Ако ги прашаш, 90% ќе кажат дека сакаат искреност. Ама кога ќе им кажеш искрено што мислиш за нив, одма се лутат. Е ај сеа...па нели пред малку кажаа дека сакаат искреност?!
Џабе зборат, вистината е мн. поразлична. Сите се прават добри, фини, љубезни, луѓе што ценат искреност...ама тоа како да е само некоја нивна маска. Се согласувам со Crazy in love, очигледно мислат дека искреност е тоа што тие сакаат да го слушнат.
Јас лично ценам искреност, но и секогаш сакам да ми ја кажуваат вистината, т.е. тоа што луѓето го мислат за мене или за некоја моја постапка. И не се навредувам, туку напротив, примам критики и размислувам за тоа...доколку сфаќам дека имале право, се трудам тоа да го променам... А како луѓето ќе ја прифатат вистината т.е. моето мислење... не знам...а и не ме интересира мн.мн. освен ако не се работи за некои личности што ги сакам и мн.ми значат. Сметам дека подобро е да се биде искрен и да им се каже вистината, отколку потоа да се зборува зад грб...зашто така повеќе боли!