господинот НИКОЛА ГРУЕВСКИ Е НАРОДЕН ЧОВЕК доколку некој сака да го оцрни мислам дека тешко че му оди од рака.
ВМРО-ДПМНЕ е партија произлезена од народот(народна партија)
нема член на вмро дпмне а да не е патриот(со исклучок на поединци што залутале) вмровската влада е народна влада.
во изминативе 16-години р.македонија немала ваков премиер визионер и пред се патриот со еден збор правиот човек на право место во право време
Никој не може така да го оцрни Господинот Премиер, колку што самиот тој може да го направи тоа.
За тебе и за сите како тебе едно клипче.
И мало ретро.
Имаме предлог пред самитот на Букурешт, кој гласи Република Македонија (Скопје), таму кај што сме ФИРОМ.
Имаме силно лобирање од страна на Американците (кои воедно беа и нашите најголеми подржувачи), и совет од нив, сериозно да го разгледаме предлогот, во глобала прифатиме, и дадеме сугестии за да можат да излобираат конструктивност кај грците, за конечно да се реши спорот, и Македонија заедно со Хрватска и Албанија, во Букурешт биде поканета во НАТО.
Дома, тотална незаинтересираност од страна на владата. Јавната расправа во државава се сведува на лов на вештерки, со тоа што вмровските квази интелектуалци, делат предавнички етикети, на секој кој се изјаснил дека предлогот е добра база за решение на спорот.
Имаме барање од опозицијата за свикување собраниска седница, на која ќе се разговара за предлогот.
Исто барање имаме и од Претседателот на државата.
Груевски како најповикан во државата за став околу предлогот, "мудро" молчи и глуми црвени линии.
ДПМНЕ првично ја прифаќа седницата, за да потоа се пишмани, наметнувајќи теза дека СДСМ со останатите партии во парламентот ќе ги надгласаат и ќе го продадат името, што е жив пример за популизам и квазипатриотизам.
Неусогласен ниту со Претседателот на државата ниту пак со Собранието, Премиерот тивко го отфрла предлогот, и "со Господ напред" оди на самитот во Букурешт, со што за Македонија дава слика на несериозна држава.
На самитот во Букурешт, Груевски ја увидува неговата несериозност и незрелост, па го прифаќа последниот предлог на Нимиц, Република Македонија (Скопје), притоа мислејќи дека во 12:05, некој таму ќе го свати сериозно.
Окуражени од несериозноста на човекот кој ни ја води државата и растоварени од секакви притисоци, грците за време на самитот подбивајќи се со неговата глупост, му нудат да прифати Република Скопје (Македонија).
Сакајќи во очите на јавноста да остане неговиот мит за непопустливост и патриотизам, Груевски продолжува да бара државни непријатели и рушачи на позиции, притоа сокрвивајќи дека лично тој во Букурешт самиот себе си ја срушил позицијата.
Има ли уште некој кој верува во вмровските патки и приказни за црвени линии ?
Не сум во Македонија и неможам да гледам. Но бев директен сведок пред Собрание кога Бранко го иницираше гласањето за прифаќање на Р.М-С
Емисијата ја имаш на youtube.com
И мноогу добро ми се познати ставовите и дејствувањата пред и после Букурешт.
Најверојатно не ти се, штом тврдиш дека со финта нема да изгласаме на референдум, Груевски ќе ги заебел грците, Американците, и цела меѓународна заедница.
А би те замолил, во кој дел од текстот ти наиде на “перење“ и што од тоа што го напишав го оспоруваш ???
Во овој:
И тоа откако би ја добиле поканата за НАТО.
И немој мене да ми се обраќаш со “вашите“ со цел да си го отсликаш имагинарниот политички опонент па ќе мелеш во празно.
А тоа ексклузивно право на обраќање го имаш само ти ?
Немој само популистички манипулации да користиш против мене, туку дискутирај чесно.
Најчесно и најодговорно тврдам, дека Груевски и ДПМНЕ(чии ставови ти ги браниш), со популизам и квазипатриотизам, веќе подолго време ја манипулираат јавноста.
Всушност за тоа и пишувам.