Никогаш вечен живот. Никогаш не би сакал да гледам како се околу мене снемува, се менува, умира, се раѓа, се развива, а јас секогаш да бидам тука и да ги гледам сите промени, а само јас да останам ист. Како би ми било мене ако изберам вечен живот, и си ги надживеам децата, внуците, и останато поколение...Па најболно нешто е да си го надживееш детето...Втора причина поради која не би сакал вечен живот е тоа што јас сум роден сега во ова време, во ова време живеам и во ова време сакам да умрам. Па да им го оставиме светот на оние кои доаѓаат после нас...
А и кој ми гарантира дека од така долг живот нема да ми се здосади?!