Дали би одбрале вечен живот?

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

Dali bi odbrale vecen zivot?

  • Da

    Гласови: 169 43,3%
  • Ne

    Гласови: 221 56,7%

  • Вкупно гласачи
    390
Токму така...нови инкарнации носат нови искуства, дали одбираме краток живот не се знае...можеби само тие што се привилегирани(издигнати и кои се ослободиле од стегите на кармата)можат да бираат, но како и да е новите искуства се секогаш добредојдени...:smir:
Инкарнацијата не е нов живот.Тоа е нефункционирање на едното тело па затоа сме приморани својата свесност да ја преместиме во друго тело.Ние сакале или не сме вечни и за секогаш ќе бидеме.
 
Би одбрал вечен живот......па каков сака нека биде.
 
Инкарнацијата не е нов живот.Тоа е нефункционирање на едното тело па затоа сме приморани својата свесност да ја преместиме во друго тело.Ние сакале или не сме вечни и за секогаш ќе бидеме.

Точно, се согласувам, ние сме вечни и ќе бидеме и свеста се прафрлува во наредното тело, но е скриена и не можеме да се сетиме како било и што било претходно, оправдано, иначе можеби не би се чувствувале како нови и освежени и воодушевени од новите возбуди и авантури.
 
Не би одбрал. Затоа ми е убав животот. Знам дека порано или подоцна ќе заврши. Тоа е убавото. Ако живеам вечно, која е поентата? Не би го ценел животот и секој момент толку многу. Инаку не верувам во инкарнација и такви ствари.
 
Секое створение сака да живее вечно и пајак и мравка и маче и куче, и луѓето секој да е до него нит би се разболел нит би остарел нит би умрел, ама не е до него!
 
Тогаш зошто се самоубиваат? Јас мислам дека не секој секогаш сака да живее вечно, но секој сака да живее среќно и весело. Само сега кој како го тера нагонот да си го обликува животот. И да, се согласувам дека не е баш до суштеството што ќе биде со него.
 
Би сакал да умрам кога би ми дошло времето за тоа, но ако има задгробен живот после тоа.
Такво нешто мислам дека нема, така да сакам да сум вечен!:toe:
 
Неќам,оти тогаш би станал нешто налик вирус...ниту живо,ниту мртво.
 
Тогаш зошто се самоубиваат? Јас мислам дека не секој секогаш сака да живее вечно, но секој сака да живее среќно и весело. Само сега кој како го тера нагонот да си го обликува животот. И да, се согласувам дека не е баш до суштеството што ќе биде со него.

Се самоубиваат не дека не сакаат да живеат, туку дека не сакаат да живеат така како што мораат, па од две зла го одбираат помалото, инаку кога би им било се по волја никој не би сакал да се самоубие.
 
Секако дека би одбрал. Не е исто да си минлива единка во универзумот и да останеш вечно, да видиш се што ќе се случи, а да знаеш дека другите нема да ја имаат таа можност. : )
 
Ќе видш се.Ќе знаеш се.Нема да бидес само „минлива единка“ и ќе гледаш како светот се менува, а ти ке останеш.Една единка која вечно ќе треба да се прилагодува на својата околина.Многу веројатно некој кој го прошетал цел свет и се стекнал со огромно знаење.И после? После неколку стотици години ќе ти се здосади, ќе ги знаеш сите работи ќе ги видиш сите места, ќе ги научиш маните на луѓето, едноставно нема да има веќе сто да дознаваш. А ако немаш ништо за дознавање и истражување, што ке ти е животот? Дали фактот дека ќе имаш можност да висиш се што ќе се случува во иднина ќе ти биде доволен да го продолжиш својот живот денес? Нели мислиш дека ќе ти се здосадаи од секогаш истите финти со луѓе во суштина исти, водејќи ги истите разговори по кој знае кон пат и уживање во секогаш истите работи?И да пробаш да направиш се вечноста е многу долга ќе иамш време за се. И што се случува откако ќе направиш се? Ништо. конечно ќе сватш дека убавината на животот е во тоа што не трае вечно. И џабе ти е вечност кога нема со да правиш со неа.
 
Зошто тогаш плачете кога ќе умре некој?
 
А кој вика дека ќе научиш се за луѓето? Човекото психа секојдневно еволуира, победуваме стравови, создаваме нови стравови, комплекси. Од невини личности се трансформираме во злобни.
Еволуираме физички. Не сакаш да видиш како ќе изгледаат луѓето во 3000 година?
Никогаш, ама баш никогаш нема да знаеме се. Мислиш еден доктор со 50 години искуство знае се? Еден ел. инжињер со големо искуство знае се во врска со техниката? - Нормално дека не, така и ние нема да знаеме никогаш се, па дури и бесмртни да сме.
А за тоа дали само да го видиме светот после многу години е причина за бесмртност, ќе одговорам дека е. Секој од нас сака да го види светот после многу години. Ма не после многу години, многумина сакаат да присуствуваат и на крајот на светот, или на универзумот.
 
Која е целта да живеам вечен живот а да бидам мизерна и несреќна поради смртта на сите кои ми значат во животот?? Во текот на сите години, ти би создавал нови врски да, но сите тие еден ден ќе изумрат, а чувството е неподносливо. Подобро да одживеам просечен живот со среќа отколку вечен со мизерија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom