Ne го сакам овој човек но ова ме изнасмеа
Банана
Се гледа дека Рада не е домаќинка, и не оди по пазари. Да одеше немаше да и увалат знак, лого од фирма за банани, за знак на нејзината коалиција
Се промовираа програмите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Не можам да речам на двете најголеми партии, затоа што долго време СДСМ е под рејтингот на ДУИ.
Груевски, како успешниот шеф на Мајкрософт Бил Гејтс, настапи еволутивно. Без радикални потези. Добро му оди, па затоа на програмата од 100 чекори направи само надградба. Продолжување на процесот - поголеми плати кај сто илјади државни и јавни службеници, продолжение на зголемување на пензиите, пари за здравство, образование и, особено, за земјоделие во деценија кога Светот очекува највисоки цени на храната. НАТО се подразбира.
За разлика од Груевски, Рада тргна радикално. Прво, ги зема под чадор баксузите како Стојан Андов и грчките сватови Оровчанец и Тито Петковски. Коалициониот отпад на ВМРО за СДСМ е премија! Не чекаа отпадот да ферментира, го грабнаа како гладна кокошка стар леб фрлен на буниште. Оваа заебанција со спас на малигните Тито Петковски и Стојан Андов на Рада јавно и ја забележа и нејзините, како нивниот министер, и пратеник, Никола Поповски.
Кога кон овие типови во новокомпонираниот СеДеСе ќе се додаде и рецидивот - насилната битанга Фрчкоски, дијагнозата за СеДеСето е комплетна. Друштво како на сликата - Сплав на медузата, од Жерико.
Рада го смени дури и знакот на коалицијата, промовирајќи назив Сонце. Ни мање ни више. Како у време на фараоните, јеботе. На чело на коалицијата, тајно како секој фараон, стои Прецедникот. Бог Сунца! Амон Ра!
Ај што го избрала фараонскиот симбол за својата коалиција, на Рада и подметнале знак, лого со сонце украдено од фирма што продава банани.
Тоа значи дека ни Рада, ниту врвот на СДСМ, не се домаќини, и не одат на пазар. Да одеа на пазар, сто пати ќе видеа дека знакот на сонцето од нивната коалиција е знак на банана фирмала Доле. Ама, тие не видоа.
Едно е сигурно: какви типови го водат СеДеСето денес, можеа да им увалат било каков знак, освен шетачот од Џони Вокер. Тој го знаат ко свој човек.
На минатите избори СеДеСето промовираше пластични светлечки срциња. Купени од женски пазар. Ги носеа наоколу, светкаа со нив ко дете пред доење.
Сега излегуваат со програма и коалиција означена со знак на банана фирмата Доле. Бананата им е омилена. Секако, банана ко банана, секој си ја прима и доживува на свој начин. Претпоставувам дека секој кандидат на митинзите ќе излегува со банана во раката пред присобраните симпатизери. Тука е опасно да не снема светло, и да испопаѓаат бананите, па секој по темницата да тргне на ќоро да си ја бара својата банана.
После ќе ги изедат бананите. Откако ќе ги издеат, наоколу ќе има купови кори од банани на кои некој од СеДеСето би можел да се лизне. Само да не се лизне Рада. Не заради неа. Она носи ултра скапи кондури на кои, од подлизнување, може да им се скрши штикла, па да се напраи штета од бар двеста евра по кондура. Кој ќе ја плати штетата после. Пак народот. Од членарината ќе се плаќа шустерот, да ги поправи скапите кондури на Рада.
Затоа, СеДеСето нема многу да шета по митинзи. Не дека немаат луѓе што ќе дојдат. Повеќе да не се прави штета на кондурите на Рада. Можеби ќе земат автобус. Како што имаше Циле, па ќе се возат низ Македонија. Ако од Циле ја преземаат аграрната програма, некако автобусот сам си се мести.
И Рада, како и Циле, ќе нуди државно земјиште на подарок ако се гласа за нив. Ова е криминал во најава. Не може една партија да дава заедничко, за само таа да има добивка на избори. Плус тоа, кој ќе добие земјиште џабе. Нивните членови. Најпосле, ништо нема џабе. Кога се дава земја џабе многумина ќе дрпаат пари под рака за себе, за да те стават на списокот за добивање џабе.
Се е тоа така. Арно ама, критериумите за крадење во СеДеСето, низ години, целосно атрофирал. Младиве СеДеСеовци више и не разликуваат што е кражба, а што не. Не е само Рада. И локалниот фраер Заев од Струмица е тука.
Дечкото како градоначалник, функционер, купи и фабрика за керамиди во Велес. Неговиот случај финансовата полиција го истражува. Е тој, локалецот Заев, како финале на земјоделците им нуди дека СДСМ ќе им отвори задруги!
А бе дечко, па задругите ги затвори твојот фараон Бранко. На место на задругите се изградија пирамидите на ТАТ, и лажните фраери каков што си ти. Боље заќути дур не си им направил на твоите поголеми штети. Многу нешта од времето на власта на СеДеСеТО чекаат да се вратат од заборав. Земи ја твојата банана, и терај работа.
Пишува: Драган П. ЛАТАС