Живееме во безбожен свет

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Ова сериозно го напиша или се заебаваш, што е тоа? анархија, безредие, кој кого сака утепува..е не оди тоа така, ако е така кој ќе спречи да и самиот не бидеш убиен, опљачкан и .. Затоа се организира општество, држава.
Логиката ти е....:tapp:
Баш затоа што е само овој живот се трудиме да го одживееме поквалитетно и поисполнето..без манијачења..

Јас ќе ти го поставам ова прашање: Зашто да веруваш во општеството и државата, ако и тие се создадени од човекот, и тие служат за контрола и понекогаш за манипулација, од каде знаеш дека тоа е правилниот начин за живеење?
 
Тука не станува збор за верување......тие се потреба за регулирање на меѓучовечките односи.
Туку размисли малку па ќе видиш дека и религијата е измислена (настанала) од истите причини..само што времето ја прегази па државата добила на значење.
 
Имам размислувано многу.
Кога тоа државата ја прегазила религијата, државните уредувања, законите, правилата се тоа потекнува од религијата.
Ова го имам напишано-на западната цивилизација корените и се од христијанството. Погледни ги државите кои се атеистички по уредување....им се заканува бела смрт, кои се тие меѓучовечки односи, без духовен живот едноставно нема живот.
 
Цело време проповедате: „Кој не е со нас, против нас е“. Атеист ви е синоним за потенцијален убица, педофил, дилер и макро што не ги почитува сообраќајните правила. Има време и они да се покајат и да веруваат, а ако не право во пекол додека вие набљудувате од рајот со „I told you so“ насмевка.

Кога не гледате колку се косат вашите ставови со самата религија што ја проповедате. Но Христијанството е засновано на егоизам, кривица и страв, па нема потреба од чудење.
 
Како прво и основно некожам јас да проповедам, не сум свештено лице туку сум верник. Па бидејќи сум верник верувам тие што прават зло, дали се атеисти, сатанисти или верници што го отфрлиле господ а не се покајат( знам ова ќе биде погрешно сватено но во ред е )
ќе одат во пеколот по смртта.
Никој со сила не ве тера да станете дел од било која религија, овде дискутираме на различни гледишта на животот и чисто посочувам на фактот дека има се помалку верници а се полош е светов.
Вие сватете како сакате, на крајот на краиштата не размислуваме сите исто.

p.s.
Незнам зашто си ме цитирал кога тоа што си го напишал нема врска со тоа во цитатот.:uvo:
 
Како прво и основно некожам јас да проповедам, не сум свештено лице туку сум верник. Па бидејќи сум верник верувам тие што прават зло, дали се атеисти, сатанисти или верници што го отфрлиле господ а не се покајат ( знам ова ќе биде погрешно сватено но во ред е ) ќе одат во пеколот по смртта.

А тие атеисти што не прават зло каде ќе одат? Или самото неверување во Бог претставува злодело?
 
Имам размислувано многу.
Кога тоа државата ја прегазила религијата, државните уредувања, законите, правилата се тоа потекнува од религијата.
Ова го имам напишано-на западната цивилизација корените и се од христијанството. Погледни ги државите кои се атеистички по уредување....им се заканува бела смрт, кои се тие меѓучовечки односи, без духовен живот едноставно нема живот.
Бела смрт....атеистичка творба...ајде бе...не е место за неа овде да се дискутира.
Атеистичка држава- Кина, вештачки предизвикува бела смрт поради опстанок..инаку тешка војна за храна и простор ќе направи
Духовен живот..па не е само религијата тоа, каде спаѓаат: литературата, филмот, музиката....
Атеистите се причина за сите зла, уште едно просеру...е, Свештенството на СПС што се ..атеисти???? ја знаеме нивната улога последниве 20 години (го благословија Караџиќ, Младиќ, Аркан...спроведуваат негирање на народи држави, цркви...)
ГПЦ...активно учествувала во прогонот на македонското население од Е. Македонија, и во поново време јавно повикува на уништување на нашата држава.
 
Zarem nisto ne razbra do sega. GPC, SPC i ostanatite xPC ne se prava vera. Samo koga x=M odis vo rajot.
 
short1 напиша:
Браво!!! Вистина е дека такво понашање е тоа што прави одбивност кон христијанството. Штета, можело да биде многу повеќе него ли што е.

Христијаните не се одбивни за атеистите (но и за нехриситијнаните) не поради нивното „понашање„ туку пради ова: „...моите ученици не се од овој свет.....да беа од светот, светот ќе ги сакаше...ќе бидете намразени од сите , заради Моето име...„ вели Христос. Па така, одбојноста која луѓето ја имаат кон христијнаите, не е поради христијаните сами по себе, туку поради Оној кој стои зад нив-Самиот Христос Бог, Кого не го примија и кога беше видлив па зашто би Го примиле сега, кога е воскреснат и седи оддесно на Отецот.

А тоа што некој видел како се однесуваат „христијаните„ во САД, таквото однесување, еден современ руски богослов го опишува на следниот начин: христијанското однесување во САД е само дел од комодитетот од американските христијани, кои се “христијани„ само во недела, во нивниот помесен храм ,а надвор од храмот го тераат својот световен живот.
Е па , толку од нивната христијанска „супериорност„ и „ексклузивност“ во однос на световните луѓе.
 
Христијаните не се одбивни за атеистите (но и за нехриситијнаните) не поради нивното „понашање„ туку пради ова: „...моите ученици не се од овој свет.....да беа од светот, светот ќе ги сакаше...ќе бидете намразени од сите , заради Моето име...„ вели Христос. Па така, одбојноста која луѓето ја имаат кон христијнаите, не е поради христијаните сами по себе, туку поради Оној кој стои зад нив-Самиот Христос Бог, Кого не го примија и кога беше видлив па зашто би Го примиле сега, кога е воскреснат и седи оддесно на Отецот.

сега дури и знаеш зошто сте одбивни? Ајде де......твоето понашање на форумов е баш она што е одбивно за оние што се атеисти и за оние што ја оставиле христијанската вера. Можат да зборат само тие од искуство, ја сум една од нив. Ти, not really.....

may the Goddess be with you :baeh:
 
А насловот да не е малку грешка пишан ?

Да не требда да биде “Живееме во неморален свет “..
 
И што кога живееме во безбожен свет? На кој му фали нешто - го заебале, на тие што не им фали ништо - ништо не им фали!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom