе....

И патем, во БТ од се што успеало да се собере, Ресен, Демир Хисар и се околу успеаа да наполнат паркинг од 150 коли...Ајде искористете ги овие неколку дена да кажете нешто позитивно за Македонија, за народот...и онака од 2 ќе треба да се занимавате со внатрешни реформи!
 
Член од
14 мај 2008
Мислења
203
Поени од реакции
0
А, да заборавив да надополнам, баш тоа дека сите со од градот каде се одржува митингот е реторика на Рада ала Шеќерка...
1. Пример, Кочани...демек сите биле од таму а првите плакати пред нејзините очи пишува БЕРОВО, ПЕХЧЕВО:)
2. Пример, Битола...Битолчани со знамиња од ОШ Ресен, Демир Хисар пред нејзините очи..СМЕА
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ако заборави да надополниш, имаш опција ИЗМЕНИ.
 
Член од
14 мај 2008
Мислења
203
Поени од реакции
0
pak tresis gluposti najmal miting do sega na sdsm vo resen podpomognat so avtobus od ohrid i nekolku kombinja....zaso na forumdziive mozes da im kazes ama mene ne zaso vidov so svoi oci
Ако, ако на први ќе чекаме да видиме што ќе пишат...или дека нешто е наместено...тоа е вашата програма, што ја договоривте во петокот во Александар Палас во СК...ќе импровизирате нереди, местенки????
Затвороте се во вашите домови, срам сте за Македонија!
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ако, ако на први ќе чекаме да видиме што ќе пишат...или дека нешто е наместено...тоа е вашата програма, што ја договоривте во петокот во Александар Палас во СК...ќе импровизирате нереди, местенки????
Затвороте се во вашите домови, срам сте за Македонија!
Лиферува инсајдерски информации демократов.
Најдете го кртот!
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
А овој словенечкиот демек не е "независен", или неговата филијала овде : )))

Седи.

Изнаникнаа институти и експерти ко печурки. Добар дожд врне изгледа, им годи :)
Врне,врне....
Тие ним дожд од пари,они за возврат процентчиња.:)Тумачи на рејтинзи еден куп.
Аман нека мине први веќе еднаш.Агонија...

Да, сега гледав вести, Столе останал сам :)
Таман да си умре во фотелја.:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom