Добро како не сфаќате дека НИЕ ГО МЕНУВАМЕ ИМЕТО - Ф.И.Р.О.М, а не го менуваме уставното име.Така овие сега прават проблем и сме скарани со цела Европа.Истиот Караманлис истата Грчка Влада беше и кога го добивме кандидатскиот статус за ЕУ, и кога го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација и тогаш немавме проблеми, е сега имаме кога не знаат да водат надворешна политика....
POWER-FIRОМ како не сваќаш дека целата на ХЕЛЕНИТЕ Е МЕНУВАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ!?!? Они бараат да се нема право на користење на придавката МАКЕДОНСКИ, во превод:
- немаш право да користиш МАКЕДОНСКИ НАРОД туку народ кој живее во Република Скопје (Македонија)
- немаш право да користиш МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (што на татариве им одговара) туку јазик кој се говори во Р.С.(М).
- немаш право да користиш МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА туку црквата на Р.С.(М).
- немаш право да користиш POWER-MKD туку POWER-Р.С.(М). (или POWER-FIROM
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
)
- Немаш МАКЕДОНСКА КУЛТУРА, МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗАНТАЦИЈА, ...
Погледни ги во целост (сите точки) предлозите кои ХЕЛЕНИТЕ ги прифатија или пак имаа позитивни ставови (предпоследниот, каде во точките се збори дека ниту една страна нема право да го користи терминот Македонски !!!).
Ако нешто ти земат на сила тогаш секогаш ке се стремиш да си го повратиш, но ако нешто самиот го дадеш тогаш тоа е дадено за секогаш !!! Нашите поколенија 500 години под турско успеаа да го зачуваат Македонскиот идентитет а ние неможеме ниту 20 години да се носиме со тоа.
Имаше една добра која ке се вклопи во контекстот: "На природата и требаа 1 000 000 години од мајмун да направи човек, а на комунистите само 50 од човек да направат мајмун!?!"