Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.498
Доколку на изборите победи „Сонце“, вети Шеќеринска,
Македонија за шест месеца Македонија ќе стане членка на НАТО и ќе добие датум за преговори со ЕУ.
„Онаа група која денеска силно се чука во гради дека го бранела името, таа замина со Букурешт со веќе скршена кичма. Замина во Букурешт без да го одбрани името, замина во Букурешт со согласност да се откаже и од името“, рече Радмила Шеќеринска, лидер на коалиција „Сонце“.
„Отиде во Букурешт без да го заштити името.
Се врати од Букурешт без да ја донесе НАТО поканата.
Е тоа, почитувани пријатели, тоа не е патриотизам. Тоа, почитувани граѓани, е предавство“, вели Шеќеринска.
Политиката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, обвини Шеќеринска, освен изолацијата од надвор, ги проблематизираше повторно и меѓуетничките односи внатре во земјата.
„Кој нема да ги реши, ќе носи историска одговорност за ново-стари сценарија на Република Македонија. Ова е коалицијата која знае да ги реши“, додаде Шеќеринска.
------------------------------------------------------------------------
Македонската позиција околу последниот предлог на медијаторот Нимиц за името е усогласена и зад неа стојат сите политички фактори.
Сите партии застанале зад новата платформа што произлегува од неколкудневните консултации, но никој од државно-владиниот врв нема да изнесува детали кои прво ќе му бидат соопштени на медијаторот.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=90037
Премиерот Груевски ја отфрли можноста, која било политичка партија да решава за промена на уставното име.
„Кога е во прашање уставното име како цена на пазарење за влез во НАТО и ЕУ, не може самостојно да одлучуваат политичките партии, ниту тие што се на власт, ниту заедно со политиката опозиција“, изјавил Груевски во Битола.
„Значи, Република Македонија не е изолирана во даденава ситуација, туку се соочуваме со една фактичка ситуација каде што Грција своето членство во Алијансата сака да го употреби, да не речам злоупотреби, за решавање на еден нејзин билатерален проблем со една земја, во случајот Република Македонија“, додаде Црвенковски.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=89403
„На лажната дилема дали имаше шанса за влез во НАТО веднаш, одговорот е не, затоа што во спротивно прифаќањето на невозможни услови би била безусловна капитулација, губење на македонскиот идентитет, губење на основата за постоење на Република Македонија“, рече Лилјана Поповска, ДОМ.
И поголемиот број на граѓани се за референдум, велат, никој нема право да одлучува во нивно име.
Премиерот, според нашите извори, му замерил на претседателот дека сериозно им наштетил на преговорите со неговите изјави дека Македонија е подготвена да прифати додавка на своето име, иако таа не би го загрозила националниот идентитет.
Претседателот Црвенковски инсистирал дека договореното треба да се потврди во Собранието, односно пратениците да изгласаат декларација за новото името.
Премиерот Груевски, пак, во игра го врати барање за референдум. Тој инсистирал по евентуалниот компромис со Грција, договорот за името да оди на референдум, пред да стане полноважно.
Извори од ВМРО-ДПМНЕ дури тврдат дека доколку бидат надгласани во Собранието и не се прифати идејата за референдум, партијата била подготвена да организира масовни протести
Време
"Не се согласуваме со дефетизмот и губитничката реторика на премиерот Груевски, се вели во соопштението на опозиционата СДСМ. За опозицијата, самитот во Букурешт е златна шанса која Македонија не смее да ја пропушти."- Радмила Шеќеринска
Бранко пред, Бранко потоа:
10.04.2005
Грчкиот претседател Каролјос Папуљас со порака до македонските власти дека наводниот предлог на Метју Нимиц Република Македонија Скопје е добра можност која Македонија треба да ја искористи и со тоа да го поддржи мирот и безбедноста на балканот.
Изјавата на Папуљас за името дојде само неколку часа откако македонскиот претседател Црвенковски најави дека доколку овој предлог навистина дојде од Нимиц истиот ќе биде одбиен.„Нашата опција е единствена, тоа е уставното име или во тој дел презентираниот предлог за нас е неприфатлив“, вели Бранко Црвенковски.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=45203
----------------- Flashback---------------------------------
Мноогуу “одамна“ во Септември 2007 според Глигоровијанскиот календар ( 3 месеци=17 години )... Ел Президенте почна со:
..'мај нејм.. д'нејм оф мај кантри'...
..Што значи, ако се најде формулација со некаков додаток или придавка, која нема да значи уривање на националниот идентитет, туку, можеби, уредување, тогаш мислам дека можеме да ги постигнеме и двете цели: и да ја добиеме поканата и да го зачуваме нашиот национален идентитет.
...така што би можеле да најдеме формулација со додавка или придавкa.
------------------------------------------------------------------------------