Зависи како се заклучува возилото. Тие ги викаат топови или шок апарачиња, и ако имате заклучување како на Лада, 101 (со оние нагоре-надолу шипчињата што се наоѓаат покрај прозорците) на нив само се виксира моторчето и на доаѓање на струја има доволно сила да го задвижи нагоре или надолу. Малку позаебано е пуштањето кабли (особено ако нема дупки на вратата и стубовите па треба да е бушат), и фиксирањето на моторот.
Но оди да те видам намести централна на Форд.... Низ Битола има 6-7 мајстори, доколку нема фабрички никој не се нафаќа да ги монтира (т.е. кај нив преносот е со сајла, и можноста моторот да пролизга по сајлата е невероватно голема, на 15-20 заклучувања пролизгува) освен еден кој вика имам цака како да ги наместам... Менувам брави комплет ама цената е двојна во споредба со обичните. (фабричките имаат мотор на брава монтиран).