Падна митот за "патриотизмот" на Премиерот

Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Доблест на еден човек е кога ќе си ги признае грешките што ги направил.
За intel: не е доволно само да се признаат грешките; потребно е човек да се учи од нив.

- Во 1998 не требаше многу за да види некој каде ќе оди државата раководена со клептократите на Љубчо. Лесно е да се даваат оценки потоа, но, сите индикации беа на располагање - за оние што сакаа да ги видат;
- Ветувањето за милијардата на Циле беше од ист карактер како и денешното ветување на Илинка за безвизно патување по шест месеци - ако таа биде министерка, разбира се;
- Предизборното ветување на Црвенковски од 2002 “не коалицираме со Али Ахмети“ беше многу проѕирна лага - доколку некој сакаше да го види тоа.

Те држам за збор: немој да дозволиш по неколку месеци да има анкета на форумов: какво име предлагате за intel?

А) АМД
Б) Моторола
В) ИБМ
Г) ...
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Киро глигоров си кажа многу јасно дека Он, заедно со сите други Макдонци се СЛОВЕНИ. И тоа истакна јасно дека немаме везе со Античките Македонци и Александар Македонски!
- Тоа денеска Грците многу вешто го користат во борбата со нас. Ама џабе им е бидејки денеска политички сме појаки, а на власт не се Киро и Компанија!

Груевски на прашањето одговори: Ние сме мешавина од ГЕНИТЕ! на сите народи кои живееле во Македонија ПРЕД и ПОСЛЕ Античките Македонци (земајќи ги и нив во збирот).
Ако не го гледаш штосот во одговорот негов а воедно и позицијата во која се наоѓа нашата држава моментално, тогаш одиш со глава во ѕид и очајно застапуваш анти-груевска кампања.
Само да напоментам дека пред нас стои еден помодерен проблем, а тоа е геноцидот врз Македонците кој сеуште не е решен..а не па да зборам за докажување на антиката во вакви политичко-турбулентни времиња на балканов.
Ќе дојде и тој ден кога ние во светот ке бидеме препознаени и признати како директни наследници на античките Македонци само ако продолжи оваа стратегија и политика на издигнување на нашите археолошки и историски факти. Последен пример е каменот од розета, што ако пратите вести а и јас добро ваљда сум разбрал доби позитивни сигнали од Москва. Изјавите од таму дојдоа во стилот дека словените дошле од ЈУГ кон СЕВЕР и дека Грција го Краде Македонскиот идентитет и култура.
Не е анти-груевска кампања,фактот дека ние ја имаме “Географската Историја“ на наша страна е решение за сите проблеми,токму на тоа треба да се држи секој наш политичар како пијан за ограда и во секоја прилика да потенцира дека секој што е роден на територијата која географски се нарекува Македонија го има ексклузивнотото право да се нарекува Македонец,се разбира доколку тоа е негова желба.Нема што некому да се објаснува мешавина на гени,дрн,дрн,дрн,затоа што секој знае дека ни една нација во светот не е генетски чиста како што била пред 2-3 000 години таа која живеела на денешната нејзина територија.Впрочем генетски чисти Македонци или Грци немало ни тогаш како што немало ни Персијанци,Египќани или Евреи.Тоа не било возможно уште откако човекот започнал да се размножува.Секој малку реален човек тоа го разбира како факт па затоа велиме дека географијата е најдобро оружје за борба против Маџирите.:toe:
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339

Прв пат нешто добро напиша.
Само чекај малце, географската териротија македонија, хмм поголем дел од тоа паѓа во днешна Грција?? Или да излези премиерот и да речи дека грците ни го зеле тоа??? Па да му докажи дека имам тер. претензии ??
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Падна митот за Македонизмот на Премиерот. Имено во синоќешната емисија на полтрончето Миленко, "доцновечерашно шоу" на канал5,
во која гостин беше Никола Груевски, на прашањето од гледачка "дали Премиерот се осеќа како потомок на Александар Македонски,
Премиерот прво одговори не, а потоа додаде, "ние сме мешавина на сите народи што живееле тука". Се наметнува прашањето дали некој неуспешно глуми патриотизам, па би сакал малку да прокоментираме во таа насока и би сакал да слушнам мислења од оние што до вчера се колнеа во Македонизмот и "патриотизмот" на Никола Груевски.

За оние кои не ја гледале синоќешната емисија, во текот на денот
ќе се потрудам да обезбедам линк.

Втора работа за која би сакал да подискутираме е фамозната црвена линија на Никола, во врска со прашањето за името. Цврстиот став на Премиерот од пред некој месец (името Република Македонија за внатрешна и надворешна употреба), во последно време почна да ретерира во "за името може да се договараме" но јазикот и националноста се црвената линија, што е и ист став на сите поголеми
политички партии во државата. Е сега се прашувам, дали Премиерот конечно ја согледа РЕАЛНОСТА, и почна полека да ја подместува црвената линија, дали доколку тој победи на изборите, треба да очекуваме промена на името во горна, долна, нова или незнам каква Македонија, и која е вистинската црвена линија до која може да оди неговата фамозна и тенка црвена линија.
Па ништо чудно што така конфузно одговара премиерот, во ситуации кога нема ПР текстови до него Груевски е навистина искрен, односно тресе зелени онака шампионски :tapp:
 
Член од
13 мај 2008
Мислења
96
Поени од реакции
2
premierot vo nitu edna situacija ne odgovori konfuzno!
konfuzno e da se odgovori nesto sto ne se znae dali e taka ili ne!
vo sekoj slucaj premierot dade odmeren fin odgovor na prasanjeto, a sepak mislam deka ste site vo zabluda zaradi toa sto milenko prasanjeto go postavi dali premierot se oseka kako aleksandar makedonski-kako vladetel!
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
Прво, сосема е грешен наслоот на темава... будејќи на човекот му се лепи етикета дека се откажал од патриотизмот!! А не бива така...!!!

Имено... мислам дека во овој клип е делот каде што груевки го одговара прашањето на Миленко кое создаде ваква фурија околу неговиот патриотизам.. а и да не е, желбите и идеите кои ги кажува ги нема кажано ниту еден премиер во Македонија ... !

Доколку тоа не е на овој клип, тогаш лесно ќе се најде на другите делови.

Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
ТРН, ми се повраќа од клипов, Лелеееее гадно...
 
Член од
14 мај 2008
Мислења
203
Поени од реакции
0
Не можам да Ве разберам каде гледате дека Груевски дал неконцизен одговор со што неговиот патриотизам паднал во вода:nenene:
Миленко постави прашање, дали се чувствуваш како Александар Македонски во смисла на водач на македонскиот народ, на што Груевски јасно одговори дека за прашања кои се однесуваат на самиот народ, само народот може да СИ одлучи со која опција се согласува... Значи, доколку се работи за македонските интереси народот сам ќе си одлучи на референдум што треба понатаму да се преземи и како да се однесува државата, односно власта која ја претставува...

Па, другар кај ти виде за паѓање на патриотизмот, или не си разбрал добро или некој така ти рекол да напишиш...
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134

Обично на оние што им кажуваат што да пишуваат, користат таква реторика.

Другар, пробиен си, исто како и твоите три ника. Поздрав
 
Член од
14 мај 2008
Мислења
203
Поени од реакции
0
Обично на оние што им кажуваат што да пишуваат, користат таква реторика.

Другар, пробиен си, исто како и твоите три ника. Поздрав
Безнадежен си, не сакам да се повторувам, но за тебе ќе морам....Кога сакаш нешто да кажеш, напишиш, спомни некои факти, аргументи како треба да биде...
Едноставно заробен си во твоето имагинарно сонце во кое сте заедно со твоите сопартијци кои се дезиориентирани, без идеи и свесни за огромниот пораз кој им претстои...

Па, немој да се плашиш дека во Македонија почна да владее демократија, вистинска власт која единствено води кон подобро утре...
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Безнадежен си, не сакам да се повторувам, но за тебе ќе морам....Кога сакаш нешто да кажеш, напишиш, спомни некои факти, аргументи како треба да биде...
Едноставно заробен си во твоето имагинарно сонце во кое сте заедно со твоите сопартијци кои се дезиориентирани, без идеи и свесни за огромниот пораз кој им претстои...

Па, немој да се плашиш дека во Македонија почна да владее демократија, вистинска власт која единствено води кон подобро утре...
Од демократија со такви ставови кои ти ги претставуваш, кожа ми се ежи.
 
Член од
14 мај 2008
Мислења
203
Поени од реакции
0
Другар, демократија е секој да може да ги искаже своето мислење...Ти го имаш тоа право, но кога се спротиставуваш на нешто НОРМАЛНО би било да се спротиставиш со факти како би ми укажал каде грешам, дека треба да го променам мислењето и слично...

Навистина си безнадежен кога критикуваш, а незнаеш зошто!!!
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Ма немој да бидеш контрадикторен и смешен. Ако демократија е да си го изразам своето сопствено мислење, зошто ми се потребни факти? Ако некој си го искажува своето мислење, а тоа не е во склад со твоето и ти бурно реагираш на тоа и тропаш зелени тогаш ајде да правиме комунизам, една партија, едноумие па тогаш ајде Груевски да го прогласиме и за крал, а името да го смениме во Кралство Македонија па може така одма ќе влеземе во Нато и ЕУ.
Мислам дека твоите констатации смрдат и не крепат вода.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Не можам да Ве разберам каде гледате дека Груевски дал неконцизен одговор со што неговиот патриотизам паднал во вода:nenene:
Миленко постави прашање, дали се чувствуваш како Александар Македонски во смисла на водач на македонскиот народ, на што Груевски јасно одговори дека за прашања кои се однесуваат на самиот народ, само народот може да СИ одлучи со која опција се согласува... Значи, доколку се работи за македонските интереси народот сам ќе си одлучи на референдум што треба понатаму да се преземи и како да се однесува државата, односно власта која ја претставува...

Па, другар кај ти виде за паѓање на патриотизмот, или не си разбрал добро или некој така ти рекол да напишиш...
Цитат од премиерот:

"ние сме мешавина на сите народи што живееле тука"

Поопширно на првата страна од темава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom