Дали религијата ги лаже луѓето?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Дали религијата ги лаже луѓето? ( причитајго првиот пост пред да гласаш )

  • Вкупно гласачи
    88
Тоа бирањето религија ти е вака :

Одиш на пазар и гледаш кој нуди подобри и поквалитетни патлиџани ( домати , на литературно ) , а тезгаџиите само се дерат и се препукуваат чии домати се ПОВИСТИНСКИ , ПОКВАЛИТЕТНИ и ПОДОБРИ ...

Шо ќе одбереш е твое , мада во поголем процент ти е или наметнато или индиректно посочено ( индиректна сугестија ) ...

јбг.. ја си одбрав тиквички ...
Чекај малку ако религијата е индиректна сугестија од страна на некого, и ако луѓето се раѓаат без никакво знаење тогаш следува прашањето: Kако вие верувате во било што?
Или верувате само на сетилата?
Од каде знаете што е вистина а што е лага?
 
Епа која религија тогаш да ја избере? Ајде која? Нели сите се различни, во спротивно и не би имало повеќе религии. Значи ајде за религиозните-која религија е вистинската? Во која религија би требале ние да веруваме? Баш ме интересира што ќе одговорите?

Изборот на религијата,изборот на она во кое треба да веруваме сами го бираме.Како и за се друго во животот што правиме избор спрема она што на нас ни е најмногу опипливо и тоа што на нас ни најмногу одговара така е и во религијата.
Никој не ми наметнува да јадам круши или банани,сама одбирам кое овошје ќе го заземе местото во омилена храна.Никој не ми наметнува на сила каква блуза да носам или какво кафе да пијам,според мојот вкус ги адаптирам сите потреби.
Исто е и со релегијата,само има една мала разлика што не е ништо опипливо,но сепак веруваш во тоа што тебе ти изгледа нај прифатливо.
Вистинска религија е субјективно како што не постои апсолутна вистина така не постои апсолутно прав избор во она што ќе веруваш.Секогаш има спротивно на тоа учење и убедување.
:smir:
 
Прво и основно твоево излагање не е филозовско гледање на религијата туку твое. Нигде не си објаснила какво е гледиштето на филозофијата на религијата, очекував нешто повеќе но воред ќе се задоволиме и со ова.
За крај.........како може религијата да биде ГОЛЕМАТА лага на човештвото кога постои од кога е создаден човекот. Не е возможно лага да постои толку долго, прво не е логично, второ не е практично возможно.
прво моето мислење го имам оформено токму поради мислењето на филозофијата за религијата, како што пишав долго и широко е неможам се да пишам.Второ според филозофијата монотеистичката религија постои после аристотел.Што значи дека не постои од почетокот на човештвото.А ако зборуваме за многубоштвото, тогаш прочитај во мојот пост зашто луѓето верувале во тоа и ќе сватиш дека немало благе везе дека е така.Не врне зашто богот не казнува, дождот е природна појава.:smir:
 
Зенг , почни вака .. која беше првобитната религија , кое беше првобитното верување .. па од таму додади еволуција на религијата и неколку десетици илади години во верба и доаѓаш до наше време .. едноставно луѓето имаат потреба за религија .. али во неа се нарцисоидни ( барем повеќето) т.е гледаат да се молат да имаат подобар живот или да си го спасат газот и да не одат кај Луци ..
Прво домашно па надвор....не ти кажале така од дома?
Многу порано пред цивилизацијата науката,философијата и религијата кои ги знаема денес биле едно но современиот човек ги разделил и ништо добро од тоа не произлегло.
Ти гледаш лошо во тоа да се моли некој за подобар живот?!
 
Чекај малку ако религијата е индиректна сугестија од страна на некого, и ако луѓето се раѓаат без никакво знаење тогаш следува прашањето: Kако вие верувате во било што?
Или верувате само на сетилата?
Од каде знаете што е вистина а што е лага?

Епа тука влегува , Нео енд Тхе Матрикс .. take the blue pill od the red pill ...

A за вистината и лагата .. имаме ли некој одговор за било што , или само претпоставки ?

Ако ме мене прашуваш, едно е 100% сигурно ... смртта .. друго се е само прашања без одговори ...
 
прво моето мислење го имам оформено токму поради мислењето на филозофијата за религијата, како што пишав долго и широко е неможам се да пишам.Второ според филозофијата монотеистичката религија постои после аристотел.Што значи дека не постои од почетокот на човештвото.А ако зборуваме за многубоштвото, тогаш прочитај во мојот пост зашто луѓето верувале во тоа и ќе сватиш дека немало благе везе дека е така.Не врне зашто богот не казнува, дождот е природна појава.:smir:
Евего моето прашање: Од каде на луѓето идејата дека има нешто горе?
 
Прво домашно па надвор....не ти кажале така од дома?
Многу порано пред цивилизацијата науката,философијата и религијата кои ги знаема денес биле едно но современиот човек ги разделил и ношто добро од тоа не произлегло.
Ти гледаш лошо во тоа да се моли некој за подобар живот?!

Зенг , поентата ми беше од каде е целта на религијата ..

молење + верување = на вечен живот

вечен живот = среќа и задоволство

па од тука

религија = среќа и задоволство

Земи вака , повеќето се молат кога им е најтешко , кога немаат излез , кога ќе се најдат во тесно , значи се молат за себе , за свој спас , за надеж дека кога ќе го напуштат овој свет , повторно ќе постојат . Надеж дека ќе си ги видат повторно мртвите роднини и сакани ..Е од тука потекнува религијата .. Од стравот за загуба .. барем ја така гледам на тоа ..
 
Пак влегов во ваква дискусија.........Am out!:salut:
 
Евего моето прашање: Од каде на луѓето идејата дека има нешто горе?
Ова е старо мислење кое се предава од поколени ена поколение.Било измислено за луѓето да можат да му се обратат на неко кога им е тешко, да молат кога сакаат нешто и да криват некој во стилот Господ не ме сака, кога нешто нема да им успее.А тоа дали е горе, лево дено е субјективна работа.луѓево си нашле филтер кој е до ден денес познат.
 
Евего моето прашање: Од каде на луѓето идејата дека има нешто горе?

Па погледни нагоре...ќе видиш сонце,месечина, ѕвезди..дождот доаѓа одозгора, горе се облаците...и што има чудно да претпоставиле дека има нешто горе. Истовремено тоа што е горе е тешко дофатливо,недостижно, во спој со погоре набројаното ете ти ја причината.
 
Евего моето прашање: Од каде на луѓето идејата дека има нешто горе?

Контра -прашање ..

доколку , речимо,дете како Тарзан израсне , оддалечено од цивилизацијата , ќе верува ли дека постои некој Бог ? Некоја виша сила ?
 
Изборот на религијата,изборот на она во кое треба да веруваме сами го бираме.Како и за се друго во животот што правиме избор спрема она што на нас ни е најмногу опипливо и тоа што на нас ни најмногу одговара така е и во религијата.
Никој не ми наметнува да јадам круши или банани,сама одбирам кое овошје ќе го заземе местото во омилена храна.Никој не ми наметнува на сила каква блуза да носам или какво кафе да пијам,според мојот вкус ги адаптирам сите потреби.
Исто е и со релегијата,само има една мала разлика што не е ништо опипливо,но сепак веруваш во тоа што тебе ти изгледа нај прифатливо.
Вистинска религија е субјективно како што не постои апсолутна вистина така не постои апсолутно прав избор во она што ќе веруваш.Секогаш има спротивно на тоа учење и убедување.
:smir:

Јасно тоа. Секој има право на избор и сам си ја избира сопствената религија меѓутоа во контекс на темава муабетов ми беше ако не е лажна религијата тогаш која е вистинската? Затоа што сите религии се различни епа тогаш која е вистинската?

Ти велиш дека онаа која што тебе ти одговара- Да- но,како што кажа тоа е субјективна вистина. Ама субјективноста не не интересира, се бара објективност. Како што 2+2 се 4 и не можат да бидат 5 така и за религијата.
 
Тука е проблемот,никогаш релегијата нема да ја пресметаме со точен резултат,без разлика дали е хиндуизам,христијанство,будизам...не се пресметува,веруваш или не веруваш,не поднесува калкулации:).
За мене вистинска религија е религијата во која верувам или вистински Бог е оној во кој верувам па макар тоа бил и жив човек меѓу мене:)
 
Те разбирам затоа што и јас размислувам на тој начин т.е. не на тој но на сличен начин. Од субјективен аспект значи. Веруваш во она што го сакаш, во она што ти причинува задоволство и те прави среќен. Еве на пример јас не верувам конкретно во ниту една религија, но верувам во одредени работи од различни религии или не кои мене ми одговараат. Значи со други зборови верувам во што сакам. Но, конкретно не верувам во ниедна религија затоа што ја сметам за измислена, тоа ми беше муабетот :icon_lol::icon_lol:
 
Луѓето сами се лажат, со помош на религијата.
Поготово со верувањето во задгробен живот. Им се живеело на луѓето појќе одошто треба, па измислиле и тоа задгробен, вечен живот.
Абе еден е животот, живејте го со полна пареа, а не да се занимавате со разно разни ситници и глупости, надевајќи се дека еден ден ќе отидете на “подобро место“.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom