Сите религии проповедаат бесмртност на душата. Но, за разлика од хиндуизмот кој вели дека една душа може да се роди повеќе пати во повеќе различни тела, монотеистичките религии каква што е и Исламот учат дека душата има една и само една шанса да помине живот во човечко тело. Според тоа, хиндуизмот им дава на своите следбеници можност за постепена еволуција на дуѓата, и по стотина инкарнации, да го достигне нивото на божественото. Исламот вели дека, за да и се остави на душата отворен истиот пат, неопходно е во овој еден живот да се прифати Алах како врховен и единствен бог.
Има еден интересен хадит (верски текст кој не е дел од Куранот) за Исус. Во Новиот Завет е спомнато дека Исус го вратил умрениот Лазар во живор, и за една девојка исто така. Муслиманите имаат повеќе слични приказни, според муслиманските преданија Исус можел кого сака од мртвите да го врати во живот. Една таква приказна е:
Кога Исус поминувал покрај едни гробишта, му рекол на едн од гробовите: Стани!. Човекот станал од мртвите , извикал “Ла Иллала ли Аллах (нема друг Господ освен Алах)“ и повторно паднал мртов.
Како и во секоја приказна, тука е најбитно наравоучението. Во случајот, се работи за човек кој умрел како неверник. Кога Исус го вратил во живот, макар да тоа и да било само за една минута, човекот ја употребил таа една минута да го стори најважното што еден човек може да го стори: да го прифати Бога како едне и единствен - со други зборови, да биде муслиман. На тој начин, краткотрјно воскреснатиот човек умрел, но овјпат како муслиман, и со тоа си ја отворил можноста за мир на дужата во целиот периоод на вечноста, во споредба со кој живото на земјата е помалку од еден миг.