Дали религијата ги лаже луѓето?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Дали религијата ги лаже луѓето? ( причитајго првиот пост пред да гласаш )

  • Вкупно гласачи
    88
Тоа што си крстен, незначи и дека некој насила те крстил-би било тежок апсурд ако твоите родители (дали од грижа кон тебе или од рутински однос кон крштевањто, незнам) покажале внимание кон тебе и ти сега, нивната родителска грижа да ја квалификуваш како „насилно„ крштевање. Па нормално, на возраста на која си крстен, јасно е дека не си можел рационално да одлучуваш дали ќе се крстиш или не, но затоа тоа го сториле твоите родители. Плус тоа, крштевањето е само еден ивд неиксористен билет па така, крстениот незначи дека ќе поверува во Бога, незначи дека ќе го одбере православието за своја вера и сл. Крштевањето сепак има потенцијална можност за влез во православната црква. На пример, дел од македонците кои се приклонија кон јеховините сведоци, пошто се крстени, од МПЦ бараат, така да го наречан, „одкрстување„ што е невозможно да се изведе, оти кршевањео е неповратен процес-Црквата не познава „анду„ команда по однос на Светата Тајна крштевање.
 
-
- „набадам„ е исто што и нафрлам, нагаѓам...
- па јас и пред два дена и сега велам дека никој не ги видел, како што имам и напишано дека и атомите и нивните честички се „откриваат„ посредно, преку трагите и „пореметувањата„ во средината низ која поминуваат а не дека некој ги видел , пошто се невидливи и под најјаките миркоскопи, денес позанти.
Зар мора директно да ги видиме, може и тоа ќе биде во непосредна иднина, нормално оставаат траги, а си се запрашал зошто оставаат траги, оставаат траги зошто намерно им е припремен теренот да остават точно пропишана трага, не случајна.
И што се чудиш на нуклеарната физика, па таа е применета во пракса и применетото се однесува точно по теориските пресметки, на крај од краевите и ова што го гледаш на екранот е точно створено по тие од тебе оспорувани сознанија.
 
Не ми е јасно зошто воопшто се обидуваш да објасниш НАУКА на некој што ја доживува како нова ВЕРА. Или се мајтапи или е бесконечно ограничен, а и во двата случаи џабе трошиш енергија.
 
Не ми е јасно зошто воопшто се обидуваш да објасниш НАУКА на некој што ја доживува како нова ВЕРА. Или се мајтапи или е бесконечно ограничен, а и во двата случаи џабе трошиш енергија.

-Науката се занимава со факти
- Философијата се занимава со шпекулации
- Уметноста се занимава со душевно/емотивно дожививање на Вселената
- Верата се заминава со духовни категори и со Творецот

А само еволуцијата е нова ВЕРА.
Се надевам дека е сега малку појасно...
 
Со твој речник

....некогаш и христијанството било нова вера...ништо чудно сега новата да преовладее:toe::vozbud:
 
Да, во денешно време, битно е „нештото„ да е ново, „од најновите (од галичките) е најмалку е битно дали е добро или дали е вистинито...
 
Да, во денешно време, битно е „нештото„ да е ново, „од најновите (од галичките) е најмалку е битно дали е добро или дали е вистинито...

Времето ќе покаже:toe:....а што имаш против галичките, па македонски производ се...купувајте македонско.:vozbud:

А демек христијанството е од праискон...немој со тие работи..како што другите религии пред христијанството давале отпор со сите можни средства да си ја заштитат положбата и привилегиите, така сега и христијанството ја употребува истата тактика...се ширеше во почетокот со пасивен мирен отпор и наметнување се додека не се осили и зема замав, па потоа да сврти друг лист (насилен, немој само онаа излитена фраза..православието не го правело тоа), е сега кога е загрозено (од другите религии и од тоа што догмите му се распаѓаат) а и сеуште е доволно моќно ги користи и двата метода за самозаштита. Сликата на тоа делување ја гледаме секој ден.
 
Природно е православието да се брани, но не со насилни методи, туку само со вистината. Не е излитена фраза, оти милион пати на форумов е посочено чии беа и инквизицијата и гонењето вештерки и освојувањето на Новите светови и робството и етноцидите во Америка и Австралија.
Посочи што тебе, лично и персонално, те има излажано христијанската религија, согласно насловот од темата на форумов?
 
Насловот на темата е религијата а не православието

За тоа зош
то православието нема зулуми од такви размери како католицизмот имаме правено разговор порано...еднаставно не било во можност, таков бил распоредот на силите во историјата.
 
Нека е и така, но тоа не е одговор од твоја страна.
 
Е вака сега..
Прво да кажам дека целово мое излагање ќе биде засновано на филозофијата и гледањето на филозофијата кон религијата.
Религијата,монотеизмот се појавува после многубоштвото.Многубоштвото било објаснување за се она што тогашното човештво неможело објасни, па мислело дека е казнето или наградено од страна на некои кои живеат на небото.Монотеизмот се појавува после аристотел, и се дели на 3 религии.Да била религијата вистинска би била една а не три.Истото е ако се препираме која партија е вистинска.Тогашната религија, според мене се употребувала за собирање пари од народот (не дека денеска не е така).
Да не беше толку касно ќе пишував уште многу ама неможам.Да прејдам на главното.Да, религијата ги лаже луѓето.Ако остаам зејтин во црква ќе идам во рајот? не,попот ќе заштеди пари. Дека ќе бидам казнета со тоа што ќе горам во пеколот, никој не се вратил да каже, и затоа и тоа е според мене лага.Дека Марија затруднела од ветрето? Смешки.Не треба да се докажувам на некој за да можеби од коа ќе умрам идам во рајот.Еве и песнава на радио што оди се вика Еден живот живеам.Не треба да живеам по нечии правила, единствени правила што ги почитувам се тие на државава.
И за жал има некои кои го тврдат спротивното од ова (зборувам за форумов) а во вистинскиот живот се сосема спротивно.И после како да не мислам дека сето тоа е една цела огромна лага на човештвото?
 
Дефинитивно ги лаже луѓето т.е. религијата лаже а луѓето самите си одредуваат дали ќе бидат или нема да бидат излажани. Па ајде ако не нели има повеќе религии? Човекот не се раѓа како религиозно суштество, човекот се раѓа како tabula rasa што значи религијата на некој начин му е наметната или без разлика има право сам да си ја избере кога за тоа ќе дојде време. Епа која религија тогаш да ја избере? Ајде која? Нели сите се различни, во спротивно и не би имало повеќе религии. Значи ајде за религиозните-која религија е вистинската? Во која религија би требале ние да веруваме? Баш ме интересира што ќе одговорите?
 
Тоа бирањето религија ти е вака :

Одиш на пазар и гледаш кој нуди подобри и поквалитетни патлиџани ( домати , на литературно ) , а тезгаџиите само се дерат и се препукуваат чии домати се ПОВИСТИНСКИ , ПОКВАЛИТЕТНИ и ПОДОБРИ ...

Шо ќе одбереш е твое , мада во поголем процент ти е или наметнато или индиректно посочено ( индиректна сугестија ) ...

јбг.. ја си одбрав тиквички ...
 
Прво и основно твоево излагање не е филозовско гледање на религијата туку твое. Нигде не си објаснила какво е гледиштето на филозофијата на религијата, очекував нешто повеќе но воред ќе се задоволиме и со ова.
За крај.........како може религијата да биде ГОЛЕМАТА лага на човештвото кога постои од кога е создаден човекот. Не е возможно лага да постои толку долго, прво не е логично, второ не е практично возможно.
 
Зенг , почни вака .. која беше првобитната религија , кое беше првобитното верување .. па од таму додади еволуција на религијата и неколку десетици илади години во верба и доаѓаш до наше време .. едноставно луѓето имаат потреба за религија .. али во неа се нарцисоидни ( барем повеќето) т.е гледаат да се молат да имаат подобар живот или да си го спасат газот и да не одат кај Луци ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom