PIRRO
Walking away
- Член од
- 25 ноември 2007
- Мислења
- 561
- Поени од реакции
- 7
Првата работа... Ваква изјава дал Николаидис ?...Падна митот за Македонизмот на Премиерот. Имено во синоќешната емисија на полтрончето Миленко, "доцновечерашно шоу" на канал5,
во која гостин беше Никола Груевски, на прашањето од гледачка "дали Премиерот се осеќа како потомок на Александар Македонски,
Премиерот прво одговори не, а потоа додаде, "ние сме мешавина на сите народи што живееле тука". Се наметнува прашањето дали некој неуспешно глуми патриотизам, па би сакал малку да прокоментираме во таа насока и би сакал да слушнам мислења од оние што до вчера се колнеа во Македонизмот и "патриотизмот" на Никола Груевски.
За оние кои не ја гледале синоќешната емисија, во текот на денот
ќе се потрудам да обезбедам линк.
Втора работа за која би сакал да подискутираме е фамозната црвена линија на Никола, во врска со прашањето за името. Цврстиот став на Премиерот од пред некој месец (името Република Македонија за внатрешна и надворешна употреба), во последно време почна да ретерира во "за името може да се договараме" но јазикот и националноста се црвената линија, што е и ист став на сите поголеми
политички партии во државата. Е сега се прашувам, дали Премиерот конечно ја согледа РЕАЛНОСТА, и почна полека да ја подместува црвената линија, дали доколку тој победи на изборите, треба да очекуваме промена на името во горна, долна, нова или незнам каква Македонија, и која е вистинската црвена линија до која може да оди неговата фамозна и тенка црвена линија.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Значи исто како и Глигоров и Груевски се освести... Првиот на времето изјави дека сме словени доселени во 6век претставувајќи го мнозинството, според тогашниот устав македонци и други малцинства а Груевски па помодерен, според рамковниот, ние сме мешавина на сите народи кои живееле тука вклучувајќи ги и словените штом кажал дека не е потомец на Александар... Не мора линк, уште денес или деновиве грците ќе го извадат на youtube како изјавува дека не сме потомци на Александар туку сме мешавина (грци,албанци,срби,бугари и др.)
За второто веќе сум се изјаснил на друга тема... Ќе се договорат со грците за прифатливо име па можно е да има референдум со прашање дали сте за промена на името во "ххх" (со кампања дека таа промена ќе значи интегрирање во НАТО и ЕУ)... Што мислиш колку граѓани ќе ја изразат волјата за промена на името и за интегрирање во НАТО и ЕУ ?... Јас мислам најмалку 60% па Николаидис со своја рака (и солзи во очите) ќе го потпише договорот за промена на името исто како и Лубчо кога го потпиша рамковниот договор мада за малку дамла ќе го удреше во моментот, референдумот за територијалната поделба итн итн...
Се ближи крајот на проектот Македонија,словенска држава на балканот на македонците и другите малцинства...
Македонија-Швајцарија на Балканот, мултиетничка држава е реален проект кој се остварува...