Во очите на повеќето луѓе вистината подразбира она што тие сакаат да го чујат, а не она што навистина е. Што значи не, луѓето не ја сакаат вистинската вистина. Помило им е да чујат нешто што ќе им импонира и ќе им оди во прилог. Затоа толку многу меѓу нас се служат со „бели“ лаги.
Кога ќе те праша другарка ти: „Мислиш сум здебелена?“ имаш 3 опции:
-Да, здебелена си. (ако стварно е)
Тогаш ти си бесчувствително суштество, невнимателна си и не се грижиш за нејзините чувства. Сакаш да ја повредиш зошто знаеш дека тоа и е слаба точка и си кажала така за да и наштетиш. Не си права другарка.
-Не, баш ми изгледаш ослабено. (а лажеш)
Е сега си права другарка. Така треба да одговараат другарките. Ти се грижиш за неа и ја сакаш. А она е слаба ко Твиги.
-Не, баш ми изгледаш ослабено. *а по извесно време те стегнала совест и си решила добронамерно да признаеш* Не, те лажев. Стварно си набацила некое килце.
Сега си и најголем душман, зошто освен што и го викаш тоа само за да и наштетиш, претходно си се обидела да ја излажеш. Не си и веќе другарка, она бара искреност, како си смеела да лажеш, и не, не е дебела, се мерела (на вагата што и наместена на 4 кила поназад).
Кај да им го најдеш крајот. Ни да лажеш, ни да кажеш вистина. Ова беше најпрост пример, замислете колку сериозна би била работата во некоја покомплицирана ситуациа.:jaj: