И јас сеуште не видов аргументи од соларните членови.
Ако, барем мило ми е што гледам рационални и свесни мислења од повеќето форумџии.
Само да му одговорам на заблудата на “моќниот“ погоре, другарче сфати дека СДС нема да го менува само БЈРМ туку УСТАВНОТО,зашто?
Затоа што Грците компромисот го гледаат исклучиво во промена на Уставното име и бришење на македонскиот идентитет.
Впрочем тоа јасно стана кога не блокираа во НАТО.
Не го прифатија ниту последниот предлог на Нимиц.
Не е можен друг начин за решавање на овој проблем во наредните 6 месеци.
НЕ СМЕЕ ДА СЕ СЛУЧИ ТАКОВ КОМПРОМИС, А СЕКОЕ ЗАЛАЖУВАЊЕ ДЕКА МОЖЕМЕ ДА ГО ЗАЧУВАМЕ УСТАВНОТО ИМЕ И СИОТ МАКЕДОНСКИ ПРЕДЗНАК И ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО НАТО ВО НАРЕДНИ
6 МЕСЕЦИ Е
ЛАГА!
Она што ни преостанува е да го задржиме курсот кон економскиот развој, бидејќи ништо друго не ветува поголема сигурност и заеднички интерес на сите луѓе во Македонија.
Да се бориме за безвизен режим и да бидеме настојчиви во сета борба за која е неопходно национално единство.
Така никој неможе да не скрши.
И мора да останеме трпеливи и отпорни кон сите искушенија.
А ако било пишано пак со пролевање крв да се обидат да не уништат ( бидејќи реално само тоа им останува ) треба храбро и достоинствено да им одговориме. Не смееме цел живот да бегаме, да се криеме и клечиме.
Џабе му е. Кај нас треба да се објават дневниците на Борисав Јовиќ, претпоследниот претседател на СФРЈ и човек од најблиска доверба на Милошевиќ. Каде тој јасно и отворено коажува за неговите разаговори со едноокиот и со другата клапа околу него и нивните ставови. Јасно и недвосмислено чоеков ги објаснува ставовите на Македонското водство.
Ако си во можност отвори нова тема за тоа и сподели ги дневниците со нас.
Треба се да се отвори и знае.