-Да, Бог казнува за секое беззаконие кон Неговата волја а не само затоа што некој или некои не верувале во Него. Бог, на пример, ги казнува и оние кои во Него веруваат, за да ги опомене.
-Правото на слободен избор се состои во слободниот избор: да чинам добри или лоши дела.
- Ај посочи, кои се тие лаги кои ги има кажано религијата, и што ТИ ЛИЧНО имаш штета од тие лаги? Како тие лаги ТЕБЕ ти се одразуваат,како ТЕБЕ лично те засегаат, кога е очигледно дека не веруваш? А пошто не веруваш, како можеш да расудиш тека религијата лаже? Што е за тебе вистинито?
Измислени се многу различни нешта кои се нарекуваат „бог“/„господ“ и т н.
Еден од нив е и оној од православието.
За да објаснам што ми е поентата, ќе одберам три нешта кои ги измислиле луѓето ( за будизмот знам многу малку, но ќе гледам на него како да има разлика која е еквивалента на разликата помеѓу православието и муслиманската вера ): господ, алах и буда.
Секој од нив казнува за правење лоши работи.
Како лоша работа, како нанесување зло, за еден од нив, претставува и тоа ако припаѓаш на религијата „од“ останатите богови.
Во речиси секоја религија, вистина претставува она кое неможе да се докаже, т.е. кое не е вистина, а за тебе вистина станува одкако ќе почнеш да веруваш во таа религија.
Го поставувам прашањето:
Како ќе знаеш која религија е онаа вистинската?
Што треба да знаеш за да ја избереш вистинската религија?
Дали детенце од една година, може да избере која е вистинската религија? ( правото за избор на религија ( и правото на избор дали ќе сака да бите религиозен ) го нема детенцето од 1 година, затоа што, покрај многу други работи, детенцето одкако ќе ги слушне сите лаги кажани од оние кои му ја проповедуваат религијата, ќе почне да ги прифача за вистини, и нема да постојат шанси да си докаже дека тие се лаги-ова е слично на перењето мозоци )
Дали навистина имаме право на избор?
Дали можеме да не го одбереме злото?
Ако некоја религија е онаа вистинската, ( и она што го прочитав на прашањето зошто во христијанството децата се крштеваат уште од првата година, дека одпосле можеле да ја сменат религијата ако сакаат... ) и во неа се верува во господ кој навистина го создал човекот, тогаш зошто луѓето не се раѓаат како верници во таа религија на defaul, па одпосле да имаат право на слободен избор, да ја сменат религијата „ако сакаат“?
Мислам дека бев јасен...ако не сум, слободно поставете прашања во врска со тоа што го кажав..
Ако сакаш барем да ме упатиш каде да побарам податоци? Навистина ме интересира.
Побарај нешто во врска со стареењето на ДНА...