Се сеќавам на мојата прва успешна медитација..
Ги спуштив сосема завесите, седнав удобно на креветот.
Долго, предолго никако не можев да си ги смирам мислите, ко и секогаш.
Изгледаше невозможно, сфаќав дека перцепцијата и на најмалото нешто што се случува е мисла!
Сепак се мачев, се гњавев. Имав слободно време попладнето, а и инатот ми е јака страна.
Одеднаж тензијата, нервозата и мислите ме олабавија, и почувствував ненадеен наплив на мир.
Малку по малку, капка по капка, мир.
И под затворените очни капаци видов светлина како одозгора доаѓа кон моето теме, со чудно чувство дека влезе внатре.
Ме фати страв па ги отворив очите.
Но оттогаш, дефинитивно се снаоѓам полесно...